Камион удри во наплатната куќичка на автопатот Миладиновци – Штип


 Се преврте камион на патарината кај светниколското село Кадрифаково на автопатотот Штип-Миладиновци. Фотографија од превртениот камион ни испратија возачи, кои пред 15 минути транизитирале по автопатот. На неа се гледа дека камионот удрил и  се превртел токму меѓу наплатните пунктови.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека нивна екипа ќе изврши увид, возачот не е повреден, а е причинета материјална штета.

Патарините кај Кадрифаково и  Преод во Општина Свети Николе, се во изградба, а  според најавите на директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми требаше да бидат готови до крајот на март.