Бугарија прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата за шпионажа


Бугарија – Бугарското Министерство за надворешни работи прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата и им даде 48 часа да ја напуштат земјата, изјави на вонреден брифинг портпаролот на министерството Митко Димитров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските специјални служби и Јавното обвинителство ја информирале министерката за надворешни работи на Бугарија […]

Морничава снимка: Волонтер зборува за нападите на Украина, проектил ја погоди зградата над него


Во средата попладне, додека еден од волонтерите снимаше видео за нападите на Украина, проектил влетал во зградата пред која што се наоѓал. Според видеото објавено на Твитер профилот NEXTA, се чини дека тој не претрпел сериозни повреди, но зградата е прилично оштетена. ❗️❗️A rocket hit a residential building while a volunteer was recording a video […]

Колапс на акциите на Сбербанка на светските берзи, во Лондон се продаваат за едно пени


Акциите на Сбербанк денеска паднаа на берзата во Лондон за 95 отсто и се тргуваа и по минимална цена од само едно пени, откако овој руски заемодавач објави дека се повлекува од европскиот пазар. Најголемиот руски заемодавач соопшти дека нејзините европски подружници забележале „ненормален одлив на готовина“ по воведувањето на западните санкции против Русија поради […]

Маричиќ: Постои можност за забрзување на евроинтеграцискиот процес


Сега е добра можност да се забрза процесот на евроинтеграциите, бидејќи оваа ситуација на долгогодишно чекање не им оди во прилог ниту на ЕУ, ниту на нас, рече заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ24. – Европската Унија треба да влезе похрабро во политиката […]

Главниот уредник на независната руска телевизија Дожд ќе ја напушти земјата


  Главниот уредник на ТВ Дожд, единствениот уреднички независен руски телевизиски канал, во средата рече дека ќе ја напушти земјата откако дигиталниот радиодифузер беше затворен од властите поради неговото известување за војната во Украина. Тихон Џјадко ја потврди својата одлука да емигрира на својот канал на Телеграм, велејќи дека некои членови на редакцијата исто така […]

Од сабота во Грција се укинува задолжителната маска на отворено


Грчката Влада ја прифати препораката на Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство на Грција за укинување на задолжителната маска на отворено и одлуката во сабота ќе стапи во сила, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката ја соопшти министерот за здравство Танос Плеврис, кој рече дека на денешната седница Комисијата предложила да се укине […]

„Гласен Текстилец“: Прва кривична пресуда добиена во текстилната индустрија, победа за работниците


Текстилна работничка од Делчево ја доби првата судска пресуда против нејзината сопственичка која треба да и исплати парична казна од 31.530 денари како и да ги надомести трошоците во постапката од 105,924 денари. Здружението „Гласен Текстилец“ кое ја поднесе кривичната пријава, соопшти дека ја поздравува судската одлука и дека сака да се воспостави конечна пракса […]

И компаниите во економските зони кај нас ќе бидат погодени од руско – украинската криза


Компаниите кои што работат во технолошко – индустриските економски зони, особено оние од автомобилската индустрија, веќе ги чувствуваат последиците на руско – украинската криза, а стравуваљата се дека ескалацијата на конфликтот може да им нанесе уште поголеми штети. Последиците, сепак, се повеќе индиректни, отколку директни – според сознанијата на надлежните, економска соработка меѓу компаниите од […]

Мицкоски ги обвини Пендаровски, Ковачевски… дека пишувале статуси за поддршка на само една страна во војната


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш повтори дека е за зачувување на територијалниот интегритет на Украина и за поддршка на мирот, но избегна директно да спомене дека во моментов се случува инвазија на Русија врз истата таа Украина. Според него, власта го прогласила народот за проруски, а тој е „промакедонски“. Според официјалниот транскрипт на […]

ЕУ со санкции против 22 високи белоруски воени претставници


 Европската унија воведе санкции за 22 високи белоруски воени офицери поради улогата на Минск во помагањето на руската инвазија врз Украина. Шест генерали и 16 полковници се додадени на црната листа на ЕУ бидејќи „Белорусија учествува во руската неиспровоцирана инвазија врз Украина со тоа што дозволува воена агресија од нејзината територија“, се вели во официјалниот […]

Москва: Замрзнувањето на Северен поток 2 ќе нанесе непоправлива штета на руско-германските односи


Руското Министерство за надворешни работи денеска оцени дека одлуката на Германија за замрзнување на сертификацијата на гасоводот Северен поток 2 е неприфатлива и оти ќе нанесе непоправлива штета на нивните билатерални односи. – Ќе доведе и до неизбежен и брз раст на цената на гасот, се наведува во соопштението на руското МНР. Германија минатиот месец […]

Нови 457 позитивни случаи на Ковид, девет починати


Во последните 24 часа согласно податоците од Институтот за јавно здравје направени се 2.730 тестови, а регистрирани се 457 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни,  регистрирани се 74 реинфекции. Досега во земјата се направени вкупно 1.896.139 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува […]

Османи: Руската агресија врз Украина е директно кршење на човековите права


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, учествуваше на 49-та сесија на Советот за човекови права на ОН во Женева, како дел од Сегментот на високо ниво. На сесијата која трае од 28 февруари до 2 март, учествуваат шефови на влади и држави, како и министри за надворешни работи, со цел да се реафирмира важноста […]

Милевски – Брнз: Неприфатливо е во 21 век прашањата да се решаваат со војна


 Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска оствари средба со амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз. На средбата тој изрази загриженост за настаните во Украина, но и очекување дека Декларацијата за поддршка на оваа земја ќе биде безрезервно поддржана во Парламентот. -Целосната и безрезервна поддршка на САД на демократските вредности за нас е многу важна, […]

Протестите се живи на улиците на Москва, но нема трага од нив на телевизиите


  МОСКВА – Повеќе од 6.400 Руси се уапсени во антивоените протести откако војниците на претседателот Владимир Путин ја нападнаа Украина, но ниту еден притвор со не се појави на државната телевизија. Навигацијата низ парадоксите на авторитарното владеење на Путин е начин на живот овде. Интуицијата хранета со цел живот лаги потхранети од државата поминува […]

Куршумли Ан прогласен за културно наследство од особено значење


На предлог на Управата за заштита на културното наследство, Владата денеска на 19-тата седница донесе одлука за прогласување на Куршумли ан во Скопје за културно наследство од особено значење. – Куршумли ан е изграден во средината на ХVI век и претставува споменик на културата. Со оваа одлука се овозможува негово трајно зачувување во изворна состојба, […]

Петличковски: Анализите покажуваат многу солиден имунитет врз основа на вакцинацијата


Според првичните податоци од истражувањето што го спроведе Комисијата за заразни болести за колективен имунитет, анализираните 920 примероци за Скопје укажуваат на многу солиден имунитет врз основа на вакцинација. – Над 85 посто од вакцинираните индивидуи имаат некаков имунитет кон Ковид. Не можеме да збориме за ефикасноста, но можеме да го детектираме дека постои. Од […]

Швајцарски тајкун го купува Челси


Швајцарскиот бизнисмен Хансјоерг Вис разгледува понуда да го купи англискиот фудбалски клуб Челси од рускиот милијардер Роман Абрамович. – Абрамович сега се обидува да ги продаде своите вили во Англија. Исто така, сака брзо да се „ослободи“ од Челси. Јас, заедно со уште тројца луѓе, во вторникот добив понуда да го купам Челси од Абрамович, […]

Останува носењето на маски во училиштата


Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не дискутирала за укинувањето на мерката носење маски во училиштата со цел заштита од Ковид-19. Како што информира портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција по состанокот, состојбата во училиштата е постабилна и би имало потреба од нов скрининг доколку се укине мерката. – Во однос на […]

Северна Македонија подготвена да прифати бегалци од Украина


На предлог на Министерството за надворешни работи Владата денеска на седница ја усвоила Информацијата за состојбата со граѓаните на Северна Македонија во Украина и потребата за преземање мерки за прифаќање украински државјани кои се приморани да ја напуштат својата држава. -Согласно одлкуката на Владата, највисоки ресорни институции се задолжуваат во најскоро време да достават информација […]