Марјан Забрчанец стана национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го прифати предлогот на Комисијата за именување и донесе одлука Марјан Забрчанец, да го именува за национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи. Останатите точки кои беа предвидени за оваа седница, заради дополнителни усогласувања, се одложени за една од наредните седници на Владата, соопшти владината […]

Грција дополнително ги олабавува мерките


Грција – Поголемиот дел од мерките во Грција воведени пред Нова година, постепено се укинуваат, па така, дозволено ќе биде стоење и танцување во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор работата од дома се намалува од 50 на 20 отсто, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика од 50 отсто од капацитетот, наместо […]

Линда Евангелиста вели дека завршила со „криење“ откако CoolSculpting ја „деформира“


САД– Линда Евангелиста, која минатиот септември призна дека била „обезличена поради неуспешна естетска операција“ во 2015 година, првпат го покажа својот нов изглед. Досега, манекенката која е среде шестото десетлетие од својот живот, наводно не сакала да се појави во јавноста поради операцијата. Во својата прва фотосесија „по шест години самотија“, таа се најде на […]

Германија ќе почне да ги укинува повеќето ограничувања


Германија ќе почне да ги укинува повеќето ограничувања воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, бидејќи опаѓа стапката на инфекции во државата и тоа сугерира дека бранот поттикнат од сојот Омикрон го достигнал врвот. Тоа го најави канцеларот Олаф Шолц денеска по разговорите со регионалните лидери. – Државата ќе започне со план од три чекори […]

Одбраната на Јанакиески бара ослободителна пресуда за „Топлик“


Ниту во обвинението, ниту од доказите не се покажа кои дејствија ги презел Миле Јанакиески и за кое кривично дело, пред кои органи и спротивно на која законска одредба, изјави во завршен збор за случајот „Топлик” бранителот на екс министерот Јанакиесеки, адвокат Еленко Миланов. Миланов на Судот му предложи да донесе ослободителна пресуда за Миле […]

Починаа уште 36 пациенти со Ковид-19, новозаразени се 1.091


Од 3.702 тестови регистрирани се 1.091 нов случај на ковид-19 во последното деноноќие, јави Министерството за здравство. Процентуално земено, секој трет направен тест бил позитивен. Најголем дел од новите случаи биле од Скопје – 586, потоа Битола – 58, Куманово – 52, Тетово – 44, Кавадарци и Велес – по 39. „Од вкупниот број на […]

Дваесет и осумгодишна ТВ презентерка наш конзул во Њујорк


  Владините портпароли Душко Арсовски и Муамет Хоџа на денешната прес-конференција не потврдија дали Владата на затворениот дел од вчерашната седница одлучила Бесмира Ејупи (28) да биде назначена за генерален конзул во Њујорк на предлог на МНР. -На отворената седница на Владата немаше точка со ова кадровско решение, рече портпаролот Душко Аврамовски во одговор на […]

Швајцарија ги укинува речиси сите мерки против Ковид-19


 Швајцарија ќе ги укине речиси сите рестриктивни мерки, воведени поради коронавирусот, освен носењето заштитни маски во јавниот превоз и здравствените установи, соопшти денеска швајцарската Влада. До крајот на март, мерката задолжителна изолација ќе остане во сила во период од пет дена за лицата кои се позитивни на коронавирусот, соопшти Владата. Укинувањето на мерките ќе стапи […]

Сали – Клуге: Македонија посветена на инвестирање во здравствените реформи


Министерот за здравство Беким Сали денеска одржа онлајн средба со регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, д-р Ханс Клуге, на која изрази благодарност за континуираната поддршка од СЗО за унапредување на здравствената заштита во државата и во заедничката подготовка на „Патоказот со земјите од Западен Балкан“.   – Република Северна Македонија е посветена […]

Работна група ќе ги утврдува причините за испадот во ТС „Скопје 4“ во Пинтија што го остави Скопје без струја


Формирана е работна група составена од стручни лица вработени во компанијата со единствена задача да ги лоцира причините за прекинот во снабдувањето со електрична енергија по испадот во напонската мрежа што се случи во неделата на 13 февруари во 17:20 часот во ТС „Скопје 4“ во Пинтија поради кој неколку општини во Скопје, делови од […]

Инфлацијата во Канада достигна 5,1 отсто, најмногу во последните три децении


Инфлацијата во Канада се искачи на 5,1 отсто во јануари – далеку над очекувањата на економистите – бидејќи поскапувањата достигнаа највисоко ниво во изминатите 30 години, соопшти владината статистичка агенција. Зголемените цени на горивата, заедно со трошоците за храна и домување, повторно беа главни причинители. Бројката во декември беше 4,8 отсто. „Предизвиците поврзани со пандемијата […]

БЕСА не ги дава функциите во парламентот што ги изгуби со одење во опозиција


Изјавите на премиерот Димитар Ковачевски за улогата на Движењето Беса во Собранието се несериозни  и го покажуваат пристапот на актуелната власт – дека сакаат сѐ да помине со силата на бројките, купените пратеници или искривувањето на волјата на граѓаните на државата, реагираше БЕСА на повикот на премиерот дека треба да го прифатат фактот дека сега […]

Пратенците дискутираат за продолжување на рокот за кризна состојба со топлинска енергија


Пратениците денеска во рамки на 63-та седница дискутираа за Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија. Владата на седницата одржана на 10 февруари 2022 година го разгледа […]

Завршни зборови на обвинителството за случајот „Топлик”


Од изнесените докази во текот на постапката во целост се потврди дека дејствијата на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и членовите на Комисијата за јавно наддавање и нанеле штета на Буџетот на државата во висина од еден милион евра, како исплатена камата на израелската фирма „Сан сити” поради неспроврдливоста на договорот од спроведеното […]

Фискалните политики придонесоа за закрепнување на економијата, оценил ММФ


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги поздрави фискалните политики во земјава оценувајќи дека тие придонеле кон закрепнување на економијата и зачувување на работните места. Во извештајот објавен по консултациите во врска со член 4 од Договорот со ММФ, оваа меѓународна финансиска институција нотира дека политиките за поддршка на стопанството го лимитирале падот на економската активност, помогнале […]

Демонстрации во Непал, не сакаат половина милијарда долари грант од САД


Демонстрантите кои се противат на предложениот подарок од САД од половина милијарда долари за Непал денеска се судрија со полицијата пред Собранието, а има повредени од двете страни. Предлогот што Собранието требаше да го гласа предизвика несогласувања меѓу партиите, бидејќи се повеќе се противат на најавената помош, а предничеа најмногу комунистичките партии. Парите од грантот […]

Пожар на Автобуската станица во Сараево, има и повредени


На Автобуската станица во Сараево попладнево изби пожар, а според информациите на некои локални медиуми, има и повредени. На местото на инцидентот веднаш биле испратени пожарникарски, медицински и полициски екипи. Огнот ги зафатил продавниците кои се наоѓале во склоп на Автобуската станица. Густ чад брзо се издигнал над областа, а многу луѓе во паника го […]

(Фото галерија) Ноќна магија со пирамидите


Ако сакате да ја доживеете комплетно убавината на античките пирамиди во Гиза, тогаш поминете таму барем една ноќ. Златниот песок и каменот тогаш добиваат магични бои. Големата пирамида, најголемата од трите, е изградена од кралот Кеопс околу 2550 година п.н.е. Кеопсовата пирамида не само што е најстарата од седумте светски чуда туку е и единственото […]

За проекти од национален интерес во културата 1,053 милијарда денари


Во текот на денешниот ден на веб страницата на Министерството за култура ќе бидат објавени резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2022 година. Најмногу средства за оваа годишна програма се издвоени за музичка, издавачка и драмската дејност. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на […]

Инспекторатот за труд контролира дали се исплаќа повисока дневница за работа во недела


Државниот инспекторат за труд (ДИТ) денеска ги почнал надзорите во оние прави субјекти кои согласно закон можат да работат во недела со цел да утврди дали ја испочитувале законската обврска за исплата на дневници повисоки за 50 проценти во јануарските плати. Контролите ќе се прават до крај на месецов и на крајот ќе биде направен […]