Одложено судењето за „Шпански скали“, следното рочиште во јануари


Фото: Б. Грданоски

 Судењето за случајот „Шпански скали” се одложува за 18 јануари 2022 година поради повреда на првобвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска на почетокот на денешното рочиште, информираше дека одбраната на Јанакиески доставила оригинален документ од медицински преглед од 13.12.2021 година во „Аџибадем Систина”.

– Со оглед дека станува збор за фрактура на колено и се препорачува строго мирување на обвинетиот, денешното рочиште се одложува, изјави судијката Јанчулева Михаиловска.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.