Починаа уште 36 пациенти со Ковид-19, новозаразени се 1.091


Фото: Б. Грданоски

Од 3.702 тестови регистрирани се 1.091 нов случај на ковид-19 во последното деноноќие, јави Министерството за здравство. Процентуално земено, секој трет направен тест бил позитивен.

Најголем дел од новите случаи биле од Скопје – 586, потоа Битола – 58, Куманово – 52, Тетово – 44, Кавадарци и Велес – по 39.

„Од вкупниот број на позитивни (1.091), регистрирани се 156 реинфекции“, велат од ресорот здравство.

Во последните 24 часа починале 23 лица, но дополлително се пријавени уште 13 претходно починати.

„Од вкупниот број на починати лица (36), кај 32 лица се регистрирани коморбидитети“, велат од министерството.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 289.797, бројот на оздравени пациенти е 272.184, на починати е 8.829, а бројот на активни случаи изнесува 8.784.

Дистрибуција по градови

Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 133.926, Активни 5.141

Куманово 15.848, Активни 408

Битола 13.849, Активни 409

Прилеп 13.322, Активни 264

Тетово 13.187, Активни 342

Кавадарци 9.862, Активни 301

Гостивар 9.268, Активни 175

Велес 9.121, Активни 276

Охрид 8.372, Активни 157

Штип 7.823, Активни 99

Струмица 7.744, Активни 177

Кичево 5.250, Активни 129

Кочани 4.877, Активни 89

Струга 4.577, Активни 79

Гевгелија 4.107, Активни 112

Неготино 3.524, Активни 134

Свети Николе 2.592, Активни 54

Ресен 2.516, Активни 57

Радовиш 2.434, Активни 56

Крива Паланка 2.329, Активни 54

Делчево 1.872, Активни 24

Берово 1.693, Активни 17

Дебар 1.567, Активни 29

Валандово 1.503, Активни 37

Виница 1.352, Активни 19

Пробиштип 1.279, Активни 8

Богданци 977, Активни 39

Кратово 915, Активни 13

Крушево 866, Активни 15

Демир Хисар 804, Активни 17

Македонски Брод 679, Активни 16

Демир Капија 535, Активни 19

Македонска Каменица 519, Активни 3

Пехчево 454, Активни 11

Дојран 254, Активни 4