За СДСМ сегашното барање да се укине пржинската влада е политички театар

Договорот за пржинска влада беше донесен со консезус, а сега се бара нејзино укинување само од една партија, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески


 

Владејачката СДСМ веднаш го отфрли прдлог-законот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на пржинската влада и потоа веднаш одржување на предвремени избори, нарекувајќи го политички театар. Јован Митрески, координаторот на пратеничката група на СДСМ, нема што да понуди па се концентрира само на една цел – да се прдизвикаат нови избори.

„Техничката влада беше формирана после Пржинскиот договор за да се одржат фер и демократски избори во 2016 година и според тој договор таа техничка влада или пржинската влада требаше да биде активна само за изборите 2016 година. После губењето на власта ВМРО-ДПМНЕ беше против укинување на пржинската влада“, рече тој. Според него, добро било што ВМРО-ДПМНЕ конечно признава дека државата има институции коишто можат да спроведат фер и демократски избори за разлика од 2016 и таквите избори се признаени од сите како фер, демократски, слободни и кредибилни.

Потоа нагласи: „Во врска со тоа што го наметнува ВМРО-ДПМНЕ како прашање и како теза спориме две работи. Првата работа иако на одговор на прашање дека техничката влада не е условена со одржување на предвремени парламентарни избори јасно е на стартот и на сите изјави дека условувањата се со предвремени парламентарни избори. Затоа сакам да спорам две работи за овој нивни предлог. Првата е начинот на којшто е доставен овој предлог, а тоа значи дека и според пржинскиот договор измените на Законот за влада треба да биде консензус помеѓу четирите најголеми политички партии во Собранието, а не на ваков начин со еднострано изразена волја на една партија. 

И второ, тајмингот на поднесување на овој закон кога сите знаеме дека предвремени парламентарни избори нема да има, има редовни избори во 2024 година и фактички има време четирите најголеми политички партии да дискутираат и да имаат консензус во врска со техничката Влада. Очигледно безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ  во овој период , во овој тежок период кога државата се соочува и со енергетска криза и со кризата предизвикана од пандемијата, со борбата за зачувување на животниот стандард на граѓаните нема што друго да понуди освен да прави политички театар за јавноста“, рече Митрески.