Маричиќ и Битиќи на состанок со секторската работна група за конкурентност и иновации


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, одржа координативен онлајн состанок со Секторска работна група за програмирање на Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА) во областа на конкурентност и иновациите за периодот 2021-2027 година. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Маричиќ, […]

Панично купување шеќер во Русија, Кремљ ги повикува Русите да се смират


  Кремљ им порача на Русите да не паничат да купуваат основни производи како што се шеќерот и леќата додека цените растат со рекордна стапка и е забележан недостиг низ целата земја. „Русите немаат апсолутно никаква потреба да трчаат по продавници и да купуваат леќа, шеќерот и тоалетната хартија“, им рече на новинарите во петокот […]

Отворен Центар за развој на технологии во Скопје, се создаваат 300 нови работни места за ИТ инженери


Во Скопје е отворен нов центар за развој на технологии на ИТ компанијата HTEC Group, инвестиција поддржана од Владата. Главниот оперативен директор на компанијата Дејвид Шох најави отворање на 300 нови работни места за инженери, дизајнери и експерти од ИТ индустријата. Шох на денешната прес-конференција рече дека вработените ќе имаат можност да се градат себе […]

Кочо Анѓушев нов претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА)


Македонската енергетска асоцијација (МЕА) на седницата одржана во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија, го избра редовниот професор на Машинскиот факултет, Кочо Анѓушев, за свој нов претседател. – Енергетската асоцијација е постојано работно тело на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за разгледување прашања од областа на енергетиката. МЕА со своето дејствување […]

СЗО: Сè уште е далеку крајот на пандемијата


 Портпаролката на Светската здравствена организација Маргарет Харис денеска изјави дека е далеку крајот на пандемијата со Ковид-19. – Дефинитивно сме на половина пат од пандемијата, истакна Харис. По повеќе од еден месец пад на бројот на инфицирани со коронавирусот, минатата недела е забележан пораст на случаите, како и повторно воведување на карантин во Азија и […]

Од руските бомби умре и најпознатиот украински балетан


  Водечка украинска балетска ѕвезда почина откако беше гранатиран од руските напаѓачи, предизвикувајќи гнев кај едно од најголемите имиња на московскиот театар Бољшој. Артјом Дацишин (43) бил во болница борејќи се за живот речиси три недели. Меѓународно признатата ѕвезда – почесен уметник на Украина – беше ранета во главниот град Киев два дена по почетокот […]

Челси против Реал Мадрид во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони


Актуелниот европски првак Челси против Реал Мадрид е една од четирите четвртфинални двојки во фудбалската Лига на шампиони, кои денеска беа извлечени со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион. Бенфика ќе игра против Ливерпул, Виљареал ќе ги одмери силите со Баерн Минхен, додека Манчестер сити за противник го одби Атлетико Мадрид. Првите четвртфинални натпревари […]

Хавиер Бардем протестираше пред руската амбасада во Мадрид


Шпанскиот актер, Оскаровецот Хавиер Бардем протестираше  пред руската амбасада во Мадрид против воената агресија на Русија врз Украина.  „Тука сум да ја покажам мојата осуда за воените дејствија на Руската Федерација против Украина – инвазијата на Украина“, поралча тој. Oscar-winning Spanish actor Javier Bardem protests in front of the Russian embassy in Madrid: "I am […]

„Малиџано“ – нова премиера во Битолскиот театар


Театарската претстава „Малиџано“ е нов проект, пиеса, работена според текст и документарни материјали на Билјана Крајчевска, која премиерно ќе биде изведена на големата сцена на НУ Народен театар-Битола. Според директорот на Битолскиот театар Иван Јерчиќ, претставата „Малиџано“ е доказ дека се негува македонската драматургија и по подолго време се поставува на сцената на театарот во […]

ЕУ и се заканува на Кина со санкции ако му помогне на Путин


Лидерите на ЕУ поседуваат „многу веродостојни докази“ дека Кина размислува за воена помош за Русија, изјави висок функционер на ЕУ за ПОЛИТИКО, заканувајќи се со потенцијални трговски мерки доколку продолжи испораката на оружје. Тоа следува по сличното предупредување од американските официјални лица претходно оваа недела, дека руската влада побарала од Кина воена опрема и друга […]

Почеток со работа на гасоводот ТАП, најзначајна странска инвестиција во Албанија


Албанскиот претседател, Илир Мета, го поздрави почетокот со работа на трансјадранскиот гасовод, ТАП, оценувајќи го овој проект за најважна странска инвестиција во неговата земја. Гасоводот ТАП, што ги испорача првите барели гас во Италија, според Мета, значително ја зголемува независноста на Европа од рускиот гас. -Го поздравувам почетокот на снабдувањето со природен гас за Западна […]

МАЕ: Десет мерки за брзо намалување на потрошувачката на нафта


Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ) денеска објави мерки за брзо намалување на потрошувачката на нафта. Ова доаѓа во момент кога светот се соочува со последици од руската инвазија на Украина, јави Бета. Русија е голем извозник на енергија. Ситуацијата околу Украина доведе до големи промени во цените на енергијата. МАЕ издвои 10 мерки, што би […]

Руски научници против руските лаги за биолошко оружје во Украина


И покрај големиот ризик за нивната безбедност, 10 руски биолози, вклучително и истражувачи кои останаа во Русија, јавно ја обвинија руската влада дека лаже дека има доказ дека биолошко оружје се развива во украинските лаборатории финансирани од САД. Според биолозите, документите претставени на јавноста минатата недела од руското Министерство за одбрана како наводен доказ за […]

НАСА ја претстави новата ракета “СЛС“ за мисија околу Месечината


Американската Национална вселенско-воздушна агенција НАСА ја претстави својата огромна ракета „СЛС“ што наскоро, најверојатно, ќе биде подготвена за мисија на Месечината. Ракетата е висока 100 метри и, како што се наведува, ќе биде помоќна од леталото „Аполо Сатурн“ од крајот на 1960-тите и почетокот на 70-тите. Ќе има доволно потисна сила, но и простор за […]

МЗ: Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата


Министерството за здравство со поддршка од Светска здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ од понеделник (21 март) почнува со караван за вакцинација против Ковид-19, кој ќе опфати 14 локални заедници низ државата. На секое од овие места, согласно распоредот, граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против Ковид-19. […]

Ангеловска-Бежоска: Не треба да се откажуваме од придобивките од финтек-секторот, постојано да ја јакнеме заштитата против кибернападите


Кибернападите се данокот за брзиот глобален технолошки развој, но поради овие закани, не треба да се занемарат придобивките што ги носи финтек-секторот, туку да се гради систем од страна на банките и нивниот регулатор, којшто соодветно ќе одговори на предизвиците, оценија учесниците на денешната работилница што Народната банка ја организираше со новинарите. Гувернерката на Народната […]

„Луда Мара“ – нов вински бренд во портфолиото на „Тиквеш“


Раководејќи се од стратегијата за креирање „куќа на брендови”, Винарската визба „Тиквеш“ воведува новo бренд име  – „Луда Мара” за вината кои досега ја сочинуваа линијата „Special Selection“. Следејќи ги пазарните трендови кои сѐ почесто ја наметнуваат потребата за дополнително истакнување на врската помеѓу виното, специфичното поднебје и регионот од кој тоа потекнува, ВВ „Тиквеш“ […]

Интервју со Весна Дамјаниќ: Блумберг Адрија е мултиплатформа за бизнисите од целиот регион


  Весна Дамјаниќ е познато ТВ лице, оние кои ги гледале програмите на Радио-телевизија Србија (РТС) ја знаат како исклучителен познавач на економските прилики, како новинар пред кого се отвориле многу познати личности. Во својата кариера има направено над сто емисии во живо и интервјуа со креаторите на економските и политичките текови во Србија и […]

Спасовски: Безбедносната ситуација е стабилна, без никакви индикации за нарушување


Во овој момент безбедносната ситуација е стабилна и мирна, без никакви индикации за нарушување. Ние секогаш имаме предизвици во делот на тероризмот или на миграцијата, што е исто така еден од потенцијалните безбедносни ризици не се само за нас, туку и за сите земји во овој регион и пошироко, истакна денеска министерот за внатрешни работи […]

Амблемите на полицијата нема да бидат двојазични за централните служби и единици


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели согласно Уредбата што неодамна ја донесе Владата двојазични амблеми ќе има само за службите на локално ниво, таму, каде што официјален јазик е и албанскиот. Амблемите, нагласи, нема да бидат двојазични за централните служби и единиците кои се на ниво на држава. -Таму каде што на локално ниво […]