Каде Ѓоковиќ се заразил со корона вирус (фото)


Новак Ѓоковиќ бил заразен со Ковид -19  на 16 декември 2021 година, како што наведуваат неговите адвокати во документите што ги доставиле до судот, врз основа на што добил медицинско ослободување за влез во Австралија.
Веста ја откри Би-Би-Си, а навраќајки се на тие денови, Блиц пишува дека токму тогаш најдобриот тенисер на светот бил многу активен во Белград.

На само два дена пред споменатиот 16 декември, на 14-тиот ден од последниот месец од 2021 година, Новак Ѓоковиќ бил во друштво на Васек Поспишил со кого го следел евролигашкиот натпревар во кошарка помеѓу Црвена звезда и Барселона.

Големи се шансите најдобриот тенисер на светот да се заразил во салата „Александар Николиќ“, особено затоа што имал близок контакт со многу луѓе, како и со Најџел Хејс-Дејвис, кој следниот ден беше позитивен и го прескокна двојното коло од Евролигата, пишува Блиц.