Подолјак: Само „затворено небо“ над Украина ќе ја запре ескалацијата


Советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Михаило Подолјак изјави дека е време Западот да ја преземе одговорноста за завршување на војната во Украина.

„Логиката на оваа војна е акумулација на ракетни и воздушни напади врз цивилната инфраструктура, големите градови и цивилите. Само „затворено небо“ остро ќе ја запре ескалацијата. Време е западните партнери да преземат одговорност за завршување на војната…“, напиша Подолјак на Твитер.

Пред девет дена рускиот претседател Владимир Путин и објави војна на Украина и почна инвазија од големи размери.

Претседателот Володимир Зеленски истакна дека затворањето на небото над Украина нема да претставува вмешаност на земјите од НАТО во војната што ја почна Русија.