Киев: Русија мобилизира уште 60.000 војници


Украинската војска штотуку го објави својот оперативен извештај за 6 часот утринава, тврдејќи дека Русија започнала „скриена мобилизација“ од околу 60.000 војници за да ги надополни единиците по загинатите војници во Украина.

„Вооружените сили на Руската Федерација планираат да ангажираат околу 60.000 луѓе за време на мобилизацијата“, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили.

Официјални лица додадоа дека украинските сили спречиле седум напади на територијата на Доњецк и Луганск во изминатите 24 часа.