Нов обид за минималната плата, ако нема договор, синдикатите на штрајк


Нова средба меѓу синдикатите, работодавачите и Владата е закажана за денеска во 16 часот на која повторно ќе се разговара за барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. За синдикатите е неприфатлив предлогот на работодавачите изнесен на последниот Економско-социјален совет одржан во средата, бидејќи според пресметките на синдикатот во тој случај […]

Сто и педесет години од раѓањето на Гоце Делчев


Во земјава денеска се одбележуваат 150 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Во Музејот на македонската борба денеска на пладне ќе биде отворена изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев (1872 – 2022)“ што ја подготви […]

Бектеши на министерски состанок за Јужниот гасен коридор во Баку


Министерот за економија, Крешник Бектеши придружуван од Бајрам Реџепи, директор на „Национални енергетски ресурси“ АД, денеска ќе присуствува и ќе се обрати на 8. Министерски состанок на Советодавниот совет на Јужниот гасен коридор што се одржува во главниот град на Азербејџан, Баку. Како што соопшти Министерството за економија, министерот Бектеши ќе се обрати на пленарната […]

Секој трет тестиран позитивен, вакцинацијата најдобра заштита од Ковид-19


Секој трет тестиран е позитивен на Ковид-19. Активни се 13.962, а повеќе од половината –  7624 се во Скопје. Надлежните велат дека нема потреба од нови рестрикции и дека најдобар начин за справување со пандемијата е вакцинацијата. Апел за имунизација и почитување не мерките вчера упатија министерот за здравство Беким Сали и верските лидери. Вакцинацијата […]

Во Грција активни околу 140.000 случаи на Ковид-19


Грција – Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Грција и понатаму е висок, околу 140.000, додека, пак, во изминатата седмица во просек биле регистрирани по околу 19.000 новозаразени дневно, според податоците што ги соопшти професорката Вана Папаевангелу од комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство, јави дописничката на МИА од Атина. Од новите случаи […]

Променливо облачно и студено


Претпладне променливо облачно и студено, по одделни котлини со значителна ниска облачност. Попладне претежно сончево. Претпладне ќе дува слаб северен, а попладне слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје претпладне променливо облачно, а попладне сончево. Минималната […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 4 февруари 2022 година, 35-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 330 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 45 минути, а ќе зајде во 16 часот и 50 минути. Денов трае 10 часа и 5 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

МНР против „замрзнувањето“ на работата на Историската комисија


  По реакциите во Бугарија околу изјавата на Драги Ѓоргиев од заедничката Историска комисија помеѓу  Македонија и Бугарија дека е најдобро нејзината работа да биде замрзната за две години додека не се создаде подобра политичка клима за нејзината работа, бидејќи влегувањето во ЕУ ќе трае десетина години, со порака излезе и нашето Министерство за надворешни работи, […]

Трајко Славески нема разбирање за синдикатите туку за работодавачите


  Еден ден пред важниот состанок на Економско-социјалниот совет околу минималната плата и најавениот протест на ССМ, шефот на економскиот тим во ВМРО-ДПМНЕ, професорот Трајко Славески, ги осуди барањата на синдикатите. Тој во изјава за ТВ 24 изјави дека барањата на Сојузот на синдикати за зголемување на платите на работниците на 18.000 денари се „неоправдани […]

Олаф Шолц ќе ја посети Москва на 15 февруари


Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе ја посети Русија на 15 февруари, а претходно ќе замине во Вашингтон и Киев, објави Зидојче цајтунг. Канцеларот има намера да ги интензивира дипломатските напори во врска со ситуацијата во Украина. Според изданието, во вторник, 8 февруари, Шолц во Берлин ќе разговара со претседателите на Франција Емануел Макрон и на […]

Мицкоски ќе повикa на народен отпор за промена на власта


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја радикализира реториката. Тој вечерва ја повика власта да седнат и да се договорат за предвремени избори, а ако не ќе повика на народен отпор за промена на Владата.  -Ако се одговорни и ако им мислат добро на граѓаните и на Македонија, треба да седнеме на  лидерска средба, да ги […]

Жан-Мари Ле Пен хоспитализиран поради мозочен удар


Жан-Мари Ле Пен, соосновачот и поранешен претседател на радикално десничарскиот француски Национален фронт, е примен в болница поради мозочен удар, изјави денеска неговиот советник. Лорен де Сен Африк потврди дека 93-годишниот Ле Пен е хоспитализиран во средата навечер и се очекува да биде пуштен во рок од 36 часа. – Денешните прегледи покажаа дека нема […]

Петков: Во Северна Македонија и Бугарија има сили кои не сакаат добрососедство


Во Република Северна Македонија и Бугарија има многу јасни сили кои не го сакаат ова добрососедство и стабилност и ќе ја искористат секоја можност во наредните недели да го блокираат нашиот процес, вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за БНТ коментирајќи ги односите Софија-Скопје. Тој нагласи дека  „за надворешната политика во нашите односи, одговорни […]

Силен земјотрес регистриран во Перу


Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Перу. Епицентарот на земјотресот бил во близина на границата со Еквадор, на длабочина од 100 километри. Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Во ноември 2021 година во Перу беше регистриран земјотрес со интензитет од 7,5 степени според […]

Мицкоски на средбата со Баздникин ја поддржал Украина


Лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му порачал денес на амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин, дека се залага за  почитување на територијалниот интегритет на сите независни држави и за дипломатско надминување на сите различни ставови во поглед на актуелните прашања. Тој практично се најде на иста линија со ставот на македонската влада, искажан […]

Нови 1.715 случаи со Ковид-19, 24 починати лица 


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 4.811 тестови, а регистрирани се 1.715 нови случаи со КОВИД-19, 24 починати лица и 2.057 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од 1.715 новозаболени од Скопје се 882, Битола – 87, Куманово – 75, Тетово – 69, Кавадарци – 66, Велес – […]

Министерката за култура на заедничкото одбележување со делегацијата од Бугарија


По повод одбележувањето 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, Владата на Македонија на 4 февруари 2022 година, со свои претставници ќе организира и ќе биде вклучена во неколку свечени настани и одбележувања. Во 10 часот, Владата ќе има своја делегација составена од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан […]

Европските фудбалски клубови во загуба од седум милијарди евра поради коронавирусот


Англија– Двегодишната пандемија на Ковид-19 им предизвика загуби на европските фудбалски клубови од седум милијарди евра, покажува најновата студија на УЕФА, со која биле опфатени 724 екипи во 54 прволигашки натпреварувања. Прволигашките екипи претрпеле загуби од четири милијарди евра во 2021, а една година претходно три милијарди евра. Најголем дел од загубите се предизвикани од […]

Министерот Спасовски даруваше крв во Институтот за трансфузиона медицина


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска даруваше крв во Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ), во рамки на редовните крводарителски акции кои ги организира тимот на професионалци Blood Bank – Tenk од Одделот за планирање, организација и реализација на крводарителство при ИТМ.   Како што соопштија од МВР, Спасовски е редовен крводарител, а неодамна даруваше […]

И УНИЦЕФ реагира за дискриминацијата на малата Ембла


УНИЦЕФ ја осудува дискриминацијата на 11-годишната ученичка од Гостивар, за која објавија медиумите, и итно бара да се направи поголем колективен напор за да им се овозможи на сите деца да го остварат своето право на квалитетно и инклузивно образование, соопшти канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава, реагирајќи на бојкотот на родители кои не сакале нивните […]