Ковачевски пречекан во Софија со највисоки државни почести


  Ако се суди според пречекот на македонскиот премиер Димитар Ковачевски во Софија од страна на неговиот домаќин Кирил Петков дводневните разговори би требало да завршат со успех. Ковачевски беше пречекан со највисоки државни почести на плоштадот „Александар невски“ а пред двајцата премиери кои го изодеа долгиот црвен тепих продефилираа водови на трите рода на […]

Бербок: Германските дипломати остануваат во Украина


Персоналот на германската амбасада и нивните семејства остануваат во главниот град на Украина, Киев, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, пренесува Дојче веле. „Меѓутоа, ситуацијата постојано се преоценува, а безбедноста на службениците има највисок приоритет“, изјави Бербок пред средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. Дипломатите, како и членовите на […]

Турција затрупана и блокирана од голем снег (галерија)


  Турција последните три дена е затрупана и блокирана од снег. Утрово и попладнево двата лета од Скопје за Истанбул беа откажани, покрај многу други што ги расипа плановите на илјадници патници. Телефоните на „Туркиш ерлајнс“ во Скопје денес беа „мртви“ и никој не се јавуваше да даде информација кога ќе стане оперативен летот од […]

„Гаспром“ објави рекордно ниски резерви на гас во Европа и Украина


Резервите на гас во подземните складишта во Европа и Украина се на историски минимум, соопшти рускиот производител на гас „Гаспром“. Повеќе од 70 отсто од волумените на гас, испорачани таму во текот на летната сезона, се испумпани од европските складишта, соопшти компанијата. Од 11 јануари 2022 година, нивоата на резерви во подземните капацитети за складирање […]

Боинг ќе инвестира во развојот на автономните летечки такси Виск


„Боинг“ ќе инвестира дополнителни 450 милиони долари во „Виск“, компанија која се занимава со развој на автономни летечки такси.   „Виск“, основана од „Боинг“ и компанија што ја покрена коосновачот на Гугл, Лери Пејџ, а се занимава со Кити Хок, еден од десетината производители на електрични авиони за вертикално полетување и слетување (eVTOL), се разликува […]

„Панасоник“ инвестира 700 милиони долари во производство на батерии за „Тесла“


Јапонската компанија „Панасоник“ ќе започне со производство на нови литиум-јонски батерии наменети за „Тесла“ веќе во 2023 година, планирајќи да инвестира околу 80 милијарди јени (705 милиони долари) во фабрики во Јапонија, објави денеска јапонскиот бизнис портал Никеи.   Литиум-јонските батерии за полнење би можеле да помогнат електричните возила (ЕВ) да бидат попривлечни за возачите […]

Ќе се заклучуваат шахтите за да не се крадат капаците


Во Скопје сè почести се случаите на крадење и оштетување на сливниците и капаците на шахтите.  Ваквите појави негативно се одразуваат на финансиското работење на ЈП „Водовод и канализаија“ – Скопје, но и на безбедноста на граѓаните во сообраќајот, порача денеска директорот Златко Перински.  Тој вели дека вложуваат напори за превенирање на оваа девијантна појава и […]

Божиновски сведочеше дека на Груевски никогаш не му дал пари во кеш


Поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, во својство на сведок во случајот „Плацови на Водно“, денеска изјави дека до обвинетиот Никола Груевски, никогаш не доставил пари во готово. Тој, воедно посочи дека нема информација во однос на прашањето дали обвинетиот Груевски, примал донации без негово присуство. Од страна на бранителот на Груевски, поставен по […]

Се трага по 77 годишно лице – од трлото со овци тгрнал дома, по што му се губи трага


На ден 23.01.2022 година во 15.40 часот од ЦУК Битола добиена е информација дека во с. Градешница е исчезнат лице со иницијали Т.Д. (77 години) кој од трлото со овци се упатил кон домот во селото Градешница при што му се губи трагата. Во текот на денот семејството и соселаните го пребарувале теренот и по […]

Во Словенија изолацијата за омикрон скратена од десет на седум дена


 Поради брзото ширење на сојот омикрон во Словенија од денеска се скратува десетдневниот период на изолација на заразените, па тие ќе можат да се вратат на работа по седум дена, доколку добијат негативен тест. Во „дежелата“ во последните 24 часа три четвртини однаправените тестови биле позитивни, односно од 11.104 тестирани регистрирани се 8.396 нови случаи […]

Расте тензијата околу Украина: НАТО испраќа нови сили на источните граници


  НАТО ги зајакнува своите источни граници со копнени, морски и воздушни сили, рече генералниот секретар на воената алијанса, додека руската инвазија на Украина се чини сè поверојатна. Јенс Столтенберг рече дека „влошената безбедносна ситуација“ ги навела сојузниците на НАТО да подготват фрегати, борбени авиони и војници за нивната „колективна одбрана“. Администрацијата на САД, исто […]

(Во живо) Ковачевски во Бугарија за заедничка седница на двете влади


Премиерот Димитар Ковачевски денеска замина за Софија каде ја предводи владината делегација во дводневна официјална посета на Република Бугарија во чии рамки е предвидено и одржувањето на мешовитиот состанок на двете влади. Владината делегација на Република Северна Македонија пристигнува во попладневните часови, а  ќе биде свечено пречекана со церемонија со највисоки државни почести на плоштадот […]

Економиите за време на пандемијата – победници и губитници


Иако пандемијата на корона вирусот сè уште не е завршена, многу економии на земјите-членки на Организацијата за меѓународна економска соработка и развој (ОЕЦД) се враќаат во нормала по катастрофалната 2020 година. Во својата анализа, The Economist ги погледна економските победници и губитници од пандемијата. Беа собрани податоци за пет економски и финансиски показатели – БДП, […]

Ни еден студент не пријавил корупција – страв или незнаење?


На УКИМ-Скопје една и пол година, а на УГД-Штип четири години ниеден студент не пријавил корупција. Студентите не ја пријавуваат зашто или ја сметаат за нормална појава или не знаат каде и како да ја пријават или зашто се плашат од одмазда и се правно несигурни и немаат доверба дека ќе бидат заштитени од системот. […]

Маричиќ нема да оди во Софија поради позитивен тест на Ковид-19


Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот фејсбук-профил информира дека поради позитивен тест на Ковид-19 нема да биде дел од владината делегација што од денеска е во официјална посета на Софија. Маричиќ истакнува дека не чувствува никакви симптоми, но наведува дека како што наложуваат правилата ќе биде во изолација. – За жал, нема да […]

Франција им го забрани влезот на невакцинирани во рестораните и на спортските терени


  Луѓето кои не се вакцинирани против Ковид-19 повеќе не смеат во француските ресторани, барови, туристички места и спортски места, освен ако неодамна не се опоравиле од вирусот. Новиот закон стапи на сила во понеделникот барајќи „пропусница за вакцина“ што е централна точка во антивирусна стратегија на владата. Франција го регистрира највисокиот дневен број на […]

Формиран е Градски eко совет


Во рамки на Град Скопје, денеска се формираше Градски еко совет – Зелен совет на Град Скопје. -Дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина, се дел од новоформираниот Градски еко совет – Зелен совет на Град Скопје. Овој Совет […]

Пукање во Германија – напаѓач упадна во Универзитетот во Хајделберг


  Неколку лица се повредени во пукотница што се случи денеска на Универзитетот во Хајделберг. Според наводите на полицијата, напаѓачот е застрелан. Како што пренесе СВР, универзитетот преку меил, ги замоли студентите да не доаѓаат во кампусот. Полицијата е на местото на злосторството, а подрачјето е оградено поради големата акција. „Полицијата и спасувачите се на […]

За СДСМ сегашното барање да се укине пржинската влада е политички театар


  Владејачката СДСМ веднаш го отфрли прдлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на пржинската влада и потоа веднаш одржување на предвремени избори, нарекувајќи го политички театар. Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на СДСМ, нема што да понуди па се концентрира само на една цел – да се прдизвикаат нови избори. „Техничката влада беше формирана после […]

ЕУ подготвува нови правила за патување- нема да биде важно од каде доаѓате


  Европската Унија подготвува нов модел за управување со пандемијата од корона вирус за патување, кои подразбираат отстапување од пристапот „географско подрачје на потекло на патниците“ и надминување на системот мапа на зараза кој би останал само како информативно ниво, објави АНСА, повикувајќи се на извори од италијанската влада. Ограничувањата повеќе нема да бидат поврзани […]