Конференција: Ако сакаме да ги привлечеме љубителите на вино, мора да ги почитуваме стандардите за квалитет


За да купуваат домашните и странските туристи вино директно од „куќен праг“, производителите и туристичко-угостителските работници мора строго да ги почитуваат стандардите за квалитет, беше речено на денешната конференција во Кавадарци. Како што истакнаа учесниците, ознаките за квалитет се многу важни. -За да дојдат туристи и да купуваат македонско вино од домашниот праг на производителот, мора […]

Сали: Второто полугодие почнува со физичко присуство, ќе се прави случаен скрининг на учениците


 Второто полугодие во училиштата ќе започне со физичко присуство бидејќи, како што денеска изјави министерот за здравство Беким Сали, епидемиолошката состојба го дозволува тоа, а Министерството за здравство ќе прави случаен скрининг меѓу учениците. Доколку се појави ширење на вирусот во одреден регион, општина или град, министерот најавува дека ќе бидат преземени мерки. – Според […]

ЕЦБ ги предупреди европските банки за ризикот од водење бизнис со Русија


  Европската централна банка (ЕЦБ) ги предупреди кредиторите со значителна изложеност на Русија да се подготват за воведување меѓународни санкции против таа земја доколку Москва изврши воен напад врз Украина. Предупредувањето на ЕЦБ, која ги надгледува 115-те најголеми банки во еврозоната, дојде откако САД се заканија дека Русија ќе се соочи со „големи последици“ доколку […]

Австриските домаќинства ќе добијат по 150 евра помош заради скапата струја


Австриската Влада денеска усвои пакет помош за поддршка на граѓаните во услови на високи трошоци за електрична енергија. – Речиси сите домаќинства ќе добијат еднократна исплата од 150 евра (167 долари), изјави во Виена канцеларот Карл Нехамер. Околу 750.000 луѓе кои се наоѓаат во многу тешка финансиска ситуација ќе добијат дополнителни 150 евра. Освен тоа, […]

Медведев против Надал во финалето на Австралија опен


Австралија – Противник на шпанскиот тенисер Рафаел Надал во финалето на Австралија опен ќе биде Русинот Данил Медведев, откако првиот носител на грен – слем турнирот во Мелбурн триумфираше во денешното второ полуфинале, совладувајќи го Гркот Стефанос Циципас со 7:6 (7;5), 4:6, 6:4, 6:1. Дуелот траеше два часа и 33 минути, а рускиот тенисер го повтори успехот […]

Белата куќа ѝ посака добредојде на мачката Вилоу


САД – Семејството Бајден конечно доби мачка. Канцеларијата на првата дама Џил Бајден објави дека првото семејство на Америка е возбудено да го пречека во Белата куќа двегодишната мачка со сиво-бели риги по име Вилоу. Бајден, професор на колеџ во заедницата, ја нарече мачката по нејзиниот роден град Вилоу Гроув, Пенсилванија, изјави портпаролот на првата […]

ДКСК: Неопходно да се направи антикорупциска проверка на Законот за води


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) смета дека е неопходно да се направи антикорупциска проверка на два члена од Законот за води, со цел да се оценат корупциски ризици кои може да настанат од ефектот на загуба на вода. Предлогот произлегува од разгледувањето на пријава на денешната 60-та седница на ДКСК, за која Антикорупциска […]

„Господин тешко се станува, таков треба да се родиш“- комеморација за маестро Александар Џамбазов (фото)


Со звуците на неговата Рапсодија за Скопје, наместо како вообичаено со едноминутен молк, денеска во Скопје почна комеморацијата во чест на диригентот и композитор Александар Џамбазов, кој почина на 25 јануари, на 85-годишна возраст. За Александар како човек, музички творец, диригент, организатор може многу да се зборува. Македонските музиколози веќе тоа го препознаа. Нека му […]

Сали: Не значи дека секој позитивен на Ковид починал токму од вирусот


Бројот на починати од Ковид во Македонија се чини висок, затоа што според методологијата бележење на починатите со Ковид-19, кај нас секој кој починал, а бил позитивен на Ковид-19, се регистрира како починат со Ковид. Но, тоа не значи дека смртта била последица од Ковид, рече министерот за здравство Беким Сали, кој денеска се вакцинираше […]

(Видео) Министерот за здравство Беким Сали се вакцинираше со трета доза


Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе се вакцинира со трета доза вакцина против коронавирус, во рамки на заедничката акција со студентите на Медицински, Стоматолошки и Фармацевтски факултет.   Како што информираат од Министерството за здравство, станува збор за иницијатива на студентите од овие факултети, во насока на промоција на имунизацијата како најдобра јавно здравствена превентивна мерка.  

Османи: Хистерија се обвинувањата дека спорот со Бугарија го решаваме зад грбот на јавноста


  Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги нарече хистерија обвинувањата дека за важно прашање како што се преговорите со Бугарија се можни ад хок решенија и оти некој може сам, преку ноќ, зад завесите, без знаење на граѓаните да донесе каква било одлука или договор на штета на нашите државни позиции.  „Нашиот тим целосно […]

Петков не се фокусирал на зборовите на Пендаровски


  Надворешната политика се води во извршната власт, а не во другите сегменти, па ни кај претседателот на државата, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков во собранието за време на испрашувањето за односите со Македонија. Одговарајќи ѝ на порамнешната министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева (ГЕРБ), дека имало мешани сигнали од македонскиот претседател Стево Пендаровски […]

Македонија се спасува од пластичните ќеси


  Еден месец по воведувањето на обврската за прекин на употребата на пластични ќеси во маркетите, нивната употреба се намалила за 10 пати, а од продажбата по зголемена цена од 15 денари, собрани се околу 250.000 евра. Отпорот на граѓаните кон оваа мерка се покажа слаб. Остана на коментирање и изразување незадоволство по социјалните мрежи, […]

Комерцијална банка лани со нето профит од 37,5 милиони евра, за 20,5 отсто повеќе од 2020 година


Комерцијална банка Скопје минатата година оствари нето добивка од 2.304,3 милиони денари (околу 37,5 милиони евра), за 20,5 отсто повеќе во однос на 2020 година, покажува Билансот на успех на банката, објавен денес на Македонската берза. Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Банката од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари […]

Стриминг платформата „Дизни+“ од летово ќе биде достапна и во Македонија


Стриминг платформата „Дизни+“ потврди дека ова лето ќе ги прошири услугите ширум Европа, Африка и Западна Африка, односно во 42 земји, меѓу кои и Македонија, како и на 11 територии. Освен во Македонија, „Дизни+“ ќе биде достапна и во земјите од регионот како Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово и Србија. Медиумите наведуваат дека не се […]

Усвоена конечната инвестициска одлука за изградба на самостоен систем за природен гас во Александрополис


Акционерите на Gastrade SA ја донесоа конечната инвестициска одлука (FID) за изградба на Самостоен систем за природен гас (INGS) во Александрополис. FID е последната и најважна пресвртница пред проектот да влезе во фазата на изградба. Генералното собрание едногласно одобри дека се обезбедени сите барања за реализација на проектот, и дека проектот е на вистински пат […]

Семејството на Ѓорѓе Балашевиќ нема да ја одбележи годишнината од неговата смрт


Во пресрет на годишнината од смртта на еден од најпознатите музичари на овие простори, Ѓорѓе Балашевиќ, неговата ќерка Јелена – Беба Балашевиќ се огласи на Фејсбук и објасни зошто семејството нема да ја одбележи годишнината од неговата смрт. „Прославувањето на денот кога ’Некој Твој‘ си заминал од овој свет не е нешто што некогаш се […]

Во Грција активни околу 150.000 случаи на Ковид-19


Грција – Околу 150.000 случаи на Ковид-19 се активни во Грција, а во изминатите седум дена зголемен е бројот на починати, во просек по 100 дневно, јави дописничката на МИА од Атина. Професорката Вана Папаевангелу која е и член на комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција рече дека бројот на активни случаи […]

Кина првпат годинава ќе произведе 50 отсто енергија од обновливи извори


Горивата од обновливи извори како што се ветрот, сонцето и хидроелектраните, како и нуклеарната енергија, до крајот на оваа година, првпат во историјата, би можеле да достигнат половина од вкупното кинеско производство на енергија и да ја намалат употребата на фосилни горива, соопшти Кинескиот совет за електрична енергија. Кина, која моментно се наоѓа на прво […]

Од вторник нов влажен бран со врежи од дожд и снег


Времето утре ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег, а во недела и понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето кое ќе трае до вторник за кога се очекува нов влажен бран со дожд и снег. -Утре претпладне ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен […]