Само за женски очи: Австралиските пожарникари повторно жарат и палат


Австралиските пожарникари ја продолжија традицијата на фотографирање, која започна во 1993 година, а овој пат подготвија шест нови изданија на календарот за 2022 година. Парите од продажбата повторно ќе бидат донирани во хуманитарни цели за заштита на животните.

И додека страниците на календарот ќе ги красат слатки мачки, кучиња, коњи и други домашни животни во друштво на пожарникари, за прв пат ќе го видиме летното издание на календарот во кое уживаат пожарникарите на плажа.

Лицето на календарот за 2022 година е пожарникар Рики Смит.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ricky Smith (@rickysmith7)

Како и секоја година, пожарникарите ќе ги предадат средствата од продажбата на календарот за 2022 година на познатото американско здружение „Greater Good Charities“ (задолжено за подобрување на здравствените услови за луѓето и домашните миленици).

Дел од парите од продажбата ќе бидат насочени кон центрите за згрижување на напуштени животни во Австралија, но и за зачувување на природните живеалишта на егзотичните животни од таа земја.

Откако почнале да собираат донации, но и да се фотографираат, здружението „Австралиски пожарникари календар“ собра над 3,2 милиони долари за добротворни цели.

Помогнаа на бројни болници, други здруженија за заштита на правата на децата, но и за закрепнување на државата по разорните пожари во почетокот на 2020 година.

Снимањето за следните изданија на календарот започнува во март секоја година и трае околу 6 месеци.

За можноста да се најдат на фотографијa од календарот, згодните пожарникари треба да се натпреваруваат меѓу себе, за на крајот можност да се најдат во календарот само среќните добитници.