Повредените од сообраќајка во Дебар во стабилна здравствена состојба


Седуммината повредени, од нив двајца потешко, во вчерашната сообраќајна несреќа, што се случи во Дебар се во стабилна здравствена состојба, потврди за МИА, Баки Алили, директор на општата болница со проширена дејност во Дебар. – Во сообраќајката беа повредени седум лица, двајца потешко, додека пет се со полесни повреди. Потешко повредени Ќ.К.(46) од Дебар и […]

Спасовски: Идниот мандатар ќе одлучи кои ќе бидат на министерски позиции


Спасовски денеска изјави дека идниот мандатар ќе одлучи дали тој ќе остане на функцијата. – Ова не е прашање за мене. Тоа е прашање за мандатарот кој ќе одлучува за тоа кои ќе му бидат министри. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да го одработам, а мандатарот во моментот кога ќе биде мандатар, ќе […]

Зошто вакцинацијата има смисла?


Падот на имунизацијата и потребата од дополнителна бустер вакцина повторно предизвикуваат сомнеж за ефикасноста на вакцината. Погрешно! Најважна работа при вакцинацијата е заштита од тешка болест.  Дали да се вакцинирам или не? Лекарите се сложни: Да, дефинитивно! Еве ги најважните аргументи:   Линк од целиот текст на Дојче веле тука

СКЕЕОР: Повеќе да се размислува за енергетска ефикасност и одржлив развој


Деветтото издание на Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР 2021, поддржана од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) почна денеска во Скопје. На отворањето на конференцијата, што годинава поради пандемијата се одржа онлајн, се обрати ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски. – Многу сум горд што нашата авангарда, […]

Камион пропадна во дупка на улица во Белград


Речиси цела кабина на камион утрово пропадна во дупка на асфалтот во Вождовац во Белград, а асфалтот пропаднал поради пукање на улична водоводна цевка, јавија белградските медиуми. Дефектот бил пријавен утрово околу 4.30 часот, а на терен се екипи на „Водовод“, пишува РТС. Возачот на камионот кој превезувал намирници за Геронтолошкиот центар останал неповреден, а […]

Дождот и снегот ги зголемија водостоите на реките, највисоко нивото во источните и јужните делови


Врнежите од дожд и снег кои паѓаат изминатите десетина дена, а особено во последните 48 часа, ги зголемија водостоите на водотеците и суводолиците во земјава. Најголеми покачувања на водостоите има во источните и јужните делови од државата, а излевања на реките се забележани во сливовите на реките Брегалница, Струмица и Крива Река. Управата за хидрометеоролошки […]

Љубовен хороскоп за 2022 година за Овен, Бик, Близнаци и Рак: Што ги очекува слободните и освоените срца?


Годишен љубовен хороскоп за 2022 година за Овен, Бик, Близнаци и Рак! ОВЕН Многумина Овни ќе започнат со реформи поврзани со сферата на љубовните врски во 2022 година. Можно е брзо да се обидете да ги промените работите кои не ве задоволуваат на ова поле од животот. Хороскопот во 2022 година ќе поттикне промени кои […]

Незаменливите токени се повеќе го привлекуваат вниманието на инвеститорите


Ако се прашувате што има заедничко аукциската куќа Кристи со платформата Твитер, одговорот е едноставен – и двете тргуваат со таканаречените незаменливи NFT токени, кои стануваат сè поважни ресурси на пазарот. NFT, или незаменливи токени, се средства што може да се купат или продаваат како и секој друг вид средства, но не можат да се […]

Нов голем пад: Турската лира изгуби седум отсто за само неколку минути


Турската лира денеска падна за цели седум отсто, па во еден момент беше на ново рекордно ниско ниво од близу 15 лири за долар. Причината е загриженоста на инвеститорите поврзана со ризикот од новата економска политика на претседателот Реџеп Таип Ердоган и очекуваното ново намалување на референтната каматна стапка во четврток. Со последниот остар пад, […]

Македонија седма во светот според Индексот за политиките за дроги


Северна Македонија е рангирана на седмо место во светот според Глобалниот индекс за политиките за дроги, во класификацијата со која се опфатените 30 земји. Земјава е на делба на седмото место со Грузија со ист број на индексни поени, а пред нив се Канада (6), Австралија (5), Велика Британија (4), Португалија (3), Нов Зеланд (2) […]

Концерт „100 Метрономи“ во Филхармонија


Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „100 метрономи“ кој ќе го води диригентот Габриел Бебешелеа, а како солист ќе настапи пијанистот Андреj Коробејников од Русија. На програмата се вториот став од Симфонијата бр. 101 „Часовник“ од Хајдн, Концертот за пијано и оркестар бр. 5 и Симфонијата бр.8 од Бетовен и Симфониска поема „100 метрономи“ од Лигети. Симфонијата бр.101, Јозеф Хајдн ја напишал околу 1793/94 […]

Недела на ЦЕФТА 2021


Скопје во следните четири дена е домаќин на Неделата на Централно европскиот договор за слободна трговија – ЦЕФТА 2021, на која, како што е најавено ќе присуствуваат високи функционери од ЦЕФТА страните, деловни претставници, дипломати и претставници на ЕУ и други меѓународни организации. Помеѓу говорниците на Неделата на ЦЕФТА „15 YEARS MAKING TRADE HAPPEN“, како […]

Раст на користењето на интернет и онлајн купувањето, мажите повеќе користат интернет од жените


Користењето на интернет и онлајн купувањето во земјава годинава бележи раст, а интернет банкарството се користело за 104 проценти повеќе за разлика од лани. Интернет пенетрацијата во првото тримесечје од годинава е зголемена на 83,7 проценти опфат на домаќинствата наспроти 79,9 отсто во истиот период минатата година. Годинава, во истиот период 86,4 проценти од Македонците […]

Само за женски очи: Австралиските пожарникари повторно жарат и палат


Австралиските пожарникари ја продолжија традицијата на фотографирање, која започна во 1993 година, а овој пат подготвија шест нови изданија на календарот за 2022 година. Парите од продажбата повторно ќе бидат донирани во хуманитарни цели за заштита на животните. И додека страниците на календарот ќе ги красат слатки мачки, кучиња, коњи и други домашни животни во […]

Трајанов: Големите партии го користат потенцијалот на малите, а по изборите ги маргинализираат


Големите партии прават концепт да го искористат потенцијалот на малите партии, а по изборите ги маргинализираат, вели пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз за „Утрински брифинг“. Тој смета дека големите партии треба да ги надминат меѓупартиските дискредитации оти тоа се одразува врз државата со поларизираност на населението. Трајанов нагласува дека проблем е што четирите големи […]

Црногорскиот Парламент ќе одлучува за судбината на Владата на Кривокапиќ


Парламентот на Црна Гора, како што претходно беше најавено, денеска треба да одлучува за иницијативата на парламентарната опозиција за недоверба на актуелната влада на премиерот Здравко Кривокапиќ. Демократскиот фронт во саботата одлучи да бара враќање на мандатот на Владата и распишување нови парламентарни избори. Иако опозициските партии тврдеа дека ќе имаат доволен број пратеници, дури […]

Цената на природниот гас е над 1.300 долари за илјада кубни метри


Цената на природниот гас утрово надмина 1.300 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на берзата ICE. Вредностите на јануарските фјучерси на центарот TTF во Холандија се искачија на 116.395 евра за мегават час. Претходната максимална вредност беше на 5 октомври – 116.529 евра за мегават час. Утрово тргувањето започна со 114.745 евра за мегават-час. […]

Комората и порачува на Берзата „да го послуша гласот на бизнисот“ и да ги одложи новите правила за котација


Дваесетина компании кои котираат на Македонската берза побараа Берзата да ја одложи примената на новите правила за котација. За ова извести Стопанската комора на Северна Македонија која во јавен допис ѝ порача на Берзата „да го послуша гласот на бизнисот“. Во името на компаниите членки на комората се бара новите правила да почнат да важат од […]

Пленковиќ во официјална посета на БиХ


БиХ – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска допатува во официјална посета на БиХ, при што ќе престојува во Сараево и во Мостар. Целта на неговата посета е да испрати порака за интегритетот на БиХ и потребата од дијалог и намалени тензии во соседната држава. „Пораката со која одиме во БиХ е знак и сигнал за пријателство, […]