Морничави сцени од бомбардирањата на Русија во Чирнихив и околината на Киев (ВИДЕО)


На  локалните медиуми во Украина е објавено морничаво видео за последиците од руските воени напади врз станбен комплекс во Чернихив, додека ја спроведуваат опсадата на клучните украински градови, Мариупол и Харков. На видеото се гледа погодено дете и осакатени луѓе пропратено со ужасни врисоци во заднина. Во нападите загинаа неофицијално 47 луѓе. Југоисточниот град Мариупол […]

Орбан: Санкциите против Русија имаат цена


Унгарија ги поддржа санкциите на Европската унија против Русија, но нејзината сопствена економија неизбежно ќе биде погодена од нив, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан за државното радио. – Санкциите имаат цена бидејќи тоа е меч со две острици и таа цена ќе ја платиме на краток рок, рече Орбан во интервјуто, додавајќи дека Владата […]

Европските берзи втор ден по ред во пад


Акциите на европските берзи од утринава бележат пад, втор ден по ред, додека траат руските напади врз градовите низ Украина. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 0,8 отсто денеска во 9:30 часот, откако вчера падна за околу 2 отсто. Утринава лондонскиот FTSE индекс се намали за 0,57 отсто на 7.197 поени, […]

Над 180.000 граѓани вложиле во приватно здравствено осигурување


Бројот на граѓани кои имаат приватно здравствено осигурување лани се зголемил за 60 отсто и надмина 182.000 осигурени лица. Приватното здравствено осигурување останува најбрзо растечки осигурителен производ од појавата на здравствената пандемија до сега. Лани се склучени повеќе од 18.000 договори за приватно здравствено осигурување со што бројот на активни договори за оваа осигурителна класа […]

Зеленски за нуклеарката: Доколку имаше експлозија, тоа ќе беше крај за сите


Украинските власти потврдија дека руските сили сега ја контролираат најголемата нуклеарна централа во Европа „Запорожје“, која ноќеска беше нападната и гранатирана, при што се запали еден објект. „Оперативниот персонал ја следи состојбата на погоните. Целиот персонал продолжува со својата работа“, кажаа локалните власти. Светските лидери ја обвинија Русија за загрозување на безбедноста на целиот континент, […]

Камион удри во наплатната куќичка на автопатот Миладиновци – Штип


 Се преврте камион на патарината кај светниколското село Кадрифаково на автопатотот Штип-Миладиновци. Фотографија од превртениот камион ни испратија возачи, кои пред 15 минути транизитирале по автопатот. На неа се гледа дека камионот удрил и  се превртел токму меѓу наплатните пунктови. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека нивна екипа ќе изврши увид, возачот не е […]

Рускиот технолошки гигант Yandex рече дека е пред банкрот


  Рускиот технолошки гигант Yandex предупреди во четвртокот дека може да банкротира откако беше суспендиран од тргување на дигиталната берза во Њујорк. Насдак и Њујоршката берза оваа недела ги запреа сите котирања на руски компании додека не објаснат како ќе бидат погодени од санкциите воведени од Соединетите Држави и нивните сојузници по инвазијата на Москва […]

Стојанче Ангелов во Вермонт за размена на искуства со справувањето со кризи


Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој престојува во работна посета на Вермонт, се сретна со командантот на Националната гарда на Вермонт, директорот на Агенцијата за менаџмент на итни состојби, Федералниот координатор за подготовки во Федералната агенција за менаџмент на итни состојби и со градоначалникот на Берлингтон. Цел на посетата, која трае […]

Пожар во куќа во Кавадарци


Пожар зафати утрово куќа во Кавадарци, информираа од кавадаречката Територијална противпожарна единица. Од противпожарната служба соопштија дека навремената интервенција на седум пожарникари со три противпожарни возила, спречила поголеми штети врз овој објект и проширување на огнот во соседството.

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ да размисли за коалицијата со Левица по гласањето за Украина


Премиерот Димитар Ковачевски утрово за „Утрински брифинг“ зборуваше на санкциите кон Русија и ефектите од нив врз нашата држава. Според него Македонија има многу мала трговска размена со Украина и Русија, а државата ќе им помогне на компаниите кои увезуваат суровини од Украина и кои треба да се свртат кон други пазари. -Клучно погодени сектори […]

Џонсон да ги смести украинските бегалци во палатите на руските олигарси


Англија– Градоначалникот на украинскиот град Лавов го повика британскиот премиер Борис Џонсон да ги смести украинските бегалци во лондонските куќи на руските олигарси. „Она што ни треба сега е Борис Џонсон да почне да ги замрзнува банкарските сметки на руските олигарси во Лондон и да ги заплени нивните луксузни вили“, изјави Андриј Садови за Гардијан […]

Прекинат преносот на гас преку „Јамал-Европа“


Пумпањето на гас преку гасоводот Јамал-Европа од Русија до Германија е прекинато од денеска во 9 часот по московско време, покажуваат податоците на германскиот оператор Гаскад (Gascade) и на аукциската платформа ГСА Платформ (GSA Platform). Гаспром вчера го закупи капацитетот на Јамал-Европа од околу 750.000 кубни метри на час, што претставува речиси 20 проценти од неговата вкупна […]

Русија претставува закана и за Балканот, не во смисла на инвазија, туку во смисла на дестабилизација


Русија претставува закана и за Балканот, но не во смисла на инвазија, туку во смисла на негова дестабилизација, оценува во коментар за МИА за руско-украинската криза професорот Даниел Сервер од Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон. -Иако, војната не е завршена, веќе е јасно дека Русија го загуби не само моралниот статус во светот, како и […]

Граѓаните да не складираат горива во канистери, тоа е опасно


„Макпетрол“ уверува дека горива има доволно, а повикуваат граѓаните да не складираат во канистри, буриња и канти, што е несоодветно и спротивно  на законите.  „Поради новонастанатата глобално-политичка ситуација, како резултат на која што има неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати, компаниите што се дел од оваа економска гранка се наоѓаат во исклучително тешка […]

Бислимоски им се закани на воените профитери, ќе си имаат работа со Обвинителството


Вчера до доцна во ноќта се создаде паника дека ќе снема бензин и дека ќе растат цените, па се создадоа редици пред бензинските пумпи. -Точно, во текот на вчерашниот ден се создаваа колони на бензинските пумпи низ државата, а тоа е врз основа на шпекулации дека цената на дизелот ќе порасне до 150 денари следната […]

Без вода корисниците во делови од Ченто, Црниче и Карпош


Прекинато водоснабдување денеска неколку часа ќе имаат корисниците во делови од Гази Баба, Црниче, Карпош… Од 10 часот без вода ќе бидат корисниците на улиците „Радован Ковачевиќ“, дел од „Сава Михајлов“, „Томас Минцер“, „Тодор Чопов“, „Кавадарска“ и „Беровска“. Од ЈП Водовод и канализација соопштија дека прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на затворач ф-100 мм на […]

Влада: Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени


Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, соопшти денеска владината Прес-служба. Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат […]

Американка со години „се шверцувала“ во авиони, па доби три години затвор


САД– Жена која со години успевала да избегнува проверки на аеродром, се качувала во авиони без билет и сѐ тоа ѝ успевало, вчера е осудена на три и пол години затвор за случајот од 2019 година на аеродромот во Чикаго. Мерилин Хартман од САД, родена 1950 или ’51 година, се изјасни за виновна за измама […]

Харви Вајнстин шверцувал чоколадни бонбони во затворот во Лос Анџелес


САД– Еден од најмоќните продуценти во Холивуд, Харви Вајнстин беше фатен со шверцувани чоколадни бонбони во ноември, што предизвика опомена од чуварите на затворот во округот Л.А., според записите  до кои дојде Variety. Бонбоните беа пронајдени за време на претресот на 10 ноември, откако Вајнстин имаше средба лице в лице со Шон Баркли, еден од […]

Московската берза останува затворена


 Московската берза останува затворена и денеска, соопшти Руската централна банка. Берзата ќе биде затворена до 8 март. Затворањето, според соопштението, вклучува „тргување и порамнување на сите пазари на Московската берза“. Берзата не е отворена цела недела, откако Западот воведе санкции против Русија минатиот викенд. Американскиот претседател Џо Бајден вчера најави нови санкции против руските олигарси. […]