НАТО почнаа воени вежби во Полска поради тензиите во Украина


Долго планираните воени вежби на НАТО „Saber Strike 2022“ денеска почнаа во Полска, во моменти на ќор-сокакот во односите меѓу Русија и Западот околу Украина, јави ДПА.

Во меѓународните воени вежби учествуваат околу 1.300 полски војници, се наведува во соопштението на полската армија.

„Тренинг вежбите како „Sabre Strike 2022“ се планирани однапред и не се поврзани со некоја тековна операција“, се додава во сооппштението на полската армија.

-Маневрите се фокусирани на северниот дел на земјата, за ДПА изјави портпаролката на полските вооружени сили. Полска се граничи со Украина на југоисток.

Во маневарот учествуваат и војници од САД и други земји од НАТО.