Бројот на новозаболени падна на 234, но починаа уште 17 лица
Силината на Омикрон бранот изгледа полека стивнува затоа што во последните 24 часа се регистрани само 234 нови случаи на Ковид-19. Ваква ниска бројка немало многу одамна, но дел од причините за неа лежи и во тоа што вчера беше недела.
Направени се 1.318 тестови, што изнесува 17,7 проценти од примероците. Регистрирани се вкупно 17 починати лица.
Нови случаи според градови: Скопје – 180, Кавадарци – 19, Куманово, Прилеп и Неготино – по 6, Велес – 4, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Битола, Струмица, Струга, Свети Николе, Дебар, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1. Од вкупниот број на позитивни (234), регистрирана е 31 реинфекција.
Регистриран сe 1.491 оздравени пациенти од: Скопје – 749, Тетово – 85, Битола – 73, Куманово – 69, Прилеп – 57…
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 3 починати лица од Скопје (72, 74 и 76), по 2 починати лица од Битола (81 и 91), Куманово (77 и 81) и Струмица (58 и 65) и по едно починато лице од Кочани (60), Охрид (64) и Тетово (64). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени пет починати лица од: Битола (1), Виница (1), Гостивар (1), Дебар (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 61г. до 80г. Лицата за починати се пријавени во период од 14.02. до 18.02.2022.
Кај сите 17 лица починати лица се регистрирани коморбидитети.
Бројот на починати изнесува 8.915 а активни случаи има 6.318.
Најмногу активни случаи има во Скопје – 3.632, а во Македонска Каменица и Дојран нема ниту еден.