Неколку скопски улици денеска без вода


Без вода денеска од 11:10 часот се корисниците на улиците „Девол“, „Жданец“ и „Козле“ во скопската населба Нерези.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, прекинот е поради водоводниот уличен дефект од Ф 80 милиметри на уллица „Девол“ бр.18.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.