Потврдени првите пет случаи на омикрон во Црна Гора


Црна Гора– Црногорските епидемиолози денеска ги потврдија првите пет случаи на инфекцијата со новиот сој омикрон на коронавирусот во земјата. Црна Гора на тој начин се приклучи на списокот земји во кои е регистрирана оваа многу заразна варијанта, соопшти Црногорскиот институт за јавно здравје, додавајќи дека сите лица со потврден омикрон се во добра општа здравствена […]

Речиси 90.000 новозаразени со коронавирусот во Велика Британија


Англија– Во Велика Британија денеска, втор ден по ред, е регистриран рекорден број на новозаразени со коронавирусот. На островот денеска има нови 88.376 случаи на коронавирус, речиси 10.000 повеќе од вчерашната бројка кога имаше 88.376 новозаразени. Во Велика Британија досега се регистрирани вкупно 11.708 случаи на Омикрон, а експертите предупредуваат дека бројката веројатно ќе биде многу поголема […]

Данска достигна нов рекорд – 10.000 нови случаи на коронавирус во еден ден


Данска – Во Данска денеска се регистририрани речиси 10.000 нови случаи на коронавирус, што е нов дневен рекорд од почетокот на пандемијата, јави ДПА. -Сојот омикрон е пронајден во околу 3.000 од овие регистрирани случаи, изјави вечерва на прес конференција Хенрих Улум, директорот на телото за контрола и превенција на болестите- Државен институт за серум. Од […]

„Шанел“ и МоМА ја чествуваа Пенелопе Круз


САД– Оскаровката и амбасадорка на Шанел, Пенелопе Круз, соодветно облечена во неверојатен црвен фустан од висока мода до подот од француската луксузна куќа, изгледаше подготвена да го прослави 14-от  Film Benefit на Музејот на модерна уметност во Њујорк со што се оддаде чест на Круз и нејзините професионални достигнувања. Врската помеѓу Шанел и Круз е […]

ЕЦБ ги намалува кризните стимулации за економијата, но продолжува да ги поддржува


Европската централна банка (ЕЦБ) денеска соопшти дека до март 2022 година ќе заврши со кризните стимулации за економијата во еврозоната, а потоа ќе ги засили стандардните мерки за поддршка поради неизвесноста што ги создаваат новите соеви на коронавирусот. Во првиот квартал на 2022 година, ЕЦБ дополнително ќе го намали купувањето обврзници во рамките на програмата […]

Законски или не – како почна смената на директори во битолските училишта


  БИТОЛА – Почна смената на директорите во битолските училишта, но во исто време се отвори дилемата – дали директорите поставени од претходната локална власт на СДСМ се менуваат законски или пак новиот градоначалник Тони Коњановски ги пречекорува своите ингеренции. Всушност по смената на локална власт во Битола расте тензијата во битолското образование. Директорите поставени […]

Во Скопје приведен Горан Стојков, поранешниот командант на „Лавови“


Поранешниот командант на расформираната полициска единица „Лавови“ , Горан Стојков, попладнево е уапсен во Скопје. Тој беше баран со потерница за издржување казна затвор од една година. „На 16.12.2021 во 16:15 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на бензинска пумпа на бул.”Србија” во Скопје го лишија од слобода Г.С. (51), роден во Струмица, а […]

Донесен Буџетот за 2022, со 63 гласа „за“ и 36 „против“


Собранието вечерва по петдневна расправа со 63 гласа „за“, 36 „против“ и ниту еден „воздржан“ го донесе Буџетот за следната година. Вкупните приходи се планирани на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП, а расходите се проектирани на ниво од 272,4 милијарди денари што е за 1,4 проценти повеќе од годинава. Дефицитот […]

Во Грција потврдени вкупно 17 случаи на омикрон


 Во Грција се потврдени 14 нови случаи на варијантата Омикрон, со што вкупниот број се зголеми на 17 случаи, а најголемиот дел се неколку области на островот Крит, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатите 24-часа, во земјата беа регистрирани 4.696 новозаразени, починаа 96 лица, […]

Во Грција освен со ПЦР ќе може да се влезе и со рапид тест


Освен со ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето, во Грција, од недела ќе може да се влезе и со негативен рапид тест направен 24 часа пред пристигнувањето, објасни алтернативната министерка за здравство на Грција, Мина Гага на денешната редовна прес-конференција за текот на пандемијата во земјата, додавајќи дека мерката важи за сите над пет […]

Арсовска им вети на пожарникарите соодветно бодување за плата


Пожарникарите од Скопје ќе добивата плата според бодувањето од Колективниот договор, а не од правилникот, беше договорено на денешната средба со градоначалничката Данела Арсовска. – Договорено дека се прифаќа барањето бодувањето наместо од правилникот за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што ќе бидат заштитени законските права […]

Премиера на нашиот кандидат за Оскар „Сестри“ – од утре редовно во „Милениум“


Македонскиот кандидат за Оскар за 2022 година, филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума вечерва, 16 декември во киното „Милениум“ ќе ја има својата скопска премиера. Заради ковид протоколите, премиерата ќе се одржи во два термина од 19 и 21 часот, а скопската публика филмот ќе може да го погледне веќе од 17 декември во […]

Сè поголем број клубови се залагаат за прекин на Премиер Лигата


 Сè поголем број клубови се залагаат за прекин на Премиер лигата до нова година во обид да се справат со растечката криза со коронавирусот, изјавија извори за ЕСПН. Тоа би значело одложување на четири кола од натпреварите во лигата, почнувајќи од овој викенд и продолжувајќи до викендот од 1-2 јануари. Според предлогот, натпреварите во Премиер […]

Кралицата Елизабета од претпазливост го откажа предбожиќниот ручек


Англија – Кралицата Елизабета Втора го откажа предбожиќниот ручек со своето семејство поради претпазливост бидејќи расте бројот на заразени со коронавирус во Велика Британија, откри извор од Бакингемската палата. – Одлуката е мерка на претпазливост бидејќи се верува дека премногу луѓе ќе бидат загрозени доколку се остварат божиќните планови. Иако постои жалење поради откажувањето, сепак, владее […]

ФФМ доби 1.300 влезници за мундијалскиот бараж во Палермо


Македонската фудбалска репрезентација ќе има поддршка од 1.300 свои навивачи на трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, на кој на 24 март против домаќинот Италија ќе го одигра полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), соопшти денеска дека за македонските навивачи се предвидени пет проценти од вкупниот […]

НУЦК „Антон Панов“-Струмица останува со в.д. директор


Министерството за култура денеска соопшти дека во НУЦК „Антон Панов“ не е избран директор и при повторната постапка и покрај тоа што поранешниот директор Васил Бубев единствен од пријавените кандидати ги исполнил условите, но, заради тоа што прекршил законски одредби додека бил директор и тој не е избран. -Имајќи го предвид фактот дека кандидатките Јасмина […]

ЕП бара нов пакет санкции против Русија како одговор на трупањето војска на границата со Украина


 Европратениците денеска повикаа на нов пакет санкции против Русија како одговор на трупањето руски војници долж границата со Украина. Во резолуцијата усвоена со 548 гласа „за“, 69 против и 54 воздржани, европратениците повикаа на „строги економски и финансиски санкции“ кон Русија како одговор на нејзините закани кон Украина. Украина, Европската унија и САД со недели […]

Во Полска регистриран прв случај на Омикрон кај патничка од Африка


Полските власти денеска соопштија дека првиот случај на инфекција со варијантата Омикрон е откриен кај патничка од Лесото. Министерството за здравство на Полска соопшти дека заразената 30-годишна жена се чувствува добро и е во изолација. Таа пристигнала во Полска минатата недела како учесник на Дигиталниот самит на ОН во Катовице на југот на земјата и тестирана е позитивна на […]

Драган Тилев: Измените во заклучоците на ЕУ се во наша штета


  Државниот советник за европски прашања во СЕП, Драган Тилев, вели дека во последните заклучоци на ЕУ за проширувањето има и добри и лоши вести. Добрите се во тоа што ЕУ конечно се консолидираше и успеа да постигне едногласност за проширувањето кон Западен Балкан, а лошите што Бугарија успеа дел од своите билатерални барања да […]

Регистрирани нови 298 случаи со Ковид-19, починати се вкупно 10 лица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.831 тестирања, а регистрирани се 298 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 145, Кавадарци – 23, Прилеп – 17, Битола – 14, Кичево – 13, Штип, Охрид и Струмица – по 9, Куманово и Ресен – по […]