Харвард ја прогласи Џенифер Гарнер за жена на годината


САД– – Џенифер Гарнер е прогласена за жена на годината од „Hasty Pudding Theatricals“ на Универзитетот Харвард, врз основа не само на нејзината кариера како актер, туку и поради нејзиното досие како филантроп и претприемач, соопшти организацијата во четвртокот. 

Гарнер (49) ќе биде почесен гостин на парадата низ Харвардскиот плоштад, по што ќе следи церемонијата на која ќе го прими тенџерето со пудинг, се вели во соопштението на театарската трупа.

„Hasty Pudding Theatricals“, која датира од 1844 година и се смета за трета најстара театарска група во светот, ја основа својата награда за жена на годината во 1951 година за да им оддаде чест на луѓето кои дале „траен и импресивен придонес во светот на забавата“. Минатогодишната добитничка беше Вајола Дејвис, а претходните победници ги вклучуваат Мерил Стрип, Кетрин Хепберн, Етел Мерман и Шер.

Датумот на парадата, 5 февруари, е исто така отворена вечер за најновиот настап на групата.

„Возбудени сме што можеме да и оддадеме почит на Џенифер Гарнер, која ќе биде првата жена на годината на која ќе и биде доделена почит на вечерта на отворањето“, рече копродуцентката Моли Чианг. 

Гарнер беше номинирана за неколку Primetime Emmy награди за нејзината улога како Сиднеј Бристоу во телевизиската шпионска серија „Alias“.

Гарнер е управник на Save the Children и се залагаше на Капитол Хил и низ целата земја да ја подигне свеста и средствата за организацијата. Таа, исто така, ја основаше компанијата за органска храна „Once Upon a Farm“ во 2017 година, со цел да им обезбеди на децата најквалитетна храна одгледувана со одржливи методи.

Џејсон Бејтмен, кој го играше сопругот на Гарнер во филмот „Џуно“ од 2007 година, минатиот месец беше прогласен за маж на годината за 2022 година. (АП)