Марјан Забрчанец стана национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница го прифати предлогот на Комисијата за именување и донесе одлука Марјан Забрчанец, да го именува за национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.

Останатите точки кои беа предвидени за оваа седница, заради дополнителни усогласувања, се одложени за една од наредните седници на Владата, соопшти владината прес-служба.