Расправата за Законот за минимална плата продолжува утре


 Собранието попладнево расправаше за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој минималната плата ќе изнесува 18.000 денари. Расправата по овој Предлог на закон продолжува утре во 12 часот. Пратениците од опозициските партии на собраниската говорница истакнаа дека жалат што мнозинството не ги прифатила нивните амандмани за подобрување на […]

Ѓоковиќ вложува 300 милиони евра во комплекс со голф терени во Црна Гора


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ планира да купи големо земјиште во Будва за да изгради мега комплекс со голф терени, хотели и други содржини, објави црногорскиот весник „Вијести“. Според истиот извор, српскиот тенисер планира да го реализира проектот со поддршка на инвестициски фонд од Обединетите Арапски Емирати, а вкупната инвестиција се проценува на над 300 милиони евра. Ѓоковиќ, како што […]

Џонсон: Од четврток се укинуваат сите антипандемиски мерки во Англија


 Британскиот премиер Борис Џонсон денеска потврди дека во следните неколку дена во Англија ќе бидат укинати сите мерки поврзани со пандемијата на Ковид-19, јави Блумберг. -Сите заразени граѓани од четврток веќе нема да имаат законска обврска да се самоизолираат, иако, сепак, ќе им се советува да останат дома, изјави денеска Џонсон. Британскиот премиер додаде дека […]

Украина бара итна седница на Сoветот за безбедност на ОН


Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба го повика Советот за безбедност на Обединетите нации „веднаш“ да одржи седница за заканата што ја претставува Русија за Украина. Кулеба на Твитер напиша дека најмоќното тело на ОН треба да се состане „за да разговараат за итни дејствија насочени кон деескалација, како и практични чекори за гарантирање […]

На Путин му е малку и мораториум на членството на Украина во НАТО


  Мораториум на членството на Украина во НАТО нема да ги реши тензиите меѓу Русија и Западот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесен од ДПА. Зборувајќи на денешниот состанок на рускиот Совет за безбедност во Москва Путин изјави „ние веруваме дека тоа не е отстапка за нас“. Русија сака да спречи нејзината соседка да се […]

Почина Драги Михајловски, писателот што го преведе Шекспир


По долго и тешко боледување, денеска, почина македонскиот писател, преведувач и универзитетски професор Драги Михајловски. Како што соопшти Друштвото на писатели на Македонија, со своето творештво Михајловски ќе остане запаметен како еден од најавтентичните и најсугестивни раскажувачи во македонската современа литература; со преводите, како еден од најплодните, но и наједуцирани и најуспешни пренесувачи на книжевните […]

Донесени нови санкции во ЕУ против петмина руски граѓани поради анексијата на Крим


Европската Унија усвои нови санкции против Русија попладнево, соопшти Советот на ЕУ. Станува збор за рестриктивни мерки против дополнителни пет лица инволвирани во изборите на руската Дума во септември 2021 во Крим кој ЕУ го смета за нелегална анексија. Овие пет лица ќе бидат предмет на санкции од страна на ЕУ во рамките на постојниот […]

Нова ерупција на вулканот Етна на Сицилија


Нешто повеќе од една недела од последната голема ерупција, вулканот Етна на Сицилија денеска повторно исфрла лава и пепел, оставајќи огромен облак од пепел на небото. Ерупцијата, од југоисточниот кратер на вулканот, создаде облак од пепел  во височина од 12 километри, објави Националниот институт за геофизика и вулканологија во Катанија. На снимките во живо од […]

Путин ќе ја признае независноста на окупираните територии во Украина


Одлуката за признавање на независноста на Народните републики Доњецк и Луганск (ДПР и ЛПР) ќе биде донесена в понеделник, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесе ДПА. Путин ова го изјави по состанокот на Советот за национална безбедност, што во живо беше пренесуван на државната телевизија. Сите учесници на состанокот, вклучувајќи ги и министерот за […]

Лавров в четврток на средба со Блинкен


 Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска соопшти дека ќе се сретне со американскиот државен секретар Ентони Блинкен в четврток во Женева, во услови кога тензиите се зголемуваат поради стравувањата од руска инвазија на Украина. За време на вонредниот состанок на рускиот Национален Совет за безбедност, Лавров рече дека разговарал со Блинкен за безбедносните […]

НАТО почнаа воени вежби во Полска поради тензиите во Украина


Долго планираните воени вежби на НАТО „Saber Strike 2022“ денеска почнаа во Полска, во моменти на ќор-сокакот во односите меѓу Русија и Западот околу Украина, јави ДПА. Во меѓународните воени вежби учествуваат околу 1.300 полски војници, се наведува во соопштението на полската армија. „Тренинг вежбите како „Sabre Strike 2022“ се планирани однапред и не се […]

До крајов на неделава првични податоци од скринингот за имунитет на граѓаните во Скопје


 Серолошкиот скрининг на граѓани по случаен избори за испитување антитела е се уште во тек. Заклучно до денеска се собрани 800 примероци од жители на Скопје и 200 примероци од жители на Битола. До крајот на неделава се очекуваат првични податоци за серопреваленца во Скопје, а од следната недела и за другите градови од државата, […]

Пак голем број починати во Хрватска и Србија – 54 и 55


  Во Хрватска во последните 24 часа се ригистрирани само 312 нови случаи на корона вирусот, но бројот на починати и натаму е висок – 55. Вкупно досега од почетокот на пандемијата починаа 14.969 лица во Хрватска. Во Србија починаа 55 лица, а новозаболени се 4.483. Досега има официјално регистрирано 14.904 смртни случаи во Србија. […]

Во Собранието почна расправата за Законот за минимална плата


Во Собранието почна расправата за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, кој е шеста точка на дневниот ред од 62 седница, а со кој минималната плата ќе изнесува 18.000 денари. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, образложувајќи го Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот […]

Нов случај на птичји грип кај дива птица


Агенцијата за храна и ветеринарство попладнево ги доби резултатите од лабораториските испитувања на Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, со кои кај мостра од дива птица – корморан од Штипско, е потврдено присуство на болеста авијарна инфлуенца (птичји грип). За утврдување на поттипот на сој на вирусот, кој не е детектиран на […]

Пронајдено последното парче од таписеријата од 17. век украдена во Шпанија пред 42 години


  Шпанската полиција го пронашла последното парче од таписеријата од 17 век, која била украдена пред 42 години од озлогласен крадец на уметнички дела. Таписеријата од 4 метри на 6,5 метри, позната како La apoteosis de las artes (Апотеоза на уметностите), беше една од шесте фламански таписерии земени од црквата Санто Доминго во градот Кастрохерис […]

Бројот на новозаболени падна на 234, но починаа уште 17 лица


Силината на Омикрон бранот изгледа полека стивнува затоа што во последните 24 часа се регистрани само 234 нови случаи на Ковид-19.  Ваква ниска бројка немало многу одамна, но дел од причините за неа лежи и во тоа што вчера беше недела.  Направени се 1.318 тестови, што изнесува 17,7 проценти од примероците. Регистрирани се вкупно 17 […]

Српската царина спречи шверц на златен накит кај македонски државјанин


Српските царински службеници на граничниот премин Батровци со Хрватска, спречија обид за шверц на 716 грама златен накит што македонски државајнин се обидел да го пренесе преку границата во својот багаж, јави дописникот на МИА од Белград. Златниот накит бил откриен во саботата, на 21 февруари кога на влезот на граничниот премин Батровци меѓу Хрватска […]

Бугарија ќе ги укине ковид сертификатите на 20 март


  Од 20 март се очекува Бугарија да ги укине сертификатите за ковид (за вакцинација, болест, тестирање, антитела) како услов за пристап до јавни места во затворен простор, изјави премиерот Кирил Петков. Тој како аргумент го наведе справувањето со петтиот бран на инфекција со корона вирус предизвикан од варијантата Омикрон. Министерката за здравство Асена Шербезова […]

Италија ги укинува ковид мерките- Наскоро без пропусници и карантин


На туристите треба да им се дозволи влез во земјава без никакви проблеми кон средината на април. Италијанската влада одлучи да укине некои од мерките, како што се карантинот, зелените пропусници и да дозволи влез на странски туристи во земјата кон средината на април. Споменатиот датум е 17 април, токму кога паѓа католички Божиќ.Се чини […]