Арсовска им вети на пожарникарите соодветно бодување за плата


Пожарникарите од Скопје ќе добивата плата според бодувањето од Колективниот договор, а не од правилникот, беше договорено на денешната средба со градоначалничката Данела Арсовска.

– Договорено дека се прифаќа барањето бодувањето наместо од правилникот за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што ќе бидат заштитени законските права на пожарникарите. Со новиот колективен договор ќе се прошират правата на вработените во градската администрација каде се вклучени и пожарникарите – соопштија од Градот.

Пожарникарите на средбата ги истакнаа нивните барања да бидат осигурени, да бидат заштитени нивните работнички права, исплаќање на К-15, признавање на ноќна работа и соодветна исплата на дополнителни работни часови, за што побараа итно решавање од страна на Градот.