Никола Димитров: Не се повлеков сам


  Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров вели дека не се повлекол сам од функцијата и оти тоа што нема да биде дел од новата влада е резултат на неговите позиции во однос на прашањето со Бугарија. Тој нагласува дека нечиј интерес и во земјата и надвор од неа е тој да не биде […]

Холанѓаните стравуваат од земјотреси поради зголеменото производство на гас


Компаниите во Холандија се подготвуваат речиси двојно да го зголемат производството на гас во регионот Гронинген поради зголемената побарувачка во Германија и покрај незадоволството на граѓаните од зголемениот ризик од благи земјотреси. На Германија најверојатно ќе и требаат околу 1,1 милијарди кубни метри гас оваа деловна година. Претходно оваа недела, холандското Министерство за економија се обиде да ги смири […]

Грчкиот Wind Hellas стана дел од групацијата „Јунајтед“


Групацијата Јунајтед (United) денеска соопшти дека го завршила спојувањето на грчкиот телекомуникациски оператор Wind Hellas. Бизнис групацијата, како што се наведува во соопштението, досега има инвестирано 1,4 милијарди евра на грчкиот пазар и во следните пет години ќе инвестира најмалку дополнителни 1,3 милијарди евра во оптичката мрежа, услугите на Pay-TV и 5G мрежата. Тоа е […]

Славевски: Град Скопје нема ресурси да му доплатува на БЕГ


Трајко Славевски, претседателот на Советот на Град Скопје, во емисијата „Утрински брифинг“, рече дека главниот град нема реурси во оваа ситуација да помогне во покривањето на дел од високите трошоци на БЕГ за набавка на природен гас. Тоа е бесмислено, кога гледаме дека Владата има многу поголеми ресурси. Владата, за разлика од сите општини и […]

Програмери на апликации во App Store заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година


Програмерите на апликации заработиле повеќе од 260 милијарди долари од 2008 година од продажба на дигитални производи и услуги на App Store, објави американскиот технолошки гигант Епл. Само минатата година, програмерите заработија 60 милијарди долари, соопшти Епл. Според нив, потрошувачката на корисниците на App Store во периодот од Бадник до Нова година достигна највисоко ниво […]

Екипажи на Катај Пацифик поминале вкупно 73.000 ноќи во карантин


Екипажи на авиокомпанијата Катај Пацифик од Хонг Конг минатата година поминале вкупно 73.000 ноќевања во хотели или центри за карантин, време  еднакво на 200 години, соопшти авиокомпанијата. Тешки се времињата за авиокомпанијата, која се бори да обезбеди летови и покрај драконските санитарни мерки на властите во Хонг Конг. Претседателот на компанијата, Патрик Хили, во видео […]

На европските берзи втор ден по ред има раст


На европските берзи утрото цените на акциите пораснаа втор ден по ред, а најголем скок забележаа рударскиот и енергетскиот сектор, благодарение на поскапувањето на нафтата и суровините. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9.30 часот порасна за 0,5 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред. Лондонски FTSE индекс се зголеми за 0,48 отсто, на […]

Глобалната логистичка криза предизвика скок на контејнерскиот товар во Русија


Руската државна железничка компанија соопшти  дека во 2021 година забележала скок од 34,4 отсто во контејнерскиот товар поради глобалната логистичка криза што го пренасочи протокот на стоки на пат од Азија кон Европа преку Русија. Рускиот транзитен контејнерски сообраќај се зголеми на 1,076 милијарди TEU, се вели во соопштението на Руските железници. Компанијата прогнозираше во […]

Прванов се чуди како исчезнала историјата од заклучокот на Советот за безбедност


Темата за заедничката историја со Македонија тивко и молкум беше исфрлена заклучокот на документот усвоен од бугарскиот Консултативниот совет за национална безбедност, вели во интервју за БНТ Георги Прванов, кој беше претседател на Бугарија во периодот 2002-2012 година. Тој го опиша постигнатиот консензус на Советот како позитивен знак за бугарското општество, но вели дека во усвоените […]

На Германија ќе ѝ требаат повеќе имигранти за да го спречи недостигот на работна сила


На Германија ќе ѝ бидат потребни повеќе имигранти за да се спречи сериозен недостиг на работна сила што може да ја поткопа продуктивноста и да се загрози успешната енергетска транзиција, рече германскиот министер за економија, додека најголемата европска економија се соочува со демографска криза. – Денеска имаме 300.000 слободни работни места и очекуваме бројката да […]

Нуклеарка во ОАЕ ќе произведува 85 отсто чиста енергија до 2025 година


Корпорацијата за нуклеарна енергија на Емиратите (ENEC) денеска објави дека до 2025 година ќе произведува 85 отсто од чистата електрична енергија во Абу Даби. Нуклеарната централа Бараках има потенцијал да произведува еден милион тони водород годишно, изјави Мохамед Ибрахимал-Хамади, извршен директор на ENEC. „Ова гориво со ниска содржина на јаглерод е од суштинско значење за […]

Мета: Македонија и Албанија исполнија се, на ред е ЕУ


Република Северна Македонија и Република Албанија како соседни пријателски земји, делат исти вредности и имаат заедничка иднина. Таа заедничка иднина е во ЕУ и убеден сум дека наскоро и двете земји ќе ги почнат преговорите за членство во Унијата зашто и Северна Македонија и Албанија досега исполнија се што од нив беше побарано. Сега на […]

Од Стаал до руски колектив- познати светски уметници подарија свои дела на МСУ


Холандскиот визуелен уметник Јонас Стаал (Jonas Staal) и рускиот колектив од уметници, критичари, филозофи и писатели „Что делат“ (Што да се прави?) подарија уметнички дела на Музејот на современата уметност – Скопје, така што, уметничката колекција на музејот е збогатена со уште неколку значајни дела. Уметникот Јонас Стаал ја подари својата инсталација „Нови Сојузи“ (New Unions 2016 […]

Кање Вест по стапките на Стивен Сигал- најави настап во Русија и средба со Путин


САД– Познатиот рапер Кање Вест наскоро ќе отпатува за Русија, каде што ќе настапи, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и ќе постигне деловни договори со тамошни магнати. Оваа вест можеби и не е толку изненадувачка, ако се земе предвид тоа дека тој своевремено се нарекуваше „млад Путин“. Вест ќе пристигне во Москва подоцна […]

Во Словенија новозаразени 7.420 за 24 часа, најмногу досега


  Словенија денеска брои 7.420 нови инфекции со корона вирус од 14.814 ПЦР тестови, што е најголем број новозаразени за 24 часа во оваа земја од почетокот на пандемијата. Со тоа забележани се 2.256 повеќе од претходниот ден, а уделот на позитивни надмина 50 отсто. Како резултат на тоа, бројот на активни случаи во Словенија […]

Крај на „Плејбој“ животот- Кристал Хефнер отстранува „сè што е лажно“ од своето тело


САД– Кристал Хефнер се чувствува добро што ги закачи зајачките уши и стави крај на својот плејбој живот. Наместо тоа, русокосата бомба прифаќа ново поглавје на „скромноста“. Вдовицата на основачот на Плејбој, Хју Хефнер неодамна им се отвори на своите следбеници на Инстаграм за отстранување на „сè што е лажно“ од нејзиното тело, избирајќи да […]

Владите на Македонија и Бугарија ќе одржат заедничка седница на 25 јануари во Софија


  Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков, која е потврдена за 18 и 19 јануари, нема да биде само форма туку треба да преставува пресврт во спорот меѓу Македонија и Бугарија. Како што се дознава неофицијално, таа ќе биде главна подготовка на заедничката седница на владите на двете држави што ќе се одржи веќе на […]

ССК: Новиот Закон за електричен отпад наметнува нереално зголемени давачки за претпријатијата


Спречување или намалување на негативните влијанија од создавањето и постапувањето со отпадната електрична и електронска опрема е прашање кои треба да биде соодветно регулирано што може да се постигне со измена и дополнување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, посочуваат од Сојузот на стопански комори. Од […]

Извршени девет експлантации од починат донор, 16 пациенти добија бубрези, петмина срце, а кај осум се трансплантирани коскени ткива


Минатата година во земјава се направени девет експлантации од починат донор и притоа 16 пациенти добија бубрези, петмина срце и кај осум пациенти беа трансплантирани коскени ткива. Ова е значителен напредок споредбено со изминатите години како во полето на трансплантацијата така и во делот на подигнување на свеста за органодонорството, соопшти Универзитетската клиника за ортопедски […]

Експертка од СЗО: Омикрон варијанта не значи полесна форма на болест


Швајцарија– Американскиот епидемиолог и експертка од Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19, Марија Ван Керхове, истакна дека варијантата Омикрон не значи лесна форма на болест. Во видео клипот објавен на нејзиниот налог на Твитер, Керхове рече дека појавата на Омикрон што циркулира нашироко и кој многу ефикасно се пренесува меѓу луѓето е она што предизвикува […]