Речиси пет илјади македонски граѓани лани побарале азил во Европа


Азил во некоја од земјите на ЕУ лани побарале 4.922 македонски граѓани, што е значително зголемување во однос на 2020 година кога нивниот број бил 1.230. Најголем број од нив се обиделе да најдат засолниште во Германија. Податоците на Агенцијата за азил на Европската унија (EUAA) покажуваат општ тренд на зголемување на бројот на азиланти, […]

Се намалува бројот на активни ковид – случаи


Продолжува трендот на повеќе оздравени отколку заразени од Ковид-19, а со тоа опаѓа и бројот на активни случаи. Во меѓувреме, во тек е скринингот за имунитетот на граѓаните во Скопје и во другите градови, а продолжува и скринингот во училиштата. Надлежните очекуваат во наредниот период да се стабилизира епидемиолошката ситуација во државата и оти веќе […]

Две третини од граѓаните не ги прифаќаат бугарските барања


Голем дел од граѓаните не се расположени за прифаќање на бугарските барања, особено оние што се однесуваат на јазичните и идентитетските прашања, дури и ако тоа би значело деблокирање на евроинтегративниот процес, покажува анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон ЕУ. Во исто време, власта го повтори ставот оти во интерес на […]

Сончево и топло до 18 степени


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал -6 до 1, а максималната од 11 до 18 степени. Во Скопје, претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 15 степени. Под […]

Кулеба: Киев е погоден од „ужасни“ напади


Украинскиот министер за надворешни работи денеска објави дека главниот град Киев бил под „ужасни“ руски напади во текот на ноќта. „Последен пат нашиот главен град доживеа нешто слично во 1941 година, кога беше нападнат од нацистичка Германија.Украина го победи тоа зло и ќе го победи ова“, напиша Дмитро Кулеба на Твитер. Кулеба повторно повика на […]

Хронологија на настаните од вчерашниот ден од руско-украинската криза


–Настани што може да се потврдат од руско-украинскиот конфликт од вчерашниот ден – 25 Февруари 2022. Хронолошки распоред: Руски воени возила преминуваат од Белорусија во Украина на преминот Сенковка во Черниговската област. Руски воени возила го минуваат мостот кај Тавриск и Нова Каховка во јужната Херсонска област и руски воени хеликоптери летаат над тоа подрачје. […]

Вонреден самит на ЕУ: Построги санкции против Русија и стратегија за енергетско осамостојување


Лидерите на ЕУ околу 2 часот и половина утринава одржаа прес конференција на која ги презентираа главните заклучоци од вонредниот самит посветен на руската инвазија во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Шефовите на држави и влади на ЕУ покажаа обединет фронт во момент кога Москва започна нова војна на европскиот континент. Како одговор […]

Руските милијардери изгубиле 39 милијарди долари за еден ден


Најбогатите Руси изгубиле 39 милијарди долари за помалку од 24 часа, пишува Блумберг. Рускиот референтен берзански индекс МОЕКС Русија забележа пад од 33 проценти, што е петти најлош пад во историјата на берзата. Вагит Алекперов, претседател на управата на Лукоил, доживеа најголем пад на својата нето вредност – таа падна за околу 6,2 милијарди долари […]

САД воведоа санкции против Сбербанк


Американската администрација денеска воведе санкции за најголемата руска банка Сбербанк, соопшти Министерството за финансии. Американските институции мора да ги затворат своите сметки во Сбербанк во рок од 30 дена. Сбербанк, во мнозинска државна сопственост, е најголемиот кредитор на руската економија и банка со најмногу штедни влогови. Американскиот претседател Џо Бајден претходно најави мерки против втората […]

Најмалку 137 Украинци досега загинале во руската офанзива


Најмалку 137 Украинци загинале од почетокот на руската офанзива, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. – 137 херои, наши сограѓани ги загубија животите, рече украинскиот лидер во видео порака објавена на социјалните мрежи и на веб-страницата на украинското претседателство. Зеленски, исто така, рече дека во борбите биле повредени 316 Украинци. Украинскиот министер за здравство Виктор […]

Украинските сили ја повратија контролата на аеродромот кај Киев


Украинските власти доцна во четвртокот соопштија дека го одбиле рускиот обид да го заземе аеродромот Хостомел, кој се наоѓа на околу 10 километри од границите на градот Киев. Повторното заземање беше објавено и во украинскиот печат. Претходно во текот на денот, властите пријавија тешки борби околу Хостомел северозападно од Киев, каде што видео снимката покажува […]

Банката под санкции ВТБ ги префрли сите свои акции во кипарска банка


  Руската државна банка ВТБ денеска ги префрли сите свои акции во РЦБ Банка на кипарските акционери, со што РЦБ стана банка во 100 отсто сопственост на Кипар. Овој потег има за цел да ја ослободи банката од санкциите наметнати на ВТБ банка од Западот. Рускиот акционер, кој имаше 46,29 отсто од банката, ги префрли […]

Руските ракети паѓаат како дожд на Украина во првиот ден на инвазијата


  Украинските сили се бореа со руските војски на три страни во четвртокот, откако Москва изврши напад по копно, море и воздух во најголемиот напад на европска држава од Втората светска војна. Откако рускиот претседател Владимир Путин објави војна во телевизиско обраќање пред зори, во текот на утрото се слушаа експлозии и пукотници во Киев, […]

Ѓоковиќ загуби во Дубаи, веќе не е прв на АТП листата


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа денеска да се пласира во полуфиналето на турнирот во Дубаи, откако загуби од Чехот Јиржи Весели со 6-4, 7-6. Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Весели, првиот и 123. рангираниот на АТП листата, траеше речиси два часа. Ѓоковиќ со поразот во четвртфиналето на турнирот во Дубаи го загуби и првото место на АТП листата, кое […]

Првите бегалци од војната во Украина пристигнаа во Полска


Првите бегалци од Украина денеска по копнен пат и железница пристигнаа во Полска, членка на Европската унија, пренесува Бета. Редовен воз од Харков во источна Украина попладнево пристигна со неколку стотини патници во полскиот град Пшемишл, во близина на западната граница на Украина. Патниците од сите возрасти, со работи спакувани во торби и ранци, рекоа […]

Поранешни европски лидери со оставки од руски фирми поради Украина


Неколку поранешни европски лидери се повлекоа денеска од одборите на директори на руски компании по руската инвазија на Украина. Еско Ахо, кој беше премиер на Финска од 1991 до 1995 година, поднесе оставка од управниот одбор на Сбербанк, најголемата руска банка. „Работата по нападот стана невозможна за мене“, изјави тој за финскиот дневен весник „Илта-Саномат“. „Во […]

Бајден разгледува неколку опции за масовен кибер напад на Русија


Американските разузнавачки агенции му предложиле на американскиот претседател Џо Бајден неколку опции за извршување масовен кибер-напад, со кој „ќе ја спречи Русија да продолжи со операциите во Украина“, изјавија четири извори за Ен-Би-Си Њуз. Според нив, на Бајден му било понудено да користи американско кибер-оружје „од невидени размери“. Конечната одлука, како што соопштија двајца американски […]

Бајден: Путин е агресивен, избра војна и време е да ги почуствува последиците


Претседателот на САД, Џо Бајден, се обрати вечерва на нацијата најавувајќи ги новите мерки што ги презема против режимот на Владимир Путин со порака до граѓаните во земјите членки на НАТО – дека нема сомнение дека  ќе се активира членот пет , односно НАТО ќе се вклучи воено ако биде нападната некоја од земјите во […]

Антивоени протести во Русија, уапсени над 700 лица


Руската полиција приведе повеќе од 700 луѓе на антивоените протести во повеќе градови во Русија, откако претседателот Владимир Путин испрати војници да ја нападнат Украина, соопштија независни набљудувачи. „Повеќе од 735 лица се приведени во 40 градови“, соопшти ОВД-Инфо, која следи апсења на митинзи на опозицијата. Повеќе од 330 лица се приведени во Москва, соопшти […]

Борис Џонсон ги замрзна парите на руските банки во Велика Британија


  Британскиот премиер Борис Џонсон   го претстави пакетот „остри“ санкции против Русија, насочени кон банки, членовите на потесното опкружување на претседателот Владимир Путин и екстремно богатите Руси со имот во Велика Британија. Западните земји го координираат воведувањето остри санкции против Русија поради инвазијата врз Украина. „Овој одвратен варварски потфат на Владимир Путин мора да заврши […]