Мате Римац зборува за тешкото детство: Многу ме злоставуваа, но не кажував


Хрватскиот иноватор Мате Римац, во документарецот „Несопирливи“ („The Unstoppables”“ на американската ТВ куќа Ци-ен-би-си, се присети на детството и почетоците како претприемач.

Еден од најуспешните иноватори и претприемачи во Хрватска, 33-годишниот Мате Римац, е ѕвезда на новиот документарен филм “The Unstoppables”, кој го раскажува животот на несопирливиот светси претприемач.

Во ди=окументарецот тој ја вози новинарката Ники Шилдс, во својот автомобил „Невера“, а межу другото разговараа и за неговото детство. Снимката може да ја погледнете тука.

„Се сеќавам дека дојдов во Германија и одеднаш насекаде имаше автомобили. Бев како сунѓер, впивав се што можев да дознаам за автомобилите“, се присети Римац, па проговори и за тешките моменти од школувањето.

„Многу ме злоставуваа, но не кажував на никој за тоа, затоа што мислев дека ќе биде уште полошо“, раскажува Римац, мислејќи на врсничкото насилство.

„Не бев одличен ученик, но на мојот професор му се допадна тоа што го работев во тие предмети каде нешто изработувавме. Ми даде самодоверба и многу искуство. Мислам дека без него немаше денес да постои компанијата“, а потоа новинарката се состана и со професорот Иван Ваиниќ.

„На почетокот немаше многу самодоверба, но беше иновативен: Му реков – не си доволно добар, најдобар си“, се присети Влаиниќ.

Покрај Римац, во “The Unstoppables” гостуваа и корејскиот претприемач и основач на биофармацевтската компанија „Celltrion Group“ Сео Јун-џин и Карла Вокер-Милер, која ја основа енергетската комапнија Walker-Miller Energy Services.