Вашингтон ќе ги „процени“ воените потези на Русија пред нови мерки


САД ќе ги „проценат“ следните воени потези на Русија пред да усвојат какви било нови одмазднички мерки против Москва. Тоа синоќа го изјави висок функционер во Белата куќа, откако Москва ги призна украинските сепаратистички територии како независни држави.

Вашингтон ќе продолжи со своите дипломатски напори „додека руските тенкови не се поместат“, изјави високиот функционер. Тој одби да каже експлицитно кои воени движења би можеле да се квалификуваат како инвазија.