Јувентус плати 75 милиони евра за Влаховиќ


Сагата околу новиот клуб на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, заврши со потпис на српскиот репрезентативец на петгодишен договор со Јувентус, за што клубот од Торино ќе издвои 75 милиони евра. Најдобриот млад играч во Серија А во минатата сезона, јасно стави на знаење изминатиот период дека не сака да остане во Фиорентина и оти Јувентус е […]

Загрижувачка епидемиолошка состојба во Србија, се зголемува бројот на починати


Епидемиолошката состојба во Србија е загрижувачка, омикронот се шири, веќе две недели бројот на заразени е петцифрен, а се зголемува и бројот на починати, јави дописникот на МИА од Белград. Во последните 24 часа според министерството за здравство регистрирани се 17.284 случаи на инфекција со коронавирус од 34.778 тестирани примероци, а како последица на инфекцијата […]

Колкава е минималната плата во ЕУ – најниската е 332 евра, а највисоката 2.257


Минималната плата во 13 од 21 земја-членка на ЕУ, што ја имаат законски пропишано, во јануари годинава изнесуваше помалку од илјада евра, во две нешто повеќе од илјада евра, во шест била над 1.500 евра, а разликата помеѓу најниската и највисоката минимална плата е повеќе од седум пати, соопшти денеска Евростат. Најниска минимална плата имаат […]

Нето добивката на НЛБ банка Скопје лани се зголеми 30,2 отсто, достигна 36 милиони евра


НЛБ банка АД Скопје, минатата година оствари нето добивка од работењето во износ од 2.219.107.000 денари (околу 36 милиони евра) што е за 30,2 отсто повеќе во однос на претходна година, соопшти банката во извештајот за работењето доставен до Македонската берза. За истиот период бруто добивката на банката изнесува 2.445.178.000 денари (39,75 милиони евра), за […]

Починаа уште 26 пациенти со Ковид, новозаразени се 1.908


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 5.834 тестови, а регистрирани се 1.908 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 972, Кавадарци – 112, Куманово – 111, Битола – 105, Велес – 62, Тетово – 58, Прилеп – 54, Неготино – 46, Струмица – 45, […]

Кавга кај Лепенови – внуката Марешал ја откажа поддршката за тетката Марин


  Француската крајнодесничарска лидерка Марин Лепен ја опиша одлуката на нејзината внука да не ја поддржи нејзината претседателска кампања како „брутална, насилна и болна“. Марион Марешал, која го отфрли Лепен од своето име во 2018 година, рече дека размислува дали да ја пренесе својата верност на Ерик Земур, кој е уште подалеку на десната страна. […]

Цените на основните прехранбени производи ќе бидат замрзнати до крајот на февруари, најави Бектеши


Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година, информира ресорниот министер Крешник Бектеши на својот фејсбук профил.     Владата на 4 декември минатата година донесе одлука со која ги замрзна цените на лебот, […]

На погребот на Аки беше амбасадорот Фетаи, а и знамето го обезбеди нашата Амбасада


Министерството за надворешни работи (МНР) демантира дека немало претставник од Република Северна Македонија на погребот на пејачот Аки Рахимовски, што се одржа вчера во Загреб. -Во врска со објавените информации дека на погребот на еден од најпопуларните музичари, Аки Рахимовски вчера во Загреб немало претставник од Република Северна Македонија, би сакале да информираме дека амбасадорот […]

ССМ го формираше главниот штрајкувачки одбор, ќе го чека исходот во понеделник


Сојузот на синдикати на Македонија го формираше главниот штрајкувачки одбор, а од исходот на средбата во понеделник во Владата, ќе зависат натамошните чекори на синдикатот. – Штрајкувачкиот одбор во вторник по состанокот во Владата ќе утврди време и начин на изразување на работничкото незадоволство преку спроведување на штрајкот и разните облици за притисок и изразување на […]

Jордан Плевнеш, Виктор Радун и Ана Багрјана добитници на „Гоцева мисла“


Македонскиот писател Јордан Плевнеш и книжевниците Виктор Радун од Србија и Ана Багрјана од Украина се годинешни добитници на меѓународната награда „Гоцева мисла“, што ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”. Годинашните лауреати ја добиваат наградата за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и […]

Ѓукановиќ: Извесно е дека владата на Кривокапиќ од 4 февруари ќе стане минато


Црногорскиот претседател и лидер на опозициската ДПС, Мило Ѓукановиќ, денеска изјави дека се поизвесно е актуелната влада на Здравко Кривокапиќ на 4 февруари да стане минато. Ѓукановиќ присуствуваше на седницата на Комитетот на ДПС за Подгорица, а во соопштението на партијата се наведува дека е констатирано дека партиската реформа има задоволителна динамика, но дека е […]

Тадиќ пред одлука да се кандидира за претседател на Србија


На два месеци пред редовните претседателски, вонредните парламентарни и изборите за Град Белград, на 3 април, политичкиот живот во Србија е посветен околу договорите за кандидадските изборни листи и изборните колации за овие избори. Кај владеачките партии, Српската Напредна Странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС), според медиумите се поизвесно е дека заеднички претседателски […]

Дискавери и Еуроспорт повторно на MaxTV програмата


Популарните ТВ канали Дискавери (Discovery) и Еуроспорт (Eurosport) повторно ќе бидат дел од MaxTV програмата, соопштија од Македонски телеком. Од таму додаваат дека ТВ понудата на MaxTV покрај Discovery Channel, Eurosport 1 и 2, ќе се збогати и со TLC и Travel Channel, во висока HD резолуција за сите корисници на M и L тарифите, […]

Лукашенко: Војна во Европа е можно само ако Западот ги нападне Белорусија или Русија


 Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека смета дека војната во Европа е можна, но само доколку Белорусија или Русија бидат подложени на воена агресија, јави ДПА. „Дали ќе има војна или не“? праша реторички Лукашенко за време на неговото денешно обраќање до нацијата, и самиот  одговори: „Да, ќе има. Но само во два случаи. […]

„Дилојт“: Речиси сите светски компании се погодени од климатските промени


Раководствата на најголемите светски компании сметаат дека нивните компании веќе се погодени од климатските промени, покажа истражувањето на „Дилојт“, чии резултати беа објавени денеска. – Околу 97 отсто од испитаниците тврдат дека компаниите во светот веќе се погодени од климатските промени, а 79 отсто веруваат дека светот достигна критична точка кога мора да реагира на […]

1.001 Македонци поднеле барање за европски азил во ноември 2021


  Околу 71.400 барања за меѓународна заштита биле поднесени во ЕУ, Норвешка, Швајцарија и Обединетото Кралство во ноември 2021 година, според податоците објавени во петокот од Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА). Тоа е втора највисока месечна бројка од 2016 година. Анализата покажува дека барањата се зголемени за 9 отсто во споредба со октомври […]

Камчев дошол на судење заразен со корона вирусот


  Позитивен на коронавирусот бизнисменот Орце Камчев присуствуваше на  судењето за  „Плацeви на Водно“ во кој е обвинет, потврди неговиот адвокат Гоце Ристовски пред судијата Илија Трпков на почетокот на рочиштето. -Обвинетиот Јордан Камчев имал контакт со заболен со симптоми на висока температура и доби боледување од матичен лекар, при што е извршено тестирање и […]

Студентите иницираат помасовна вакцинација, секој ден отворен пунктот на УКИМ


Министерот за здравство Беким Сали денеска се вакцинираше со трета доза вакцина на „Фајзер“ против коронавирус на вакциналниот пункт на Економскиот факултет во Скопје, во рамки на заедничката акција со студентите на Медицински, Стоматолошки и Фармацевтски факултет. Тој упати порака дека вакцинацијата е најдобриот начин за заштита на здравјето на населението. – Денеска ја примив […]

Претставници на ОМО „Илинден“ на разговори кај Пендаровски


  Претставници на ОМО „Илинден“ и претставници на неколку други здруженија на граѓани од Бугарија денеска беа примени од претседателот на државата Стево Пендаровски. Според кусото соопштение од кабинетот на претседателот, претставниците на здруженијата го информирале Пендаровски за нивната работа и активности во областа на човековите права, промовирање на толеранција и градење на граѓанско општество. […]

(Видео) Се урна мост во САД: Претседателот се упати кон местото на несреќата


Поради тежината од снегот се урнал мост во Питсбург, САД, потврдија градските служби за итна помош. Како што пренесуваат медиумите, во воздухот се чувствува мирис на гас, па на жителите од околните згради им е речено да го напуштат тоа подрачје. За сега се верува дека нема жртви, но четири возила паднале од мостот, а […]