(Видео) Се урна мост во САД: Претседателот се упати кон местото на несреќата


Поради тежината од снегот се урнал мост во Питсбург, САД, потврдија градските служби за итна помош.

Како што пренесуваат медиумите, во воздухот се чувствува мирис на гас, па на жителите од околните згради им е речено да го напуштат тоа подрачје.

За сега се верува дека нема жртви, но четири возила паднале од мостот, а уште едно возило опасно виси на работ.

Како што јавија американските медиуми, информациите штотуку пристигнуваат од терен, а се очекува и председателот на САД, Џо Бајден да стигне на местото на несреќата.