Објавен конкурсот за „Мостови на Струга“ 2022 во соработка со УНЕСКО


Распишан е конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2022 за најдобра дебитантска книга од млад автор која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО. Право да учествуваат на конкурсот имаат дебитантски книги на млади поети под 35 години. Конкурсот трае до 20 февруари 2022, до кога сите книги и пријави треба да […]

Од понеделник во јавниот превоз во Словенија само вакцинирани и прележани


  Негативен тест на корона вирус во Словенија без карантин од понеделник ќе важи покусо отколку сега, потврдено е со новиот протокол со кој владата реагира на брзото ширење на омикрон варијантата. Валидноста на негативниот ПЦР тест за влез во Словенија се намалува на 48 часа од земањето на брисот, а брзиот антигенски тест 24 […]

Каде Ѓоковиќ се заразил со корона вирус (фото)


Новак Ѓоковиќ бил заразен со Ковид -19  на 16 декември 2021 година, како што наведуваат неговите адвокати во документите што ги доставиле до судот, врз основа на што добил медицинско ослободување за влез во Австралија. Веста ја откри Би-Би-Си, а навраќајки се на тие денови, Блиц пишува дека токму тогаш најдобриот тенисер на светот бил […]

Ангеловска-Бежоска: Финтек-секторот ќе донесе поголема конкуренција, нови и поевтини финансиски услуги


  Развојот на финтек-секторот ќе придонесе за зголемување на конкуренцијата, што од своја страна ќе доведе до поголем и полесен пристап за граѓаните до нови видови финансиски услуги, но и до поевтини финасиски услуги. Народната банка презема повеќе активности за создавање околина во која ќе се развива финтек-секторот, меѓу кои и изработка на платформа за […]

Петков во Скопје на 30-годишнината од признавањето на независноста од Бугарија


Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија известува за посета на висока делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Кирил Петков на Скопје, на 18 јануари. Во придружба на бугарскиот премиер е и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, како и министерот за транспорт и врски, Николај Сабев.   Посетата е планирано да се […]

Во Германија е објавена нова листа на плати, еве кој заработува најмногу


Просечната бруто плата во Германија е 56.985 евра годишно, како што е прикажано во извештајот на StepStone за платите за 2021 година. Во однос на просечната плата, најдобро стојат во јужна Германија – Баварците заработуваат во просек по 60.013 евра бруто годишно, жителите на Баден-Виртемберг 60.182 евра, а во Хесен дури 60.936 евра годишно. Резултатите […]

Талибанците бараат итна хуманитарна помош за Авганистан


  Талибанците апелираа за итна хуманитарна помош за Авганистан „без политичка пристрасност“, наведувајќи дека неодамнешниот снег и поплавите ја влошиле и онака тешката состојба на авганистанскиот народ. Откако талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан во средината на август минатата година, земјата западна во финансиски хаос, со висока инфлација и невработеност. САД замрзнаа милијарди долари авганистански фондови, а […]

„Њујорк тајмс“ го купи „Атлетик“ за 550 милиони долари


САД – „Њујорк тајмс“ на својата веб-страница објави дека го презема еден од најголемите светски спортски медиуми „Атлетик“. Зделката, која треба да биде завршена до април оваа година, ќе изнесува 550 милиони долари. Како што е наведено, ова ќе му помогне на „New York Times“ да ја надмине границата од 10 милиони претплатници до 2025 година. […]

Зема замав превземањето и спојувањето на банки во регионот


  Во југоисточна Европа следува уште еден бран на консолидација на банките во 2022 година, поттикнат од брзата експанзија на балканските економии и атрактивноста на членството во најголемиот трговски блок во светот. Со економскиот раст кој достигнува врв од 7 отсто во некои балкански земји, австриската Рајфајзен банка интернешенел и унгарската ОТП банка Нирт, се […]

Воздухопловните власти негираат дека Назарбаев избегал со авион што полетал од Македонија


  Не е точно дека поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев избегал со авион што во Бишкек, Киргистан, слетал од Македонија, изјавиле за СДК.мк од македонската Агенција за цивилно воздухопловство (АЦВ), откако руската агенција РИА Новости објави дека два приватни авиона, наводно на семејеството Назарбаев, слетале на киргистанскиот аеродром Манас во Бишкек, едниот од Македонија, а другиот од […]

Омикрон доминантен во Словенија, навлегол и во болницата „Јесенице“


Омикрон варијантата на коронавирусот стана доминантна во Словенија, претежно се шири локално, но има повеќе увезени случаи кај младите кои ја дочекаа Новата година во Белград, а медиумите пишуваат дека омикрон навлегол во една болница. Меѓу близу 900-те млади кои во организација на словенечка туристичка агенција ги дочекаа новогодишните празници во Белград, досега се потврдени […]

Вакцините против Ковид-19 не влијаат на плодноста, но може да го продолжат менструалниот циклус


САД- Кога луѓето првпат можеа да ги добијат вакцините за Ковид-19, некои забележаа промена во нивниот менструален циклус. Тие не го замислуваа: Една нова студија испитува како вакцините  влијаат на менструацијата и откри дека има мала промена – помалку од еден ден – во должината на циклусот. „(Ова истражување) е и смирувачко и потврдува и […]

Проработе вулкан на Галапагос


  Највисоката планина-вулкан на архипелагот Галапагос еруптира и исфрли лава и пепел во облаци над Тихиот Океан, потврди Геофизичкиот институт на Еквадор. Облакт гас и пепел од вулканот Вук се искачи на 3.793 метри надморска висина пред полноќ по локално време, соопштија од институтот, пренесе АП. Комитетот за итни операции на Еквадор соопшти дека нова […]

Адвокатите велат дека Ѓоковиќ имал Ковид-19 минатиот месец


Австралија- Адвокатите на Новак Ѓоковиќ поднесоа судски документи во неговиот оспор против депортацијата од Австралија, кои покажаа дека тениската ѕвезда се заразила со Ковид-19 минатиот месец, објави во саботата австралиската радиодифузна корпорација. На Ѓоковиќ, рангираниот број 1, му беше забранет влез на аеродромот во Мелбурн доцна во средата, откако граничните службеници му ја откажаа визата […]

Приведени крадци од Скопје


А.И.(19) и С.А.(42), двајцата од Скопје, вчера на подрачјето на Чаир се лишени од слобода поради тешка кражба во аптека на улицата „Индира Ганди“ извршена на 11 декември 2021 година. Како што соопшти МВР, при кражбата биле одземени пари, а во службен разговор А.И. и С.А. во целост го појасниле начинот на извршување на кривичното […]

Чилеанците протестираат против договорот за експлоатација на литиум


Чилеанците излегоа на улиците во петокот за да протестираат против владиниот план да продаде договор за екстракција на литиум, што ја оживува дебатата за национализација на овој ресурс додека новиот левичарски претседател се подготвува да ја преземе функцијата, јави АФП. Опозицијата повика на протести под транспарентот: „Да го вратиме нашиот ресурс“. Опозициските пратеници покренаа судска […]

МНР: Нашите граѓани и дипломатскиот персонал во Казахстан се безбедни


Министерството за надворешни работи соопшти дека редовно ја следи состојбата во Казахстан и дека преку Амбасадата во Нур – Султан е во постојана комуникација со нашите државјани кои се наоѓаат во земјата. -И покрај честиот прекин на интернет и телекомуникациските мрежи, сепак се остварува редовен контакт со нашите државјани, кои се наоѓаат на безбедни локации. Засега […]

„Ситигруп“ ќе отпушта вработени ако не се вакцинирани


САД–   Вработените во Ситигруп во САД кои не биле вакцинирани против Ковид-19 до 14 јануари ќе бидат на неплатен одмор и ќе бидат отпуштени до крајот на месецот, освен ако не приложат документ за исклучок што ги спречува да бидат имунизирани, се вели во пораката до вработените во која имале увид западни медиуми. Уште во […]

Џон Леџенд го продаде музичкиот каталог, прв од средната генерација


САД- Пејачот/текстописец, добитник на Греми и Оскар, Џон Леџенд (43), е последниот што заработил и го продаде својот музички каталог на издавачката куќа BMG и инвестициската фирма KKR, според упатени лица со познавање на договорот. BMG и KKR купиле по 50% од уделот во каталогот за текстописци на Леџенд во зделка што ќе ги опфати […]

Цената на метанот – „поздрав“ од Русија


Тоа ни е „поздрав“ од Русија, нема лутење – вака еден енергетичар во неформален разговор го искоментира драстичното поскапување на метанот во Македонија, кој од почетокот на годинава има енормно поголема цена – 110 денари за килограм, што предизвика и панична реакција на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје и барање помош од Владата. И, навистина, […]