Нетфликс снима серија за „Ју-ту“


САД- Сценариото на серијата за легендарниот рок бенд U2 е во рана фаза на развој во Нетфликс, потврдија од „Варајати“ .

Џ.Ј. Абрамс е вклучен како извршниот продуцент на проектот под неговиот банер на Bad Robot, со писателот на „Bohemian Rhapsody“ Ентони Мекартен за да го напише сценариото.  Ворнер Брос, каде што Bad Robot моментално е под обемен севкупен договор,  исто така, е вклучен. Засега не е јасно колку точно ќе бидат вклучени U2 во проектот.

Точните детали за серијата, се уште се кријат, но во фокусот на серијата ќе биде историјата на бендот.

U2 е еден од најпознатите легендарни бендови во историјата и е рангиран меѓу најпродаваните на сите времиња. Ирската група првпат формирана во 1976 година се состои од членовите Пол „Боно“ Хјусон, Адам Клејтон, Дејвид „The Edge“ Еванс и Лери Мулен Џуниор. Тие имаат издадено 14 студиски албуми до денес и освоиле 22 Греми награди. Тие продолжуваат со турнејата, по последната Joshua Tree Tour во 2019 година.

Мекартен е двапати номиниран за Оскар во категоријата за најдобро адаптирано сценарио – еднаш во 2015 година за биографскиот филм на Стивен Хокинг „Теоријата на сè“ со Еди Редмејн во главната улога и повторно во 2020 година за „Двајцата папа“ со Ентони Хопкинс како папата Бенедикт Шеснаесетти и Џонатан Прајс како папата Франциско.

„Боемска рапсодија“ ја раскажа приказната за рок бендот Квин и водечкиот пејач Фреди Меркјури, кој го игра Рами Малек. Тој филм освои четири Оскари, вклучително и еден за Малек за најдобар актер. Другите заслуги на Мекартен го вклучуваат оскарот за филмот за Винстон Черчил – „Darkest Hour“ со Гери Олдман во главната улога.