ССМ и ОРМ започнаа социјален дијалог за усогласување на платите во приватниот сектор


Претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Организацијата на работодавачите на Македонија (ОРМ) остварија средба на која се дискутираше за потребата од усогласување на платите на работниците во приватниот сектор согласно порастот на минималната плата. – ССМ и ОРМ како единствени репрезентативни организации на работниците и на работодавачите се договорија преку социјален дијалог […]

Аласдаир Вилис, сопругот на Стела Макартни, e новиот креативен директор на Адидас


Германија- Адидас во четвртокот го именуваше Аласдаир Вилис за улогата на главен креативен директор, што ќе стапи на сила во април. Во својата нова улога, Вилис ќе го надгледува креативниот правец за Адидас и ќе помогне да се „обезбеди обединето искуство на брендот Адидас“ во трите главни оддели на перформанси, оригинали и спортска облека, се […]

Османи: Проширувањето на ЕУ да се забрза во име на безбедноста


 Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој денеска учествува на вонредниот министерски состанок на НАТО, пред почетокот на состанок ја изрази поддршката на Северна Македонија на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Втората главна порака на шефот на македонската дипломатија утрово од НАТО беше дека проширувањето на ЕУ сега станува витално прашање од безбедносна […]

И Босанците исплашени дека ќе нема гориво нагрнаа на бензинските


  Утрово, репортерите на босанскиот портал Klix.ba посетија повеќе бензински станици, но драматично зголемување на цената на горивата нема. Го нема ни метежот од синоќа. Цената за литар безнин се движи од 2,66 до 2,81 конвертибилни марки, а дизел за 2,71 до 2,86 KM (околу евро и пол). Дезинформацијата која синожа ја пласира јавниот сервис […]

Руската Дума усвои драконски казни за ширење „лажни информации“ околу инвазијата


  Руската Дума усвои закон со кој драконски ќе се казнува „ширењето на свесно лажни информации“ за дејствијата на руската војска. Со законот се воведува нов член во Кривичниот законик. Максималната казна за тоа е 15 години затвор. Претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин рече дека законот ќе биде разгледан од Советот на Федерацијата на […]

Босна и Херцеговина побара итен пристап во ЕУ


Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ денеска побара од претставниците на Европската унија на Босна и Херцеговина веднаш да и дадат статус на кандидат. Турковиќ го упати овој апел откако неколку други земји ги поставија истите барања по руската инвазија на Украина. – Во овие тешки и неизвесни времиња за безбедноста […]

Подолјак: Само „затворено небо“ над Украина ќе ја запре ескалацијата


Советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Михаило Подолјак изјави дека е време Западот да ја преземе одговорноста за завршување на војната во Украина. „Логиката на оваа војна е акумулација на ракетни и воздушни напади врз цивилната инфраструктура, големите градови и цивилите. Само „затворено небо“ остро ќе ја запре ескалацијата. Време е западните партнери […]

САД: Не им треба тест за Ковид-19 на Американците од Белорусија и Русија


САД – На Американците кои ги напуштаат Белорусија и Русија, нема да им се бара негативен тест на Ковид-19 при враќање дома, соопшти Стејт департментот. Американските центри за контрола и превенција на болести информираа дека ќе го искористат своето дискреционо право да им дозволат влез на државјаните на САД, постојаните жители и лица со валидни имигрантски […]

Членовите на Арктичкиот совет нема да одат во Русија на состаноци


Русија – Осумчлениот Арктички совет соопшти дека неговите претставници нема да патуваат во Русија на состаноците на телото и оти „учеството на сите состаноци е привремено суспендирано“. Во соопштението, членовите на Советот – Канада, Данска, Финска, Исланд, Норвешка, Русија, Шведска и САД, „ја осудуваат неиспровоцираната руска инвазија врз Украина и констатираат сериозни пречки во меѓународната соработка, […]

Минусни температури утрово во поголем дел од земјава


Температури под нулата утрово се измерени во поголем дел од земјата. Најстудено е во Берово со температура од -8 Берово, -7 во Попова Шапка, -6 Крива Паланка, -4 Маврови Анови, Kрушево, Куманово, -3 Скопје-Петровец, Битола, Штип, Струмица, -2 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Претор, Прилеп, Демир Капија, Виница, Гевгелија, -1 Охрид, Дебар и 0 степени во Дојран. […]

Мила Кунис и Ештон Качер донираa 3 милиони долари за помош на бегалците од Украина


САД- Мила Кунис и Ештон Качер се приклучуваат во поддршка на погодените од војната во Украина, каде што е родена актерката. Ѕвездата на „Family Guy“ Кунис (38) се појави заедно со нејзиниот 44-годишен сопруг на неговата страница на Инстаграм во четвртокот, во видео изјава за ситуацијата заедно со тоа што тие прават за да им […]

Нема жртви, но има ранети во нападот врз нуклеарната електрана Запорожје


Украина – По извршениот увид во петкатницата за обука на нуклеарната електрана Запорожје во Енергодар, констатирано е дека гореле просториите на третиот, четвртиот и петтиот кат. Жртви нема. Градоначалникот на Енергодар Дмитриј Орлов информира дека има повредени во судирите кај нуклеарната централа Запорожје. Во гаснењето на пожарот во АЕЦ Запорожје учествувале 40 лица и 10 парчиња опрема, соопшти Министерството за вонредни ситуации […]

Руските елитни ќерки го користат Инстаграм за да ја осудат инвазијата на Путин на Украина


Русија– Младите руски елити се залагаат за мир во Украина на социјалните мрежи, истакнувајќи ја генерациската поделба што ја загрозува моќта на Путин во Русија. Руските елити кои јавно протестираат против војната вклучуваат деца на олигарси и владини функционери блиски до Путин. Софија Абрамович е 26-годишен професионален јавач на коњи. Во објавата на нејзината приказна […]

Шолц бара од Шредер да ги прекине деловните врски со Русија


Белгија– Германскиот канцелар Олаф Шолц вчера побара од поранешниот канцелар Герхард Шредер да поднесе оставка од неговите позиции во руските државни компании, јави ДПА. Шредер (77) важи за долгогодишен пријател на рускиот претседател Владимир Путин, што доведе до многу критики во Германија, особено откако Русија ја нападна Украина минатата недела. Шредер е претседател на надзорниот […]

Русија го ограничи пристапот до рускиот сервис на Би-Би-Си и Радио Слободна Европа


Русија – Руското тело за надзор на комуникациите го ограничи пристапот до рускиот сервис на Би-Би-Си, како и до Радио Слободна Европа и медиумот Медуза, јавија некои руски медиуми. Руското Министерство за надворешни работи во четвртокот соопшти дека британската радиодифузна корпорација (Би-Би-Си) се користи за поткопување на внатрешната политичка ситуација и безбедноста во Русија. 

„Шанел“ повторно ги зголеми цените на класичните чанти


Франција– Лоши вести за клиентите на Шанел: француската луксузна куќа повторно ги зголемува цените. Бруно Павловски, претседател на модата и претседател на Шанел САС, рече дека брендот ги зголемува трошоците за четирите основни стилови на чанти и пролетната колекција  реди ту веар за 6 отсто во еврозоната, 5 отсто во Велика Британија, 8 отсто во […]

Цел викенд Скопски моден фестивал во Сити Мол


Првата сезона на Скопски моден фестивал, ќе се одвива во трговскиот центар Скопје Сити Мол од денеска до 27 март. Учесници на фестивалот се реномирани дизајнери и брендови од земјата и странство, заедно со истакнати уметници и музичари како специјални гости во програмата. Првото издание на Скопски моден фестивал, нова забавна манифестација за сите љубители […]

Османи на состанок на Северноатлантскиот совет во Брисел


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии, што ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел. Како што соопшти МНР, на состанокот ќе се дискутира за актуелните безбедносни состојби во Украина по руската воена инвазија врз земјата, како и за […]

Џафери во официјална посета на Косово


Претседателот на Собранието, Талат Џафери од денеска престојува во дводневна посета на Косово. Како што е предвидено, Џафери ќе се сретне со претседателот на косовското Собрание Глаук Коњуфца, по што двајцата собраниски спикери ќе одржат заедничка прес-конференција. По средбата со претседателот на Парламентот на Косово, Џафери ќе се сретне и со косовскиот премиер Албин Курти. […]

САД им доделуваат „статус на привремена заштита“ на Украинците


САД – САД соопштија дека ќе им доделат „статус на привремена заштита“ на Украинците во земјата во следните 18 месеци. Потегот на Министерството за внатрешна безбедност им овозможува на Украинците кои моментно се наоѓаат во САД да останат во земјата и ја отстранува заканата од депортација. – Намерниот и неиспровоциран напад на Русија врз Украина доведе […]