Пукање во Германија – напаѓач упадна во Универзитетот во Хајделберг


 

Неколку лица се повредени во пукотница што се случи денеска на Универзитетот во Хајделберг.

Според наводите на полицијата, напаѓачот е застрелан.

Како што пренесе СВР, универзитетот преку меил, ги замоли студентите да не доаѓаат во кампусот.

Полицијата е на местото на злосторството, а подрачјето е оградено поради големата акција.

„Полицијата и спасувачите се на местото. Еден сторител со оружје рани повече луѓе во сала за предавања. Напаѓачот е мртво“, наведе полицијата.

Од таму ги повикаа граѓаните да не доаѓаат во овој дел од градот, каде се наоѓа факултетот по рпиродни науки и клиниката на Универзитетот Хајделберг.