Продолжува собраниската расправа за Законот за минимална плата


Пратениците во Собранието денеска на пладне треба да ја продолжат расправата за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, со кој минималната плата ќе изнесува 18.000 денари. Вчера на почетокот на расправата, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, образложувајќи го Предлогот на закон рече дека тој е подготвен […]

Анксиозноста кај младите во време на пандемија, прва тема на Отворените разговори за менталното здравје


Под наслов „Пандемија во пандемија. Криза на менталното здравје. Знаеме ли што ни се случува?“ од денеска, започнуваат Отворените разговори за менталното здравје во организација на „Ротари Клуб Скопје Интернационал“. Како што најавуваат организаторите, Разговорите ќе се одржуваат онлајн на платформата Зум, а првата тема им е посветена на младите во време на пандемијата и […]

Облачно со дожд и постудено


Времето денеска ќе биде претежно облачно со температура за 6 до 8 степени пониска во споредба со вчерашната и со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 литри на квадратен метар воден талог. […]

Западот најавува нови санкции против Русија, колку ќе бидат ефикасни


Западните држави за денеска најавија нови санкции против Русија заради признавањето на Доњецк и Луганск како независни држави, јавија агенциите. Нови мерки најавија САД, ЕУ, Велика Британија, Канаа, а и Јапонија најверојатно ќе се приклучи на западните санкции против Русија.  САД денеска ќе објават нови санкции против Русија како одговор на одлуката на Москва да […]

Кина во ОН бара воздржаност од сите страни во Украина


Кина повика на воздржаност од „сите страни“ за да се избегне понатамошна ескалација во украинската криза, повикувајќи на дипломатско решение за време на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН. „Сите засегнати страни мора да покажат воздржаност и да избегнуваат каква било акција што може да поттикне тензии. Го поздравуваме и охрабруваме секој напор […]

Вашингтон ќе ги „процени“ воените потези на Русија пред нови мерки


САД ќе ги „проценат“ следните воени потези на Русија пред да усвојат какви било нови одмазднички мерки против Москва. Тоа синоќа го изјави висок функционер во Белата куќа, откако Москва ги призна украинските сепаратистички територии како независни држави. Вашингтон ќе продолжи со своите дипломатски напори „додека руските тенкови не се поместат“, изјави високиот функционер. Тој […]

Османи го осуди руското признавање на Доњецк и Луганск


Силно го осудуваме признавањето од страна на Русија на украинските области Доњецк и Луганск како независни, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи. – Ваквите акти претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Северна Македонија уште еднаш ја повторува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, наведува Османи, […]

За Турција потегот на Русија е неприфатлив


Турција смета дека е неприфатлива одлуката на Русија да ја признае независноста на т.н. Доњецка и Луганска нарона република, соопшти Министерството за надворешни работи на земјава. „Одлуката на Руската Федерација да ги признае таканаречените републики Доњецк и Луганск е кршење на Договорите од Минск, како и јасно нарушување на политичкото единство, суверенитет и територијалниот интегритет […]

НАТО ја обвини Русија дека бара изговор за инвазија


Ја осудувам одлуката на Русија да го прошири признавањето на самопрогласените „Доњецка народна република“ и „Луганска Народна република“, изјави вечерва генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. – Ова дополнително го поткопува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, ги еродира напорите за решавање на конфликтот и ги прекршува договорите од Минск, во кои Русија е засеганата […]

Ни Бугарија нема разбирање за одлуката на Путин


Бугарскиот премиер Кирил Петков вечерва на својот профил на Твитер експресно ја осуди одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги признае Доњецк и Луганск како независни ентитети. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков напиша дека Бугарија продолжува да го поддржува територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници. „Мора да […]

Се што најавија западните медиуми се остварува: Путин распоредува војници во источна Украина


Се што најавуваа како сценариот западните политичари и медиуми почна да се остварува. Место лажните најави дека се повлекува, рускиот претседател Владимир Путин вечерва наредил распоредување војници за да се зачува мирот во регионите на источна Украина, Луганск и Доњецк.Овие територии се под контрола на сепаратистите, а  Москва од денеска ги признава како независни држави, […]

Вучиќ: Притисокот врз Србија ќе биде поголем од кога било претходно поради одлуката на Путин


По одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за признавање на двете самопрогласени републики во источна Украина, Доњецк и Луганск, српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека позицијата на Србија не е лесна и дека ја доведува во ситуација кога има бројни предизвици, како и дека се почнати притисоци за воведување на санкции кон Русија, јави […]

Путин ја призна независноста на двата сепаратистички региони во Украина


  По долготраен говор кој траеше речиси еден час, Владимир Путин рече дека ќе ја признае независноста на две територии на источна Украина, Луганската Народна Република (ЛПР) и Народна Република Доњецк (ДПР). По телевизиското обраќање до Русија емитувано на државниот информативен канал во земјата, Путин им се придружи на лидерите на ЛПР и ДПР да […]

Како верните соработници пелтечеа во апсурдниот и гневен спектакл на Путин


  Седејќи сам на бирото во големата сала со столбови во Кремљ, Владимир Путин погледна низ пространиот под со паркет кон неговиот совет за безбедност и праша дали некој сака да изрази алтернативно мислење. Тој беше пречекан со тишина. Неколку часа подоцна, рускиот претседател се појави на државната телевизија за да одржи луто, необично предавање […]

Европските лидери ја осудија одлуката на Путин


  Лидерите на Европската унија ја осудија одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја признае независноста на двата проруски сепаратистички региони во Украина. „Признавањето на двете сепаратистички територии во Украина е очигледно кршење на меѓународното право, територијалниот интегритет на Украина и договорите од Минск“, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во […]

Путин го испраќа својот врвен советник на Балканот


БЕЛГРАД – Со сите очи вперени кон можна руска инвазија на Украина, рускиот претседател Владимир Путин, според извештаите, го испраќа својот висок безбедносен пратеник на Балканот, каде што Москва се обидува да одржи влијание главно преку својот сојузник Србија. Српските провладини медиуми во понеделникот објавија дека Николај Патрушев, моќниот секретар на Советот за безбедност на […]

Османи: Наше е барањето со еден документ да се затворат сите отворени прашања


Наше е барањето да има еден сеопфатен документ со кои ќе се затворат сите политички прашања со Бугарија, со чие решавање тие ќе се затворат еднаш засекогаш, тоа не е бугарско барање, изјави во вечерашната Топ Тема, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на прашањето на Боби Христов, дали Македонија со ваквиот став можеби крева […]

Вонредно обраќање на Путин до нацијата: Украина е создадена од Русија


Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање до нацијата ја образложува одлуката според која наскоро има намера да го признае суверентитетот на т.н. Доњецка Народна Република и т.н.Луганска Народна Република во Украина, кои не се признаени од ниту една членка на ОН. Своето обраќање Путин го почна со историјата, тврдејќи дека модерна Украина е создадена […]

Османи: Предлогот за амбасадор во Софија е утврден, се чека агреман од Бугарија


Министерот за наддвоешни работи Бујар Османи вечерва изјави дека е определен дипломатот кој ќе ја извршува функцијата амбасадор на Република Северна Макеонија во Република Бугарија. „Предлогот за амбасадор во Софија веќе е утврден, чекаме агреман од Република Бугарија и веднаш ќе бидде упатен. Станува збор за дипломат од кариера со неколку претходни мандати во различни […]

Борел го повика Путин да не ги признава самопрогласените републики во Украина


Шефот на ЕУ дипломатијата Жосеп Борел упати повик до рускиот претседател Владимир Путин да не ги признае таканаречените републики Доњецк и Луганска, јави дописничката на МИА од Брисел. Борел ова го изјави по завршувањето на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, што се одржа денеска во Брисел и во најголем дел беше посветен […]