Нови 1.171 ковид позитивни, починати 10 лица


Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 1.171 случај на КОВИД-19, оздравевени се 204 пациенти, починале шест лица, а уште четири се пријавени согласно регистарот на умрени лица од Мој Термин, соопшти Министерството за здравство. Направени се 7.932 тестирања, а најмноги позитивни има во Скопје – 641, Битола – 134, Охрид – 54, Прилеп – 48, […]

Твитер реакции за драмата на Ѓоковиќ во Австралија


Новак Ѓоковиќ: Мое тело, мој избор. Австралија: Наша земја, наши правила! Ова се некои од бројните твитер реакции откако австралиските власти одбија да му дадат виза за влез на светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ, бидејќи не е вакциниран и не приложил убедливи причини зошто не го сторил тоа.   Осумкратниот гренд слем шампион и […]

Полските власти признаа дека имаат шпионски софтвер Пегасус


Полските власти признаа дека имаат шпионски софтвер Пегасус. Високи функционери во полската влада во петокот рекоа дека Варшава купила напреден шпионски софтвер развиен од групацијата НСО со седиште во Израел, но негираше дека бил користен против политички противници. Станува збор за компјутерската програма „Пегасус“, за која меѓународна новинарска истрага во јули објави информација дека била користена […]

И Владата бара греење


Владата ги повикува надлежните компании, градските и општинските власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на граѓаните на Град Скопје.Владата ги помага и граѓаните, и општините, и Градот Скопје, но, како што наведуваат, кога се во прашање финансиски обврски кон давателите на јавни услуги, први повикани се надлежните […]

Прогноза за 2022 година: Макрон ќе победи, Орбан ќе изгуби…


Марк Леонард и Џереми Шапиро од Европскиот совет за надворешни односи  предвидуваат десет можни политички настани за 2022 година. Нивните предвидувања се смели и излегуваат од рутинските прогнози за секоја година. Еве што предвидуваат тие: 1. Демократите ќе изгубат најмалку еден дом на американскиот Конгрес на среднорочните избори во ноември, а веројатно и двата. Овој […]

Бугарски новинари осудени за клевета, ќе платат по 20.000 лева казна


Двајца новинари во Бугарија и една веб-страница се осудени за клевета и им е наложено да платат околу 35 илјади долари казна а написи објавени во 2018 година, што се опишува како пресуда без преседан, јавува бугарскиот сервис Радио Слободна Европа. Софискиот градски суд (ДСК) утврди дека Борис Митов, сега новинар во бугарскиот сервис на […]

Сидни Поатје, првиот црнец што доби Оскар, почина на 94 години


  Сидни Поатје, чие револуционерно актерско дело во 1950-тите и 60-тите години го отвори патот за генерации црни филмски ѕвезди, почина на 94-годишна возраст. Неговата смрт во петокот ја објави министерот за надворешни работи на Бахамите, Фред Мичел. Премиерот на Бахамите, Честер Купер, рече дека бил „конфликтен со голема тага и чувство на славење кога […]

Кина ги поздравува силните мерки на казахстанската влада


– Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече „многу одговорно“ спроведувањето на силните мерки на казахстанската влада против демонстрантите, во порака до претседателот на земјата, додека Германија повика на смирување на ситуацијата, која од протест се претвори во крвав бунт. „Одлучно презедовте цврста акција во критичните моменти и брзо ја смиривте ситуацијата, покажувајќи ја на тој […]

Рекорд на македонските патишта, возило „летало“ со 224 километри на час


На автопатот Штип- Свети Николе, 25-годишен возач го урна рекордот на брзина фатен со дигиталните сообраќајни мерачи. Иако на тој дел од патот максимално дозволената брзина е до максимум 130 километри на час, младиот шофер возел 224 км/час. Сообраќајните полицајци успеале да го сопрат и да му пишат казна. До Нова година рекордот утврден со […]

Радев закажа состанок за Македонија во понеделник


Претседателот на Бугарија Румен Радев за во понеделник свика состанок на Советодавниот совет за национална безбедност, соопшти прес-службата на претседателот. Темата е „Интеграција на Западен Балкан во ЕУ, улогата на Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Северна Македонија и Албанија“. Премиерот Кирил Петков пред Народното собрание на Бугарија денеска […]

Откриена лабораторијата што издавала лажни ковид сертификати во Дојран


Ели Медика Плус е лабораторијата поврзана со фалсификување на ковид-сертификати за грчки граѓани кои ги користат услугите на казината во Дојран, објави ТВ Телма. Полицијата од Гевгелија и Одделот за криминалистичка полиција вчера извршиле претрес во три правни лица поради наводите од грчките медиуми дека во дојранските казина се врши кривично дело фалсификување на Ковид […]

Османи на вонреден состанок на НАТО за Русија


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска учествуваше на вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, што се одржа преку видео – конференциска врска.Состанокот беше посветен на руското воено групирање околу границата со Украина, како и на други прашања поврзани со европската безбедност. Вонредниот состанок се одржа во […]

Бугарија против Северна Македонија – има ли пат напред?


Новата про-европска влада во Софија ветува дека ќе најде начин да го надмине ќорсокакот поради ветото за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Какви се шансите за компромис? Професорот по културна антропологија на Универзитетот во Софија, Ивајло Дичев, во анализа за Дојче Веле оценува дека не постои рационално објаснување за бугарското вето за […]

Инклузивна празнична забава со Дедо Мраз утре во Аеродром


Членови на Коалицијата Менуваме  утре  од 13 часот во Клуб Дежаву во Аеродром ќе организира инклузивна празнична забава со Дедо Мраз за децата со попреченост на која ќе им бидат дадени и пакетчиња.   -Ова е настан што ќе ве натера да видите нешто иако сме различни и посебни. Ќе се дружиме  на кафе, жива […]

Парно греење колку да не измрзнат граѓаните


Откако над 500-тини домови од Скопје Север и Топанско Поле, деновиве останаа без парно , денеска и од други делови на градот реагираа дека се без парно греење или истото е многу слабо. БЕГ го исклучија целосно парното во Центар и Карпош, се жалат граѓани на социјалните  мрежи.  Од операторот со мрежата за парно-греење БЕГ […]

Америка во нихилистичка граѓанска војна


  Ризикот е сѐуште многу реален бидејќи „следбениците на Трамп се толку ропски под неговата магија што се подготвени да го киднапираат правниот апарат кој гарантира слободни и чесни избори со цел да се олесни неговото враќање на власт во 2024 година“, предупредува основачот на „Политико“ Џон Харис во една одлична колумна Првата нихилистичка граѓанска […]

Се јави Ѓоковиќ, го честита Божик


  Новак Ѓоковиќ кој се наоѓа во „притвор“ во Мелбурн додека ја чека одлуката од федералниот суд кој ќе одлучи дали ќе биде протеран од земјата или ќе ја брани титулата на Австралија Опен, за прв пат се огласи и тоа честитајќи го Божик. „Мир Божји. Христос се роди. Среќен Божик. Нева Божјата љубов ве […]

Ворачова како Ѓоковиќ. И чешката тенисерка без вакцина ставена во истиот имигрантски хотел


  Во кожата на Новак Ѓоковиќ? Во моментов тоа не е завидна улога, но во неа се лизна Рената Ворачова. Чешката специјалистка за двојки, како и тенисерот број еден, се најде во карантинскиот хотел „Парк“ во квартот Карлтон во Мелбурн. Во Австралија западнала во неволја со визата бидејќи, според телевизијата Еј-Би-Си, не ги исполнува условите […]

Мицкоски: „Трифонов е македономразач, а Бучковски авантурист“


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска ја заостри реториката кон одредени политичари во Бугарија, нарекувајќи го коалицискиот партнер во тамошната владата, Слави Трифонов, „комедијант и еден од најголемите макодономразачи“. во изјава пред Соборниот храм во Скопје, на новинарско прашање во врска со предлогот на Слави Трифунов да се симне бугарскиот визен режим од САД […]

Претседателот на Казахстан нареди да се пука со „жива муниција“


  Претседателот на Казахстан во петокот рече дека ги овластил органите на редот да отвораат оган врз „терористите“ и да пукаат за да убијат, потег што доаѓа по неколкудневните екстремно насилни протести во поранешната советска земја. Во телевизиско обраќање до нацијата, Касим-Жомарт Токаев ги обвини „терористите“ и „милитантите“ за немирите и рече дека одобрил употреба […]