(Фото галерија) Ноќна магија со пирамидите


Ако сакате да ја доживеете комплетно убавината на античките пирамиди во Гиза, тогаш поминете таму барем една ноќ. Златниот песок и каменот тогаш добиваат магични бои.

Големата пирамида, најголемата од трите, е изградена од кралот Кеопс околу 2550 година п.н.е. Кеопсовата пирамида не само што е најстарата од седумте светски чуда туку е и единственото што сè уште постои. Другите две пирамиди се пирамидата на Хефрен и пирамидата на Менкаур, изградени од синот и внукот на Кеопс. Во нивна близина се наоѓа хотел од кој заспивањето и будењето наутро ќе ви го претвори во исклучително доживување.