Неколку скопски улици денеска без вода


Без вода денеска од 11:10 часот се корисниците на улиците „Девол“, „Жданец“ и „Козле“ во скопската населба Нерези. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради водоводниот уличен дефект од Ф 80 милиметри на уллица „Девол“ бр.18. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот. 

Македонија се уште не тестира за омикрон


Сојот омикрон галопира во европските земји, а Британија го пријави и првиот смртен случај на заразен со оваа варијанта од вирусот. Во Македонија засега нема детектирани случаи, зашто нема епидемиолошки причини за да се тестира токму овој сој. Но, Светската здравствена организација предупреди дека омикрон се шири со голема брзина и дека само вакцините не се […]

Народна банка: Инфлацијата до ноември е 3,1 отсто, растот на БДП е 4,6 отсто во првите три квартали


Основната каматна стапка и натаму изнесува 1,25 отсто, а на денешната аукција ќе се понуди непроменет износ од 10 милијарди денари благајнички записи. Со ова, се задржува приспособливиот карактер на монетарната политика на севкупните макроекономски и финансиски услови, што воедно придонесува за натамошна поддршка на кредитните текови во економијата. Ова беше заклучено на редовната седница […]

Добиле казна од 88.000 евра поради нелегално фрлање отпад на Вардариште


Инспекторатот за животна средина на Град Скопје во рамки на новите заложби на Град Скопје за зголемена контрола и инспекциски надзори со цел заштита на животната околина и здравјето на граѓаните, во процесот на засилени контроли за фрлање на отпад во Вардариште издаде прекршочен паричен налог и парична казна од 88 илјади евра.  Според извештајот […]

Пендаровски контра Петков: Шест месеци се премногу за решавање на спорот со Бугарија


За претседателот Стево Пендаровски е прифатлив предлогот на новоизбраниот бугарски премиер, Кирил Петков, историјата да не биде единствениот фокус на разговори, но смета дека најавениот период од шест месеци за надминување на спорот, е долг бидејќи, како што кажа, спорот можело да се реши побрзо. „Мене ми е прифатлив пристапот на новиот бугарски премиер кој […]

Одложено судењето за „Шпански скали“, следното рочиште во јануари


 Судењето за случајот „Шпански скали” се одложува за 18 јануари 2022 година поради повреда на првобвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска на почетокот на денешното рочиште, информираше дека одбраната на Јанакиески доставила оригинален документ од медицински преглед од 13.12.2021 година во „Аџибадем Систина”. – Со оглед дека станува […]

УСАИД промовира прекугранична економска соработка во Западен Балкан


УСАИД денеска одржа регионална конференција за зајакнување на прекуграничната соработка во регионот на Западен Балкан и на ЦЕФТА, во рамки на ЦЕФТА Неделата 2021 година, во партнерство со ЦЕФТА, Транспортната заедница, Групацијата на Светска банка и Министерството за економија на Северна Македонија. – Учесниците од земјите на Западен Балкан и ЦЕФТА разговараа за напорите за подобрување […]

Тајга доаѓа во Македонија на Фјужн фестивал


Повеќекратниот Греми номиниран и наградуван музичар TYGA (World Best Male Artist, World Best Live Act, World Best Song……) и поранешното момче на најмладата милијардерка Кајли Џенер, на 22 јуни 2022г. на стадионот АРМ, во склоп на својата светска турнеја, доаѓа во Македонија како Headliner на FUSION FESTIVAL, соопшти организаторот „Спектаклум“. Micheal Ray Nguyen – Stevenson […]

Невладеењето на правото може да ја „потопи“ ЕУ


Претседателот на Европскиот суд на правдата, Коен Ленаертс, не се сомнева дека бурата околу владеењето на правото во ЕУ може да го потопи проектот за обединета Европа.Брегзит, бомбастичната одлука на германскиот суд и демократското назадување во Полска и Унгарија го ставија ЕСП во центарот на невидена политичка борба која одбива да згасне. Во интервјуто за […]

Патот Балван – Таринци кај мостот на реката Брегалница затворен за сообраќај


Патниот правец с.Балван – с.Таринци кај мостот на реката Брегалница е затворен за секаков вид на сообраќај. Како што соопштија од АМСМ, патниот правец е затворен од 10 часот, поради безбедноста за учесниците во сообраќајот. 

Специјалната болница во Отешево од понеделник ќе продолжи со прием на пациенти


 Специјалната болница за превенција, лекување и рехабилитација – Отешево од понеделник, 20 декември, ќе почне со редовна работа, со термини за амбулантски пациенти, по една недела пауза, поради последиците предизвикани од невремето со снег што го зафати Преспанскиот регион. Поради лошите временски услови и прекинот со електрична енергија од саботата, болницата немала вода и основни […]

Од Мориконе до Симон Трпчевски- промоција на книга со музички интервјуа „Уште Музика, уште муабети“


Во клубот „Глуво Куче“ денеска ќе биде промовирана третата книга на новинарот Ненад Георгиевски „Уште Музика, уште муабети“ во издание на издавачката куќа Полица. Промотор на настанот ќе биде Милан Дамјаноски. Книгата се состои од 70 интервјуа кои се реализирани во период од 20 години. Таа се состои од разговори со реномирани музичари, фотографи, режисери, […]

Во САД од Ковид-19 починаа над 800.000 луѓе


САД– Повеќе од 800.000 Американци досега починаа од последици од Ковид-19, што е најголем национален број на смртни случаи во глобалната пандемија. Во САД бројот на потврдени случаи достигна 50 милиони, Најголем број смртни случаи се регистрирани помеѓу невакцинираните и повозрасните лица. Повеќе Американци починаа во 2021 отколку во 2020 година. Во САД повторно е […]

„Макпетрол“ – граѓаните да не учествуваат во лажната наградна игра на „Фејсбук“


На социјалната мрежа „Фејсбук“ неодамна се појави наградна игра преку корисничкиот профил „Макпетрол Македонија“. Компанијата нагласува дека и наградната игра и споменатата интернет-страница се лажни и немаат никаква допирна точка со „Макпетрол“. Како дел од наведената игра, невистинито се наведува дека се доделуваат ваучери од 6.000 денари за гориво, за тие што ќе ја заследат […]

Папата Франциск и Ибрахимовиќ разменија книги


Ватикан– „Папата го виде Бог“, гласи еден од илјадниците коментари на фотографијата која напаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, Златан Ибрахимовиќ, ја објави на личниот Инстаграм профил со која ја илустрираше својата посета на Ватикан и приемот кај поглаварот на Римокатоличката црква Франциск. Шведскиот фудбалер со босанско потекло на папата Франциск му подари потпишан дрес на Милан како и авторска книга […]

Претседателот Пендаровски пристигна во официјална посета на Косово


Косово – Шефот на државата Стево Пендаровски утрово пристигна во Приштина во официјална посета на Косово, каде беше пречекан со највисоки државни и воени почести од неговата косовска колешка Вјоса Османи-Садриу. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Приштина, по официјалниот пречек, Пендаровски и Османи-Садриу одржаа тет-а-тет средба, по што се одржа пленарен состанок на […]

Од денеска нови мерки на Кипар


Кипар– Задолжителен рапид тест за сите што пристигнуваат на Кипар, со исклучок на оние кои примиле трета доза; присуство на свадби, крштенки и други прослави само за вакцинирани; задолжително тестирање за да продолжи да им важи сертификатот на вакцинираните пред седум месеци; промени во протоколите за контакти со позитивен случај, се дел од мерките што […]

Вкупно се аплицирани 1.736.243 дози вакцини, а ревакцинирани се 48 отсто од полнолетните граѓани во државата


Заклучно со 14 декември, вкупно се вакцинирани 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Вкупно аплицирани се 1.736.243 дози вакцини, соопштија од Министерството за здравство. Од МЗ информираа дека опфатот со вакцинација со две дози на полнолетната популација е 48 проценти, а 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се […]

Османи: Бугарија има право на вето, но шест месеци е предолг период


Бугарија има право на вето, но шест месеци е предолг период во контекстот во кој се наоѓа регионот, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, коментирајќи го ставот на новиот бугарски премиер Кирил Петков. Тој посочува дека одлуките за проширување на ЕУ се носат со консензус меѓу членките, како и дека нашата позиција е принципиелна […]

Мате Римац зборува за тешкото детство: Многу ме злоставуваа, но не кажував


Хрватскиот иноватор Мате Римац, во документарецот „Несопирливи“ („The Unstoppables”“ на американската ТВ куќа Ци-ен-би-си, се присети на детството и почетоците како претприемач. Еден од најуспешните иноватори и претприемачи во Хрватска, 33-годишниот Мате Римац, е ѕвезда на новиот документарен филм “The Unstoppables”, кој го раскажува животот на несопирливиот светси претприемач. Во ди=окументарецот тој ја вози новинарката […]