Во САД бројот на починати од Ковид-19 достигна 800.000 лица


Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во СAД достигна 800.000, додека земјата се подготвува за потенцијален нов бран поради повеќе собири во затворени простории во текот на зимските месеци и високо заразниот сој Омикрон. Бројот на жртви од коронавирусот во САД сега го надминува целото население на Северна Дакота. И покрај достапноста на вакцината, оваа […]

Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки по смртоносни торнада


Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки, откако во петокот серија смртоносни торнада ја погодија сојузната држава, изјави претставник на администрацијата. Таквата одлука го отвора патот за дополнителна федерална помош. Донесување таква одлука вчера официјално побара гувернерот на Кентаки, Енди Бешер. Гувернерот оцени дека торнадата се најразорните во историјата на државата, […]

Претседателот на Јужноафриканската Република позитивен на Ковид-19


Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса е позитивен на коронавирусот и има благи симптоми, соопштија од неговиот кабинет. Тој се наоѓа во самоизолација во Кејптаун, а должностите во текот на неделата му ги додели на заменикот Дејвид Мабузи. Рамафоса (69) бил вакциниран со две дози вакцина против Ковид-19. Во соопштението не се наведува дали е заразен со […]

Продолжува пленарната расправа по Предлог-буџетот за 2022 година


Пратениците денеска во рамки на 54. седница ќе ја продолжат расправата по дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година во второ читање. Вкупните расходи во Предлог-буџетот се планирани на 272,4 милијарди денари или 35,2 проценти од БДП, а вкупните приходи се планираат на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП. Дефицитот е проектиран на […]

Деветта студентска конференција за Енергетска ефикасност и одржлив развој


Од денеска до 15 декември ќе се одржува деветтото издание на студентска конференција за Енергетска ефикасност и одржлив развој 2021 (СКЕЕОР), поддржана од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). На отворањето на конференцијата најавено е обраќање на ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски, деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски, заменик раководител на секторот […]

Променливо облачно и студено


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Во југозападните делови со сончеви периоди. Претпладне во источните делови, освен на повисоките планини снег ќе провејува и на некои пониски места. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе […]

Никос Андрулакис е новиот претседател на грчката партија Движење на промена – ПАСОК


Европратеникот Никос Андрулакис е новиот претседател на грчката централно левичарска партија Движење на промена -ПАСОК, откако убедливо победи во вчерашниот втор круг од изборите, со повеќе од двојно поголем број гласови во споредба со неговиот против кандидат Јоргос Папандреу, јави дописничката на МИА од Атина. Со пребројани 95,37 отсто од гласовите, Андрулакис доби 67,9 проценти […]

Ковачевски и Мицкоски избрани во ист ден. Дали ќе си честитаат меѓусебно?


Ова е единствен случај во македонската политичка историја двете најголеми партии да изберат свои лидери во ист ден. Но сцената за нивниот избор беше сосема поинаква – Христијан Мицкоски беше избран речиси едногласно да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ наредните четири години на конгрес на кој сите однапред го знаеја резултатот. Тој беше единствен кандидат. Владејачката СДСМ […]

Србија завеана, проблеми на патиштата и со струјата


Од утрово влажен снег вее низ цела Србија. Врнежите предизвикаа бројни проблеми, пред сѐ во сообраќајот, но и во електричната мрежа. Екипите на патиштата не можат да го отстранат снегот од улиците, па во некои делови на Белград сообраќајот беше пред колапс иако е недела. Закажа и јавен превоз – автобусите напорно се движеа по […]

Вечерва вее снег на сите повисоки планини


Вечерва снег врне на речиси сите повисоки места и планини во Македонија. Според видео камерите достапни во нашите туристички центри јасно се гледа дека вечерва снегот без престан паѓа на Попова Шапка, Маврово, Нижополе, Пониква како и Крушево. Метеоролозите снег најавуваат и за во наредните денови, а снег во текот на целиот ден врне и […]

Поради омикрон подигнат степенот на тревога во Британија, ќе се обрати Џонсон


  Здравствените власти во Велика Британија соопштија денеска дека го подигнуваат степенот на тревога поради брзото ширење на заразата со омикрон варијантата на корона вирусот. Степенот на тревога подигнат на второ највисоко ниво Степенот на тревога се крева од трето на четврто ниво, што е второ највисоко ниво и значи дека „преносот на вирусот е […]

Петков наместо Радев на самитот на ЕУ


Кирил Петков, кој се очекува утре да биде избран за нов бугарски премиер, ќе го замени претседателот Румен Радев како претставник на земјата на последиот за оваа година европски совет во Брисел в четврток  на 16 декември, објави „24 Часа“. Лидерот на „Продолжуваме со промените“ и најверојатно нов премиер на Бугарија од утре, сакал тој […]

Ковачевски е нов лидер на СДСМ, Ременски незадоволна од излезноста


Димитар Ковачевски е новиот лидер на СДСМ.На денешните внатрепартиски избори гласале вкупно 78,5 отсто од активните членови на партијата. Toj освои убедливо мнозинство , односно oд вкупно 44.406 членови што излегле на гласање, за Ковачевски заокружиле 37.649. За разлика од него, Фросина Ременски, која е поранешна потпретседателка на партијата, освои 2.836, а за Јован Деспотовски, актуелниот […]

Заврши гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ


Гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ заврши во 19:00 часот. На еден час пред затворањето на гласачките места, до 18:00 часот, на вонредните избори за претседател на СДСМ гласале 40.220 членови, односно 78,5 отсто од активно регистрираните. Од СДСМ соопштија дека гласањето течело мирно, демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини.   […]

Влошена состојбата со поплавите во Албанија, ангажирани полицијата и армијата


 Се влошува состојбата со поплавите во Албанија, каде илјадници хектари земјоделско земјиште се под вода, поплавени се куќи, евакурани цели семејства. Со цел справување со стуацијата вклучени се армиските и полциски сили, како и медицински екипи со возила за брза помош. Посебно критична е состојбата по течението на реката Вјоса која е излезена од своето […]

Забрана за тешки моторни возила на патните правци Крак Маврово – Жировница и Тетово – Попова Шапка


АМСМ соопшти дека се воведени забрани за движењето на тешки моторни возила на патните правци Крак Маврово – Жировница и Тетово – Попова Шапка, каде дополнително забраната важи за камиони и автобуси, а за останатите е задолжителна употребата на зимска опрема. Според АМСМ, поради одрон на патот прекинат е сообраќајот на патниот правец Македонски Брод […]

Г7 ја предупреди Русија со „масивни последици“ ако ја нападне Украина


Големите економски сили го поддржаа правото на Украина да ја „одреди својата иднина“   Русија ќе се соочи со „масивни последици и тешки трошоци“ доколку продолжи со натамошна воена агресија против Украина, предупредија во неделата министрите за надворешни работи од групата на демократски сили Г7. Земјите од Г7 се обединети во нивната „осуда на руското […]

Христијан Мицкоски речиси едногласно доби уште еден мандат


  Единствениот кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, попладнево беше акламативно избран за уште еден мандат на чело на партијата. На конгресот присуствуваа 493 делегати, гласале 492 од кои 489 за Мицкоски. Имало и три неважечки ливчиња. На конгресот под мотото „Нова генерација за нова иднина“, ВМРО-ДПМНЕ најави нова доктрина и кадровски освежувања. По […]

Работна група ќе наоѓа решенија за барањата на синдикатот, велат од Владата


Работна група ќе ги прибере сите потребни податоци со цел детална разработка на можните оперативни решенија за зацртаните социјални цели, најдоцна до 20 јануари 2022 година, се согласиле денеска Владата и синдикатите. До средбата дојде како резултат на протестот што го организираше денеска Сојузот на синдикати на Македонија на кој испратија барања до Собранието, компаниите, […]

Со доктрина, а не со програма, ВМРО-ДПМНЕ ќе се враќа на власт (галерија)


Со новата понуда ВМРО-ДПМНЕ, како што вели Александар Николоски, претставува и левичарски и десничарски и центристички постулати   Во очигледно многу оптимистичка атмосфера (па дури и во некој сегмент еуфорична) ВМРО-ДПМНЕ денеска го одржува конгресот на кој треба да биде реизбран досегашниот лидер Христијан Мицкоски, да му даде поддршка на сегашното раководство и да ги […]