Бектеши: Ако треба ќе донесеме дополнителни мерки за ублажување на цените


На Владата и се на располагање дополнителни автономни мерки и ако утврдиме дека дополнително може да се влијае во делот на ублажување на цените откако ќе се направат потребните анализи ќе бидат донесени, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Бектеши во гостување на ТВ Сител, досега се направени над 1100 контроли […]

Дел од работниците ја напуштија нуклеарката Чернобил, ги заменија доброволци


Украина– Дел од работниците на неоперативната нуклеарна централа Чернобил денеска го напуштија објектот по повеќе од три недели, јави Би Би Си. Вкупно 64 работници заминаа дома, а нив ги заменија 46 доброволци. Околу 200 работници и припадници на Украинската национална гарда беа блокирани во нуклеарната централа од 24 февруари, првиот ден од војната, кога […]

На Канје Вест му е забрането да присуствува на „Греми“


САД– На раперот и милијардер Канје Вест му е забрането да присуствува на Греми наградите, потврди неговиот медиумски претставник, пишува „People“. Одлуката да не се појавува на доделувањето на наградите е донесена поради неговото однесување на Интернет и фактот што неговиот Инстаграм профил неодамна беше суспендиран, поради несоодветни објави. Имено, Канје во средата беше суспендиран […]

Косовската полиција заплени два тона мед од Македонија, возачот на комбито во бегство


Косово – Косовската полиција објави дека денеска околу пладне, во село во близина на косовско-македонската граница, запленила 2.000 килограми мед, кој со возило комби бил илегално внесен од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Според полициското соопштение, патрола на пограничната полиција од станицата во Жегра го забележала сомнителното возило со бела боја во […]

Влезот на Финска во НАТО може да ги зголеми тензиите


Финска– Финскиот претседател Саули Нинисто предупреди дека аплицирањето на неговата земја за членство во НАТО би претставувало „голем ризик“ што може да ги зголеми тензиите во Европа и дека Финска бара начини да ја подобри безбедноста по рускиот напад врз Украина. Тој истакна дека членството во НАТО е една од двете главни алтернативи на Финска […]

Ни брак, ни сватови, а можеби ни веридба


Еди Рама, албанскиот премиер, е специфично колоритен политичар не само за балканските простори, туку и за пошироки европски пространства. Кога неделава шефот на европската дипломатија (надлежен и за безбедноста) Жозеп Борел во Тирана ги повторуваше истите зборови кои ги кажа во Скопје – дека Албанија и Македонија одамна го заслужија отворањето на преговорите со ЕУ […]

Човечки бран на тага: 750.000 луѓе на погребот на ултраортодоксен рабин на Израел


  Масовни толпи денеска ги преполнија улиците на еден израелски град за да присуствуваат на погребот на еден од најистакнатите ултраортодоксни рабини во земјата. Рабинот Хаим Каниевски, кој беше еден од највлијателните учители во верската заедница на Израел, почина во петокот на 94-годишна возраст. Рабинот беше погребан на Бнеи Брак, претежно ултраортодоксниот град во близина […]

Лампард ги загуби сите четири гостувања со Евертон со вкупни 1:14. Ова не се случило од 1956 година


Англија– Евертон го изгуби секој натпревар на гости под водство на Френк Лампард. Екипата од Ливерпул денеска беше поразена со 4:0 од Кристал Палас „Селхурст Парк“ во четвртфиналето на ФА Купот. Претходно, под водство на Лампард, Евертон загуби на гостувањето кај Њукасл (1:3), Саутемптон (0:2) и Тотенхем (0:5). Само двајца менаџери во историјата на клубот ги […]

Нетфликс снима серија за „Ју-ту“


САД- Сценариото на серијата за легендарниот рок бенд U2 е во рана фаза на развој во Нетфликс, потврдија од „Варајати“ . Џ.Ј. Абрамс е вклучен како извршниот продуцент на проектот под неговиот банер на Bad Robot, со писателот на „Bohemian Rhapsody“ Ентони Мекартен за да го напише сценариото.  Ворнер Брос, каде што Bad Robot моментално […]

Нови мерки против Русија доколку употреби хемиско оружје


САД– Русија ќе се соочи со дополнителни мерки од САД доколку употреби хемиско оружје при нападите врз Украина, предупреди денеска американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд. – Русите се тие кои употребувале хемиско оружје и ние сме загрижени дека би можеле да го употребат истото оружје и во Украина. Бевме јасни дека ако ескалираат […]

Зеленски со ново видео: Ќе победиме и ќе бидеме „големи“


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата изјави дека ако неговата земја бeше примена во НАТО, тогаш Русија немаше да ја нападне земјата. „Да бевме членка на НАТО, војната немаше да започне. Би сакал да добијам безбедносни гаранции за мојата земја, за мојот народ“, изјави Зеленски за Фарид Закарија на Си-Ен-Ен, додавајќи дека е благодарен за […]

Од Ковид починаа осум лица, 219 новозаразени од 2.133 тестови


Во последните 24 часа, регистрирани се нови 214 случаи на Ковид-19 од направени 2.133 тестови и 93 оздравени пациенти. Евидентирани се вкупно осум починати, пет лица во последното деноноќие и три преку системот „Мој термин“, информира Министерството за здравство информира, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје.   Од новите 214 случаи, од  […]

Испрограмирани 21,5 милиони евра ИПА помош за патната инфраструктура и безбедност на патиштата


Испрограмирани се 21 500 000 евра ИПА помош за 2022 година кои чекаат одобрување, за подобрување на патната инфраструктура и поголема безбедност на патиштата, напиша во објава на Фејсбук  вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.   Преку ИПА фондовите, истакнува Маричиќ, се реализираат проекти кои се во интерес на граѓаните.   -Процесот на евроинтеграциите е […]

Супермаркети во Белгија ја ограничија продажбата на брашно и масло


Белгија – Синџирите супермаркети „Колорајт“ и „Лидл“ во Белгија ја ограничија продажбата на брашно, масло и конзервиран зеленчук поради големата побарувачка. Додека двете компании напоменуваат дека станува збор за „превентивна мерка“ и дека „нема недостиг“, потрошувачите во „Колорајт“ засега можат да купат најмногу две пакувања од секаков вид масло и брашно, додека во „Лидл“ е ограничена […]

Мики Рурк вели дека војната меѓу Русија и Украина е „кошмарен вид на сценарио“


САД- Актерот и поранешен боксер Мики Рурк зборува за руско-украинската војна, нарекувајќи ја „кошмарен вид на сценарио“ во ексклузивно интервју за Fox News Digital, и истакнува дека се моли на Бога рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на тоа.  „Уживав во Русија“, изјави Рурк за Fox News Digital за посетата на земјата пред четири […]

Доаѓа пролетта


Пролетта ќе почне денеска во 16 часот и 33 минути. Во исто време, на јужната Земјина полутопка почнува есента. Пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 54 минути, односно до 21 јуни 2022 година во 11 часот и 13 минути, кога ќе почне летото. За првиот пролетен ден, што ќе трае 12 часа и […]

Надал по петти пат ќе игра во финалето на Мастерсот во Индијан Велс


САД– Шпанскиот тенисер и 21-кратен Грен слем шампион Рафаел Надал ноќеска го победи Карлос Алкараз со 6:4, 4:6, 6:3 во полуфиналето на Мастерсот во Индијан Велс. Така Надал ја започна сезоната 2022 со 20 победи во низа и се избори за петто финале на престижниот турнир. Воедно, Шпанецот стигна до 53-то финале на турнирите од серијата […]

Питер Селарс за Светскиот ден на театарот: Ова е време за длабоко освежување на нашите умови


Автор на меѓународната порака за Светскиот ден на театарот годинава е американскиот режисер на опера, театар и фестивали, Питер Селарс. – Додека светот во секоја минута и час, виси зависен од храната на дневните медиумски репортажи, смеам ли да ве поканам, како креатор, да влеземе во, за нас соодветниот простор и перспектива на епско време, […]

Досега 10 милиони луѓе ја напуштиле Украина


Швајцарија – Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) Филипо Гранди објави дека досега 10 милиони луѓе ги напуштиле своите домови во Украина, како резултат на руската воена операција, што е повеќе од една четвртина од нејзиното население. – Меѓу одговорностите на оние кои се во војна, насекаде низ светот, е и страдањето на цивилите […]

По повеќе од 20 години во ЗОО – Скопје се родија три лавчиња


Денеска на 20-ти март Денот на среќата, на задоволство на сите граѓани, информираме за убави вести. По повеќе од 20 години во скопската Зоолошката градина се родија три лавчиња. Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска беше на увид во живеалиштето на лавчињата. „Ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошката градина […]