Османи: Предлогот за амбасадор во Софија е утврден, се чека агреман од Бугарија


Фото: Б. Грданоски

Министерот за наддвоешни работи Бујар Османи вечерва изјави дека е определен дипломатот кој ќе ја извршува функцијата амбасадор на Република Северна Макеонија во Република Бугарија.

„Предлогот за амбасадор во Софија веќе е утврден, чекаме агреман од Република Бугарија и веднаш ќе бидде упатен. Станува збор за дипломат од кариера со неколку претходни мандати во различни мисии и амбасади во светот“, рече Османи во гостувањето на Топ тема на ТВ Телма.

Тој додаде дека се надева многу брзо ќе биде определен и амбасадор во Вашингтон, а дополнително ќе се реши дали тоа ќе биде дипломат од кариера или политичко решение.