Индијката Харназ Санду е Мис универзум за 2021 (галерија)


Израел– Индијката Харназ Санду е избрана за 70. Мис универзум, победувајќи во конкуренција на 80 натпреварувачки. Досегашната Мис Андреа Меса од Мексико ја круниса боливудската актерка на свеченоста во израелскиот град Еилат. Изборот се одржа среде ноќ, па победничката беше прогласена во пет часот по локално време, со цел да се совпадне со ударниот термин […]

Од денеска нови мерки во Грција, промени во сертификатите за вакцинација и прележан Ковид-19


Забрана за влез во затворени простори за лицата над 60 години кои не примиле трета доза, а поминале седум месеци од вакцинацијата и намалување на три од шест месеци на важноста на потврдата за прележан Ковид-19, се новите мерки што од денеска стапија во сила во Грција, а освен за Грците важат и за туристите […]

Омикрон се шири со ракетна брзина во Британија


Новиот сој на корона вирусот Омикрон се шири со исклучителна брзина, така што луѓето треба да добијат дополнителна доза од вакцината бидејќи двојно вакцинираните лица се ранливи, изјави денеска британскиот министер за здравство Саџид Џавид. Иако Џавид рече дека досега нема потврдени смртни случаи во Англија, тој додаде дека околу 40 отсто од заразените во […]

Судир на два брода во Балтичко Море, во тек е спасувачка операција


Шведска– Два товарни брода се судрија во Балтичкото Море меѓу данскиот остров Борнхолм и јужниот шведски град Истад, јавија денеска шведските медиуми, повикувајќи се на шведската поморска управа. Едниот брод е регистриран во Данска, а другиот е британски, објави шведската телевизија СВТ на својата веб-страница. – Еден брод се преврте. Не знаеме точно како се […]

Се излеа Крива река во Довезенце


Крива река вчера се излеа во близина на селото Довезенце, по обилните врнежи од дожд и зголемениот водостој. Притоа било зафатено земјоделско земјиште, а водата се доближила до куќите и шталите, пренсе KumanovoNews. „Од СВР Куманово вчера во 9 часот сме информирани дека во с. Довезенце има зголемен водостој на водите од речното корито на […]

Земјотрес од Грција почувствуван во јужните делови на земјава


 Земјотрес со интензитет од три  степени според Европската макросеизмичка скала е почуствуван изутринава во 6 часот и 48 минути во јужните делови на територијата на Северна Македонија. Епицентарот бил на 138 километри јужно од Скопје во соседна Грција, со локална Рихтерова магнитуда од 3,1 степен, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Македонскиот филм „Снежана на крајот умира“ премиерно на фестивалот „Сламденс“ во Парк Сити


Македонскиот игран филм „Снежана на крајот умира“ по сценарио и во режија на Кристијан Ристески ќе има премиера на фестивалот „Сламденс“, кој ќе се одржи на два начина, со физичко присуство и онлајн, од 20 до 30 јануари во Парк Сити, САД, соопштија продуцентите на филмот. „Снежана на крајот умира“ е социјална драма во амбалажа […]

Британската министерка за надворешни работи ќе се сретне со колегите од Балканот поради тензиите во регионот


Шефицата на британската дипломатија Елизабет Трус ќе се сретне со министрите за надворешни работи на Балканот, додека Велика Британија се обидува да ги убеди меѓународните сојузници да го „заштитат тешко стекнатиот мир“ во регионот каде што тензиите стануваат се поинтензивни, јави ДПА. По претседавањето со состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Ливерпул, […]

Русија се откажува од рестрикции за невакцинираните лица


Руските власти денеска се откажаа од воведувањето ограничувања за невакцинираните граѓани, што беа објавени минатиот месец и наидоа на остри критики во јавноста. Претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, денеска изјави дека од парламентарна процедура се повлекува законот со кој на невакцинираните лица ќе им се забрани да патуваат со авион или […]

Осуммина повредени во експлозија во манастирот Серпухов кај Москва


08:47 Осум лица, меѓу кои седум деца, се повредени во експлозија во манастирот Серпухов кај Москва, пренесува ТАСС, повикувајќи се на извор од полицијата. Машко лице активирало рачно изработен експлозив во близина на манастирот Серпухов. Експлозијата се случила на влезот на православната гимназија, која се наоѓа во рамките на манастирот. Напаѓачот е повреден и хоспитализиран. […]

За и околу јавниот долг


Со години фискалната политика во Македонија се употребува за редистрибуција на јавните финансии, за генерирање и одржување на клиенти и за интер-генерациска редистрибуција како главен инструмент за водење на популистички политики преку генерирање на јавен долг т.е. за наоѓање на лесни појавни решенија наместо на одржливи решенија за проблемите. Вообичаено македонскиот гласач/клиент делува како да […]

Денеска во Хрватска пристигнува вакцината за деца


Вакцината против корона вирус, наменета за деца од 5 до 11 години денеска пристигнува во Хрватска.Лекарите ги повикуваат родителите да ги вакцинираат своите деца, особено оние кои се во ризик. „Оди дистрибуција низ цела Хрватска, па вакцинацијата ќе почне неделава. Веројатно во повеќето жупании околу среда или четврток“, рече” Ивана Павиќ Шиметин за Нова ТВ. […]

Најстудено и на најмногу снег на Попова Шапка и во Маврово


Најстудено утрово е на Попова Шапка со -8 степени, во Маврово се измерени -6, во Крушево -5, Берово -3, во Тетово, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Виница, Дебар – 1. Еден степен над нулата е во Скопје и Демир Капија, а максимални три степени се регистрирани во Гевгелија. На Попова Шапка има и најмногу снег 91 […]

Милиони Германци работат без да земат ниту евро


Помеѓу 16 и 29 милиони Германци се вклучени во волонтерски иницијативи. Тие работат како пожарникари на доброволна основа, помагаат во грижата за постарите и бездомните животни или тренираат млади фудбалери. Во текот на летото, стотици луѓе доброволно се пријавија да им помогнат на настраданите од поплавите. Милиони луѓе во Германија се вклучени во различни волонтерски […]

Путин возел такси по распадот на СССР


  Рускиот претседател Владимир Путин откри дека возел такси за да врзе крај со крај по распадот на СССР. Неговите зборови г пренесе државната новинска агенција РИА Новости во неделата, со филмот „Русија. Неодамнешна историја“ прикажан на телевизискиот Канал 1. Путин откри дека повремено работел како таксист за да ги зголеми своите примања. „Понекогаш морав […]

Минималната плата и недела неработен ден да не се темелат на владин декрет, вели Азески


Никогаш повеќе од Комората нема да испратиме бизнисмен во Владата, вели Бранко Азески Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Македонија во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 изјави дека никогаш повеќе од комората нема да испратат свој бизнисмен во владата за да биде малцинство. – Имавме трипати такво искуство, со Хари Костов, Минчо Јорданов […]

СЗО: Омикрон варијантата на коронавирус утврдена во 63 земји во светот


Омикрон варијантата на коронавирусот е утврдена во 63 земји во светот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), прецизирајќи дека податоците се заклучно со 9 декември. Според СЗО, варијантата Омикрон е позаразна од Делта и ја намалува ефикасноста на вакцините, но предизвикува поблаги симптоми, како што покажуваат првичните податоци. Побрзо ширење на варијантата Омикрон е забележано во […]

ОБСЕ предупредува на ескалација на кризата во БиХ


Највисоките претставници на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ги предупредија властите на Република Српска дека нивните чекори опасно го загрозуваат мирот во БиХ и целиот регион, додека Зелените во Европскиот парламент објавија дека Унијата е подготвена воено да реагира и веднаш да испрати 6.000 војници во БиХ. Претседавачот на ОБСЕ, шведската министерка […]

Француските власти водат 400 истраги за лажни сертификати за коронавирус


Франција почна 400 истраги за мрежи што обезбедуваат лажни сертификати за коронавирус, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дармамен, во време кога се зголемува хоспитализацијата на пациенти со Ковид-19 во државата. Во изминатите денови вниманието на француските медиуми го привлече случајот со жена заболена од вирусот, која почина во регионалната болница во Париз, откако презентираше […]

Забрана за камиони и автобуси на патните правци Тетово-Попова Шапка и Маврово-Жировница


Забрана за тешки моторни возила утрово има на патните правци Маврово – Жировница и Тетово – Попова Шапка, каде е воведена забрана и за автобуси, а за останатите е задолжителна употреба на зимска опрема. АМСМ информира дедка сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест […]