Банката под санкции ВТБ ги префрли сите свои акции во кипарска банка


 

Руската државна банка ВТБ денеска ги префрли сите свои акции во РЦБ Банка на кипарските акционери, со што РЦБ стана банка во 100 отсто сопственост на Кипар.

Овој потег има за цел да ја ослободи банката од санкциите наметнати на ВТБ банка од Западот.

Рускиот акционер, кој имаше 46,29 отсто од банката, ги префрли сите акции на другите двајца кипарски акционери на РЦБ Банка.

Новата акционерска структура е доставена на одобрување до Единствениот надзорен механизам.