Бербок до Лавров: Можете да се мамите самите себеси, но не и нас


  Германскиот министер за надворешни работи ги повика во вторник земјите-членки на ОН да гласаат за резолуција со која остро се осудува руската инвазија на Украина. Говорејќи на вонредниот состанок на Генералното собрание на ОН, Аналена Бербок рече дека глобалната заедница треба да направи избор помеѓу „мир и агресија, помеѓу правдата и волјата на најсилните, […]

Анксиозност, агресивно однесување… како ковид пандемијата влијаеше врз младите


Ковид пандемијата ја истакна важноста на менталното здравје особено кај адолесцентите, а социјалната дистанца и недоволната информираност помеѓу институциите како пречки при решавање на проблемот со психичкото здравје кај младите. Ова беше споделено на денешната панел дискусија на која беше презентиран документот кој содржи мерки и предложени пристапи за донесителите на одлуки кои го засегаат […]

Уставниот суд укина членови од Одлука на Општина Ѓорче Петров поврзана со домашни миленици


Уставниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница ги укина членовите 75 од Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, и 8 од Одлуката за измена на Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, донесени од Советот на […]

Укинување на сертификатите за влез во моловите, препорачува Комисијата за заразни болести


Комисијата за заразни болести препорача укинување на сертификатите задолжителни за влез во моловите, односно онаму каде што не е задолжително носење маски. – Донесовме еден заклучок, а тоа е да се препорача укинување на сертификатите задолжителни за присуство на моловите, односно каде не е задолжително носење маски. Ова е еден чекор во насока на олеснување […]

И американскионт нафтен гигант „Ексон“ ќе ја напушти Русија


  „Ексон мобил“ планира да го напушти бизнисот со истражување на нафта и гас во Русија поради руската инвазија на Украина. „Ги осудуваме воените дејствија на Русија“, објави најголемата американска нафтена мултинационална компанија. Компанијата го поддржува народот на Украина и се залага за силен меѓународен одговор на Русија. „Ексон“ објави дека повлекувањето од проектот за […]

Германски бизнис: Кина е победник во кризата


  Германската економија во Русија стравува од последиците од војната на шефот на Кремљ Владимир Путин против Украина. „Дури и за искусни и кризно тестирани менаџери, нападот врз Украина е шок. Со војната, незамисливото човечко страдање и губењето доверба на многу нивоа, децениската успешна економска соработка драматично се враќа назад“, вели шефот на Германско-руската стопанска […]

Русија смета на здравиот разум на НАТО


 Заменик шефот на руската дипломатија Александар Грушко денеска изјави дека нема закана од директен конфликт меѓу Русија и НАТО, но дека постојат ризици. Грушко изјави за ТВ Русија-24 дека Русија смета на здравиот разум на НАТО за да избегне конфликт.  . „Се разбира, постојат ризици од конфликт. Нема гаранции дека некои инциденти нема да се […]

Џонсон: Русија е веќе виновна за „воено злосторство“ во Украина


 Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го нарече рускиот претседател Владимир Путин воен злосторник и побара едногласност на ОН да ја осудат руската инвазија врз Украина. Неговите коментари во Парламентот, предизвикаа овации од присутниот амбасадор на Украина. Многу пратеници носеа облека во сина и жолта боја. – Она што веќе го видовме од режимот на Владимир […]

Свештеници на Московската патријаршија повикуваат да запре војната


  Во отворено писмо, свештениците и ѓаконите на Руската православна црква повикуваат на помирување и итен прекин на огнот во Украина. Потписниците на онлајн апелот – во моментов се потпишани повеќе од 230 – ја изразуваат својата тага поради страдањата на кои Украинците „незаслужено“ се подложени. Во поглед на „слободата на човекот дадена од Бог“, […]

Втор ден расправа за разрешувањето на Зендели


Пратениците денеска втор ден расправаа за Предлог-одлуката за разрешување член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија. Согласно Деловникот на Собранието, како што се наведува во предлогот, врз основа на бројот на пратеници, во оваа комисија на Движењето Беса не му следува член во Комисијата и се предлага […]

Повеќе од 2.000 украински цивили убиени за време на руската инвазија


Во руската инвазија убиени се повеќе од 2.000 украински цивили, а  уништени се стотици објекти, вклучувајќи транспортни објекти, болници, градинки и домови, соопшти денска украинската служба за итни случаи. „Децата, жените и одбранбените сили ги губат своите животи секој час“, се вели во соопштението. 

Разговорите меѓу Украина и Русија ќе продолжат денеска


 Разговорите меѓу Украина и Русија ќе продолжат денеска, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјава на помошник на украинскиот претседател. Вториот круг разговори се очекува да го сочинуваат истите претставници присутни на првата рунда разговори во понеделник. „Сега е официјално. Втората рунда преговори меѓу Украина и окупаторот ќе се одржи денеска“, изјави за Си-Ен-Ен помошник на […]

„Епл“ ја запре продажбата во Русија како одговор на инвазијата


  „Епл“ ќе престане да ги продава своите производи на руска територија како одговор на војната што Русија ја започна против Украина, објави производителот на iPhone во вторникот (1 март), придружувајќи им се на неколку други технолошки компании кои презедоа слични чекори. „Епл“ ја запре продажбата на сите свои производи во Русија и нејзината онлајн […]

Царинската управа домаќин на меѓународна работилница за борба против пиратерија


Царинската управа од денеска е домаќин на тридневна работилница која се одржува во Скопје како дел од подготвителните активности на операцијата  „Балкан гејт 2”, организирана од Светската Царинска Организација, под покровителство на Јапонската фондација за царинска соработка (CCF Japan). -На работилницата учествуваат претставници на царинските и други истражни органи од девет земји од Европа и […]

Жителите на Запорожја ја чуваат нуклеарката со „жив ѕид“ (ВИДЕО)


Локалните жители и вработените во нуклеарната централа Запорожја се собраа денес околу објектот за да спречат минување на руските трупи. Local residents and employees of the Zaporizhzhya Nuclear Power Plant do not allow the Russian occupation troops to pass.#StandWithUkraine pic.twitter.com/2ks2sxtGCm — Oleksandra Matviichuk (@avalaina) March 2, 2022 Украинците се плашат дека таа може да биде […]

Штипските пекари „замесија“ повисока цена на лебот од три до пет денари


Во Штип, но и во останатите градови во источниот регион цената на лебот е зголемена од три до пет денари. Пекарот Николче Малинов потврдува дека лебот веќе се продава во пекарите и во продавниците со повисока цена, од причина што изминатиот период драстично е  зголемена цената на производството на еден леб. -Постојано се зголемуваат цените […]

Во Битола доделен грант од Јапонија за набавка на ултразвучен ехо-апарат


Амбасадорот на Јапонија Савада Хиронори на средба со градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и директорката на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, Билјана Гагачовска потпиша договор за доделување грант од ГГП-програма за мали проекти и човекова безбедност. Со потпишување на договорот, 52.799 евра се доделуваат на ЈУЗ Клиничка болница-Битола за набавка на ултразвучен ехо-апарат кој ќе се […]

Руската армија продолжува со тешките напади – сега и со крстосувачки ракети


  Руската страна ја води војната во Украина со зголемена сериозност. Во текот на ноќта имаше бројни напади, особено на поголемите градови Харков и Киев. Според извештаите на агенциите, користени се и руски крстосувачки ракети. Според извештаите од Харков, биле бомбардирани и куќи и загинале многу цивили. Според руските информации, се вели дека армијата ја […]

Големиот број на загинати руски војници – „ахиловата пета“ на Путин


  Кога Русија го зазеде Крим во 2014 година, претседателот Владимир Путин беше толку загрижен за бројките за руските жртви што ќе излезат на виделина што властите ги нападнаа новинарите кои се обидоа да покриваат погреби на некои од 400-те војници убиени за време на таа едномесечна кампања. Но, Москва по сѐ изгледа сега губи […]

За 2-3 години просечната бруто-плата во зоните ќе надмине 1.000 евра, вели Деспотовски


Поголема државна помош за компаниите кои ќе придонесуваат повеќе во државниот буџет, ќе отвораат повеќе работни места и ќе обезбедуваат поголеми плати за вработените, најави денеска  Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата на за Технолошко-индустриските развојни зони, на панелот кој се одржа заедно со Советот на странски инвеститори на тема „Иницијатива за изработка на нова методологија […]