Лани за 11 месеци извезени стоки во вредност од 6,3 милијарди евра


Во периодот јануари – ноември 2021 година, од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 390,084 милијарди денари (6,329 милијарди евра), што е за 20,9 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во истиот период увезена е стока во вредност 535,648 милијарди денари (8,691 милијарди евра) или за 27,7 отсто повеќе […]

Приватните превозници во Скопје бараат помош од Владата


Поради покачувањето на цената на метанот, приватните превозници се соочуват со економска штета и нормално функционирање на автобусите. Неопходно е Владата да интервенира со одредени активности или субвенции што ќе им помогнат да ја совладаат оваа состојба, апелираше денеска директорот на приватното претпријатие „Слобода превоз“. -Во моментов, кон добавувачите на метан и нафта имаме долг […]

Европските здравствени системи пред колапс поради брзото ширење на омикрон


Европските здравствени системи повторно се под голем притисок поради брзото ширење на омикрон сојот на коронавирусот за време на празниците, а експертите предупредуваат дека врвот на инфекцијата допрва доаѓа. И покрај првичните истражувања кои покажуваат дека ризикот од тешка болест и хоспитализација поради омикрон е помал отколку кај делта варијантата што беше доминантна досега, здравствените системи во […]

Дизелот поскапува за два, а бензините за половина денар по литар


Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, а бензините поскапуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,24 отсто. Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 […]

Франција ќе ја следи временската рамка на Софија околу блокадата


  БРИСЕЛ – Висок дипломатски извор за МИА денеска објасни дека француското претседателство сака да го надмине спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, и дека треба да ја почитува временската рамка дадена од страна на Софија. На прашање дали Франција сака и планира да ги одржи првите меѓувладини конференции за пристапните преговори со Северна Македонија […]

Како британската кралица Елизабета Втора ќе го прослави платинестиот јубилеј?


Англија– Бакингемската палата ја објави целосната програма со настани планирани за прославата на платинестиот јубилеј на британската кралица Елизабета Втора – 70 години владеење на британскиот Престол. Прославите ќе вклучуваат отворање за јавноста на приватните имоти на 95-годишната кралица, а некои од најголемите светски ѕвезди ќе настапат пред Бакингемската палата во Лондон. Се верува дека […]

Харвард ја прогласи Џенифер Гарнер за жена на годината


САД– – Џенифер Гарнер е прогласена за жена на годината од „Hasty Pudding Theatricals“ на Универзитетот Харвард, врз основа не само на нејзината кариера како актер, туку и поради нејзиното досие како филантроп и претприемач, соопшти организацијата во четвртокот.  Гарнер (49) ќе биде почесен гостин на парадата низ Харвардскиот плоштад, по што ќе следи церемонијата […]

„Адора инженеринг“ бара помош за да ја стави под контрола БЕГ


„Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје“ на никаков начин не е вклучена во оперирањето со производството и испораката на топлинска енергија во Скопје и нема никакво влијание и контрола врз нејзиниот квалитет. „По реакциите на граѓаните за квалитетот при испораката на топлинска енергија во Скопје, сакаме да ја информираме јавноста дека ‘Адора инженеринг’ нема никакви ингеренции и […]

Македонските репрезентативци ќе добијат премија 50 илјади евра доколку се пласираат во втората фаза на ЕП


Македонската ракометна репрезентација ќе биде наградена со 50 000 евра доколку успее да се пласираат во втората рунда на Европското првенство. Ракометна федерација на Македонија уште еднаш покажа дека знае да ги вреднува резултатите на националниот тим и да придонесе за дополнителна мотивација кај играчите. Репрезентацијата утре со чартер-лет ќе отпатува за Дебрецен, а на […]

ССМ бара ресорот труд и социјална политика да го води човек кој знае како се води социјалниот дијалог


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара од мандатарот Димитар Ковачевски Министерството за труд и социјална политика (МТСП) да го води човек кој, како што велат, знае како да ги реши проблемите на работниците и укажува дека е време работниците да добијат министер, синдикалец од нивните редови „кој знае како се води социјалниот дијалог“. -Деновиве […]

Ерата на Џон Галијано во фокусот на новата книга на Диор


Франција-  Нова книга за масичка за кафе се фокусира на креациите на Џон Галијано за Диор, од полноќниот син сатенски фустан што принцезата Дијана го носеше на Мет Гала во 1996 година до фустан од тул во канари жолта боја од неговата последна колекција висока мода за француската модна куќа во 2011 година, инспирирана од […]

Рускиот свет


  Where black is the color, where none is the number (Bob Dylan, „A hard rain’s a-gonna fall“) Го прочитав, да речеме, есејот на Путин за Русија и Украина. Колку што можам да разберам, ги содржи сите политички ставови на авторот. Не е лесно да се заклучи ништо друго освен дека Путин својата политичка цел […]

Петков не е Наполеон – никој нема да го чека 100 дена


  Како и да гледате, Кирил Петков не е Наполеон и не треба да чекаме 100 дена да видиме што ќе прави новата влада, е оценката денес на бугарскиот медум „Сега“ пред средбата на Советот за национална безбедност.  „Нема време за чекање – Бугарија е заробена во кризи кои тешко се бројат. Државата се соочува […]

“Gucci Tiger” –  италијанскиот бренд со нова колекција за лунарната Нова Година


Италија– Како подготовка за лунарната Нова Година, Гучи ја прославува Годината на тигарот со својата колекција на реди-ту-веар облека „Гучи тигар“. Капсулната колекција е предводена од маици и препознатливите разнобојни монограми на брендот, кои се наредени над акварел илустрации на тигри среде цветни позадини, како и кардигани, џемпери…  Афинитетот на креативниот директор Алесандро Микеле кон […]

Васоски претставен како нов тренер на Сараево


Македонскиот фудбалски стручњак Александар Васоски денеска беше претставен како нов тренер на ФК Сараево. Првиот човек на клубот Исмир Мирвиќ рече дека му е драго што зборуваат за иднината, додека досега ги решавале проблемите од минатото. „Почнавме да ги приближуваме лушето кои се важни за клубот и тоа се чувствува“, рече Мирвиќ. Според него Васоски […]

МНТ со успешна година- праизведби, гостувања, награди и признанија


Зад нас останува уште една сосема успешна година, исполнета со висококвалификувана продукција од домашни и странски автори, современа драматургија, интимен театар, работилници, разговори и дискусии од процес до реализација на една претстава, отворена сцена – ПАНФИЗ, фестивали, гостувања, издавање монографија, начин на изразување на нови и стари уметнички форми препознаени од пошироката театарска маса, а […]

Сметководителите повторно бараат продолжување на рокот за финансиските извештаи до 31 март, се жалат и на УЈП


Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори денеска на прес-конференција уште еднаш апелира да се продолжи рокот за поднесување годишни финансиски извештаи до 31 март. Сметководителите се пожалија и дека им пристигнуваат решенија за враќање на користената финансиска поддршка во 2020 година кои се со повеќемесечно задоцнување. Тие бараат средба со министерот за економија […]

Саниран деликатен дефект поради кој дел од Скопје беше без водоснабдување


Во текот на вчерашниот ден теренските екипи на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје се соочија со дефект на ул. „Теодосиј Гологанов“, односно на крстосницата со ул. „Анкарска“. Поради дефект на цевка со дијаметар од 400мм без водоснабдување беа оставени жителите од соседните улици, односно улиците: „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Анкарска“, „Атинска“, „Њуделхиска“, „Бахар Моис Римска“, […]

Снег во западните и северните делови, како и на повисоките места


Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи (на повеќе места над 25л/м2, а локално и над 30л/м2). Вренежите во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег. Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. […]

Бе-ем-ве на тронот: Најпродаван во САД и во светот


„Бе-ем-ве“ за 2021 година заврши како најголем производител на премиум автомобили на светот. „Бе-м-ве“ и „Мерцедес“ веќе со децении водат битка за тронот мешу премиум производителите. Ова натпреварување е особено важно на американско тло, а минатата година за најпродаван премиум производител во САД прогласен е токму „Бе-ем-ве“. Баварците 2021 година ја завршија со 336.644 испорачани […]