Зендаја во тоалета на Валентино што ја носеше Линда Евангелиста на модна писта во 1992 година 


САД– Актерката Зендаја (25)  прогласена лани за модна икона од американските дизајнери, повторно воодушеви со својот изглед – избра винтиџ тоалета на Валентино од 90-тите, на виртуелната премиера на црвениот килим од втората сезона на Euphoria. Актерката и нејзиниот долгогодишен стилист, Лоу Роуч, се одлучија за црно-бела, вертикално шарена тоалета на Валентино од колекцијата 1992 […]

Руни Мара ќе ја глуми Одри Хепберн во новиот филм


САД- Новата  fair lady: Руни Мара ќе ја портретира Одри Хепберн во претстојниот биографски филм за легендарната оскаровка , според Deadline. Variety исто така го потврди кастингот. 36-годишната актерка ќе глуми во филмот во режија на режисерот на „Call Me By Your Name“, Лука Гвадањино. Иако заплетот на филмот се чува во тајност, биографскиот филм […]

Најстудено на Попова Шапка, времето облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег


Утрово, според Управата за Хидрометеоролошки работи измерени се -2 степени на Попова Шапка, -1 во Маврови Анови, Лазарополе, Берово, нула во 0 Крушево, 2 степени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Куманово, Тетово, Виница, Штип, Битола, Прилеп, три Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, четири во Струмица, Демир Капија, пет во Гевгелија и шест степени во Дојран. Снежната покривка […]

Над 300 милиони луѓе во светот се заразени со Ковид-19


Швајцарија– Вкупниот број на регистрирани случаи на Ковид-19 во светот надмина 300 милиони. Брзото ширење на сојот Омикрон постави нови рекорди за инфекција во десетици земји во текот на минатата недела. Во изминатите седум дена, 34 земји го регистрираа својот најголем број неделни случаи од почетокот на пандемијата, вклучувајќи 18 нации во Европа и седум […]

Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Снег врне на Попова Шапка и слаби врнежи на Стража ,Маврово и Пресека. На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На […]

Во Казахстан е уапсен поранешниот шеф на Националната безбедност


Казахстан– Поранешниот шеф на Комитетот за национална безбедност на Казахстан, Карим Масимов е уапсен под обвинение за предавство. Тој беше сменет од функцијата како последица на немирите што ја потресоа земјата. Според локални медиуми, приведени се уште неколку други лица блиски до него.  Повеќе детали засега не соопштуваат казахстанските власти.

Односите меѓу Македонија и Грција во нагорна линија во 2021 година


Низа средби и посети на највисоко ниво, некои од нив и со историски карактер, потпишани договори за соработка, заложби за продлабочување на соработката, ја одбележаа 2021 година во македонско – грчките односи, кои се чини дека влегоа во нормален тек, се движат во нагорна линија, мразот веќе одамна е скршен, а довербата сѐ повеќе се […]

Германија го прекина извозот на оружје во Казахстан


Германија– Германија го прекина извозот на оружје во Казахстан поради тамошните немири, јави ДПА. Преземени се неопходни чекори за да се спречи извозот на таква стока во централноазиската република. Минатата година беа издадени 25 дозволи за испорака на оружје за Казахстан во вкупна вредност од околу 2,2 милиони евра. Тоа е релативно ниска сума, но прекинот […]

Искусни дипломати од САД и Русија ќе ги намалуваат тензиите околу Украина


САД– Дипломати од Русија и од САД почнуваат в понеделник во Женева преговори во врска со распоредувањето руски војници во близина на границата со Украин. Од двете страни ќе бидат двајца ветерани од дипломатијата во обид да се спречи криза. Заменичката државен секретар Венди Шерман ќе се соочи со рускиот заменик министер за надворешни работи […]

Зоран Спасов-Ѕоф : Успехот се должи на лесниот начин на пишување


Јас ни на сон не очекував толкави тиражи ниту, пак, толку лични пораки и мејлови. Сметам дека успехот се должи на лесниот начин на пишување, надополнет со многу скриени пораки меѓу редовите, вели во интервју за МИА авторот на книгата „Торонто експрес – Тибам штркот апдејт“, Зоран Спасов-Ѕоф, која неодамна излезе од печат во издание […]

Шеснаесетгодишниот Ванер стана најмладиот дебитант на Баерн во Бундеслигата


Германија– Германскиот фудбалер Пол Ванер стана најмладиот играч на клубот на натпревар од Бундеслигата. Тој синоќа со 16 години и 15 дена дебитира за баварскиот гигант на средбата со Борусија Менхенгладбах во натпреварот од 18. коло на шампионатот во Германија. Ванер во игра влезе во 75. минута но не успеа да му помогне на својот тим […]

Попис во пандемија, прв по 19 години, првичните податоци во март


По 19 години државата ja спроведе најсложената статистичка операција – Попис на населението, домаќинства и становите. Сериозноста и големината на операцијата само ја покажува тоа што ова е прв попис по многу параметри – прв по речиси две декади, првпат во пандемија, првпат со комбиниран метод, прв на кој се попишува дијаспората и најважно од […]

Градежништвото чека антикризни мерки, недвижностите атрактивни и во ковид пандемија


Градежништвото во 2021 година по растот од 3,9 проценти во првите три месеци, во вториот и во третиот квартал забележа пад од 2,4 односно 1,5 проценти. Секторот, кој се соочи со поскапување на градежните материјали и помал обем на работа поради мораториумите за градба во претходниот период, постојано апелира за  повеќе работа и во нискоградбата […]

Успешна година на Армијата и потполно воено интегрирање во НАТО


Втора година со Ковид-19 и сеуште присутни мерки за заштита од коронавирусот, Армијата ја одбележа со бројни успешни настани со кои го зацврстува членство во НАТО. 2021 година беше и година кога се одбележа и една година сојузнуштвото со Алијансата. По мирување од повеќе од 10 години три групи професионални војници отпочнаа и успешно го […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 8 јануари 2022 година, 8-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 357 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 7 часот и 1 минута, а ќе зајде во 16 часот и 18 минути. Денов трае 9 часа и 17 минути. Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее […]

Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег


Времето во земјава ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската темпертура ќе се движи од 2 до 5, а дневната од 2 до 10 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд и со слаб до умерен јужен […]

Сите во ракометната репрезентација нeгативни на коронавирус


Додека речиси сите учесници на претстојното Европско првенство имаат проблеми со позитивни на коронавирус, македонската ракометна репрезентација нема ниту еден негативен тест. Комплетната репрезентација денеска направи задолжително тестирање на коронавирус, и сите резултати, на ракометарите и на стручниот штаб се негативни. Ова е одлична вест за селекторот Кирил Лазаров бидејќи нема никакви последици за репрезентацијата по последниот […]

Припадник на АРСМ во мисијата КФОР почина во болница во Приштина


Во болница во Приштина вечерва околу 18:15 часот ненадејно почина професионалниот војник И.Ч (44), кој беше во состав на контингентот на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР, соопшти Генералштабот на Армијата. На професионалниот војник кој извршувал должности во водот за обезбедување во командата на КФОР-запад во Пеќ, во текот на попладневните часови му […]

Назарбаев избегал со приватен авион од Македонија?


Руски медиуми објавија непотврдена информација дека во главниот град на Киргистан, Бишкек, слетале два приватни авиона со кои било евакуирано семејството на првиот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев.  Еден авион во Казахстан наводно долетал од Македонија, а другиот од Обединетите Арапски Емирати, а потоа и двете летала се упатиле кон Киргистан. Преставниците на аеродромот во  […]

Лоша недела за антиваксерите во светот


  Ова беше лоша недела за оние кои се двоумат околу вакцинирањето. Нивниот неофицијален идол, Новак Ѓоковиќ, светскиот тенисер број еден, се соочува со депортација од Австралија затоа што не ги исполни барањата  да биде целосно вакциниран против Ковид-19 –  ако нема валидно ослободување. Италија донесе исто така одлука за задолжителни вакцини за постарите од […]