ОУ „Иднина“- Скопје со ресурсен центар со креативни работилници се приклучува на одбележувањето на 21 Март


Посебното основно училиште „Иднина“-Скопје кое е трансформирано во Основно училиште со ресурсен центар, преку повеќе активности и работилници се приклучува на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со Даунов синдром и на Денот на пролетта и екологијата – 21 Март. Училиштето одбележува и патронат, односно 50 години од постоењето и вршење на воспитно-образовна дејност со […]

Фриц го освои трофејот на турнирот во Индијан Велс


Американскиот тенисер Тејлор Фриц ноќеска го победи Шпанецот Рафаел Надал со 6:3, 7:6 (7:5) во финалето на турнирот во Индијан Велс. Мечот траеше 2 часа и 5 минути. Американецот направи еден ас сервис и три двојни грешки, а реализираше и четири брејк топки од девет. Шпанецот има два аса и три грешки на вториот сервис, […]

Русија и Украина ги продолжуваат мировните преговори


Се очекува денеска да се сретнат делегациите на Украина и Русија на нова рунда преговори, јави ДПА. Двата преговарачки тима сакаат дискусиите, што ќе се водат преку видео врска, да започнат утрово. Според Михаило Подолјак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски „работните групи од двете страни работат интензивно“. Последните украинско-руски разговори на високо ниво се […]

Моментално мала е надежта за мирно решение во Украина, вели амбасадорката на САД во ОН


Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, изјави дека во моментов мала е надежта дека преговорите би можеле да донесат окончување на војната во Украина. Таа смета дека мали се шансите за пресврт. „Ги поддржавме преговорите што Зеленски се обиде да ги одржи со Русија, велам се обиде затоа што се чини преговорите се еднострани, […]

Во Битолскиот театар премиера на претставата „Малиџано“


На големата театарска сцена „Благој Стефановски-Баге“ во Битола, вечер премиерно ќе биде одиграна претставата „Малиџано“, пиеса работена според текст и документарни материјали на драматургот Билјана Крајчевска. Во „Малиџано“, чиј режисер е Софија Ристевска Петрушева, по прв пат на театарската сцена ќе настапи актерот дебитант Валентин Дамчевски. -За мене „Малиџано“ е претстава во која актерот е […]

 Бајден ќе ја посети Полска, Белата куќа негира планови за посета на Украина


Американскиот претседател Џозеф Бајден в петок ќе отпатува за Полска на разговори со полскиот претседател Анджеј Дуда посветени на украинската криза, соопштои Белата куќа. Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, рече дека Бајден ќе отпатува во Полска за да разговара за „хуманитарната криза и кризата во човековите права создадени од неоправданата, неиспровоцирана војна на Русија […]

Се „кројат“ нови мерки за ублажување на цените


Владата ќе направи анализи и ако утврди дека дополнително може да влијае во делот на ублажување на цените ќе донесе нови мерки во текот на неделава. Веќе се  санкционираат дел од трговците што не ги почитуваат постојните мерки – за ослободување од ДДВ на основните прехранбени производи, и за утврдените маржи. Власта смета дека мерките […]

ЕУ разгледува нови санкции, па и нафтено ембарго кон Москва


Владите на државите-членки на ЕУ ќе ја разгледаат можноста за воведување ембарго на нафта кон Русија поради инвазијата врз Украина. Европските лидери оваа седмица ќе се сретнат со американскиот претседател Џозеф Бајден на серија средби посветени на западните санкции против Москва. ЕУ веќе воведе серија рестриктивни мерки против Москва, вклучително и замрзнување на средствата на […]

Словенечките дипломати се враќаат во Киев


Словенечкиот премиер Јанез Јанша на Твитер објави дека Словенија наскоро ќе ги врати дипломатите во Киев. Јанша синоќа напиша дека дипломатите кои се враќаат се доброволци. „Работиме да ја натераме ЕУ да го стори истото. На Украина и е потребна дипломатска поддршка“, напиша Јанша во објавата. 

Зеленски: Ерусалим е вистинското место за преговори


Украинскиот претседател Володимир Зеленски навести дека преговорите на високо ниво меѓу Москва и Киев може да се одржат во Ерусалим. Зеленски во видео обраќање до граѓаните ги пофали напорите на израелскиот премиер Нафтали Бенет да ја преземе улогата на посредник. Тој изјави дека Израел вложува многу напори за организирање мировни преговори меѓу Русија и Украина. […]

Тргнува карванот за антиковид-вакцинација низ државата


Од денеска почнува карванот за антиковид-вакцинација кој до 3 април ќе помине во 14 општини и населени места: Шуто Оризари, Кратово, Радовиш, Струмица, Ново Село, Скопје (пред Ист гејт мол), Куманово, село Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга. Карванот го организира Министерството за здравство […]

Изложба по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата


Изложба по повод Денот на пролетта и Деновите на екологијата ќе биде отворена денеска во големиот салон на галерија „Ко-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. На изложбата ќе бидат претставени дела на преку четириесетина учесници од повеќе земји. 

Седници на собраниските комисии за европски и за економски прашања


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски и за економски прашања. Предлог – законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во прво читање и Предлог – законот за платежни услуги и платни системи, по скратена постапка, во второ читање, се на дневниот ред на седницата на Комисијата […]

„Бизнис надвор од границите“ – прва трговска мисија на компании од Грција во Северна Македонија


Американската Стопанска комора во државава денеска и утре е домаќин на првата трговска мисија на компании од Грција во Северна Македонија „Бизнис надвор од границите“, организирана заеднички со Американско-грчката стопанска комора. Главна цел на трговската мисија е да се истражат потенцијалите за нови инвестициски можности за директни инвестиции во нашата земја, зголемување на билатералната трговија […]

Прогласување на добитниците на „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2022 година


Управниот одбор и Дирекцијата на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, Македонскиот ПЕН Центар и Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе ги објават добитниците на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“ за 2022 година. Годинашните лауреати на поетскиот фестивал во Струга ќе бидат прогласени во Македонската академија на науките и уметностите, традиционално на Светскиот […]

Португалските острови ги погодија 90 земјотреси за 24 часа


Властите на португалските Азорски Острови се во дополнителна готовност, откако 90 помали земјотреси го погодија островот Сао Хорхе во Атлантскиот Океан за 24 часа, иако нема извештаи за причинета материјална штета. Последен пат вулканот Урзелина на Сао Хорхе исфрли лава во 1808 година, а Цивилната заштита на Азорските Острови побара мислење од експерти од регионалниот […]

Сончево со мала облачност и засилен ветер


Времето претпладне ќе биде сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје претпладне сончево, попладне со мала до умерена облачност. […]

Русија постави рок за предавање на Мариупол


Русија – Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина има рок до утре во раните утрински часови да даде одговор за предавање на Мариупол, објавија западните медиуми, повикувајќи се на руската агенција РИА Новости. Од 10 до 12 часот по локално време, руската страна предлага да се организира излез на украинските војници и странските платеници без […]

Џонсон вети континуирана воена поддршка за Украина


Англија – Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе ја продолжи воената поддршка за Украина во денешниот телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Премиерот ја истакна тековната посветеност на Велика Британија да работи заедно со меѓународните партнери за да ја координира поддршката за зајакнување на самоодбраната на Украина, се наведува во соопштението на Даунинг […]

Покајнички исповеди на заробени руски војници: „Путин е лажго и измамник“


  Руски војници кои беа заробени од украинските сили го повикаа својот народ да се крене против претседателот Владмир Путин и тврдеа дека нивните убиени колеги војници се закопуваат  во масовни гробници. Група руски војници зборуваа против нивната влада за време на прес-конференцијата со новинската агенција Интерфакс-Украина, велејќи им на сограѓаните да „не гледаат во […]