„Сраснато дете“ – нова стихозбирка на Игор Поп Трајков


Во Домот на култура Кочо Рацин вечер со почеток во 20 часот ќе биде промовирана новата стихозбирка „Сраснато дете“ на Игор Поп Трајков.   Промоцијата ќе биде проследена со читање на стиховите од „Сраснато дете“ од страна на авторот на визуелно предизвикувачки локации.   За стихозбирката, рецензентката проф. др. Лорета Георгиевска-Јаковлева истакнува дека е внимателно дозирана со значења, естетски […]

Петков заминува во прва работна посета на Брисел 


Новиот бугарски премиер Кирил Петков, придружуван од вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев, и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, ќе престојува во Брисел. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова ќе биде прва работна посета на новиот бугарски премиер на странство. Тој во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската […]

Слободното движење во ЕУ повторно загрозено поради сојот омикрон


Повеќе земји членки на ЕУ се на ставот дека се потребни дополнителни рестрикции за патување поради новиот сој на Ковид-19, со што се загрозува релевантноста на европскиот санитарен пас, јавува дописничката на МИА од Брисел. Самитот кој се одржува овие два дена во Брисел се фокусира на големите предизвици пред кои е исправена ЕУ и […]

Отворен Саем за туризам во Скопје


Во просториите на Ист Гејт Мол во Скопје денеска е отворен Саем на туризам, каде ќе се презентираат дваесет хотелиери од Турција.   Како што е најавено, посетителите на саемот ќе имаат можност да го резервираат својот летен одмор и туристичко патување по специјални попусти кои ќе бидат достапни директно на саемот, така што за […]

Променливо облачно време со умерен до засилен ветер од северен правец, попладне повремен локален снег


Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има повремен локален снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до […]

„ЕУ со ТЕБЕ“ во Југозападниот плански регион


Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија и заменик амбасадорот Џулијан Васало денеска ќе го посетат Југозападниот плански регион. – Прва станица ќе биде општина Кичево, со посета на градоначалникот Фатмир Дехари и министерот за здравство Венко Филипче на Општата болница, каде што е обезбеден скенер за компјутерска томографија (КТ) од Европската Унија. Следна станица ќе биде […]

Заев, Ахмети и Ковачевски порачаа дека Владата е стабилна, следните избори ќе бидат редовни


Целта да се обезбедат стабилна Влада и стабилно парламентарно мнозинство кои дејствуваат исклучиво во интерес на граѓаните и на државните интереси е исполнета, порачаа по вчерашната работна средба во Владата премиерот Зоран Заев, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски и претседателот на ДУИ Али Ахмети. Следните парламентарни избори, како што информираа од владината прес-служба, се очекува […]

Во очекување на новата цена на струјата, власта уверува дека ќе покапи најмногу 10 отсто


Власта уверува дека цената на електричната енергија по Нова Година нема да се поскапи повеќе од 10 проценти, иако некои од медиумите објавија дека новата цена на струјата ќе биде повисока за 38 проценти. Економските министри уверуваат и дека ќе се обезбеди доволно количина на електрична енергија за нормално функционирање на домаќинствата. Министерот за економија […]

Како го освоивме Ама Даблам – Ирина и Лазо за искачувањето на еден од најтешките хималајски врвови (6.812)


Македонската експедиција која го искачи Ама Даблам ја одржа официјалната презентација за ова несекојдневно достигнување, во Кино Милениум во Скопје. Во услови на ковид-протоколи и редуциран број на места, кино салата беше исполнета до последното седиште, а се бараше и билет повеќе. Ирина Дишовска и Лазо Миновски имаа двочасовно излагање кое ги остави присутните без […]

Канадски експерти бараат итна акција поради омикрон


Варијантата омикрон брзо се шири во Онтарио, најнаселената провинција во Канада, а здравствените експерти предупредуваат дека без итни мерки, единиците за интензивна нега може да останат без слободни кревети на почетокот на следниот месец. Советодавната комисија за Ковид-19, која ја сочинуваат канадски здравствени експерти, објави модели според кои зголемената вакцинација нема да биде доволна за […]

Фудбалските менаџери годинава заработиле 444 милиони евра


Фудбалските менаџери во 2021 година инкасирале 444.6 милиони евра на трансфери на фудбалери, што е повеќе во споредба со лани и покрај падот на потрошувачката на трансфери, објави ФИФА во својот најнов извештај. Во однос на минатата година, заработката на фудбалските агенти и советници е зголемена за 0.7 отсто. Најголем приход на сметка на своите клиенти оствариле фудбалските менаџери во Англија (118.3 милиони евра), […]

Уште два лека за Ковид-19 добија зелено светло од ЕМА


Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри уште два лека за лекување на Ковид-19. „Ксевуди (Xevudy) и Кинерет (Kineret) се препорачуваат за употреба“, соопшти ЕМА. Комисијата на ЕУ допрва треба да даде конечно одобрение, но тоа се смета за формалност. Ова ќе го зголеми бројот на лекови одобрени за употреба во ЕУ за лекување на пациенти […]

Заев и Ахмети се договориле следните избори да бидат во 2024 година


  Заврши средбата меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети во Владата. По средбата двата лидери не дадоа изјави.   Покрај Заев и Ахмети, на средбата присутни биле и новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, вицепремиерот Љупчо Николовски, поранешниот организациски секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, како и првиот вицепремиер […]

Пендаровски: Небулоза е дека сум против „Отворен Балкан“


Премиерот Зоран Заев е зафатен со примопредавањето на кормилото во партијата и владата и претпоставувам дека не ги следи целокупните политички изјави до крај и дека нема време. Последниот пасус во неговата изјава не е типичен и сметам дека некој од неговите пи-ар стратези и советници му сугерирале таква небулоза во соопштението дека претседателот работи […]

Радев ја повика Македонија да го смени уставот


Бугарскиот претседател Румен Радев официјално ја повика Македонија да ги вклучи Бугарите во својот устав и тие да имаат гаранции во основниот закон на Македонија и во „институционалната архитектура“ на земјата пред „да ја отвори вратата“ за преговори. Радев ова го изјави во интервју за бриселското издание EurActiv, емитувано на првиот ден од Европскиот совет. […]

Пендаровски: Џамбаски „продава“ фашизам во ново руво


Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Телма беше  категоричен дека новиот бугарски премиер Кирил Петков носи нови тонови во спорот. -Ако веќе доаѓа човек кој вели нема да зборуваме за етничката припадност на цар Самуил, туку и за други работи кои ги тангираат граѓаните, тоа е веќе многу помодерен пристап. Ова е веќе подобро отколку […]

Исчезнат маж од Скопје, пронајден мртов


Вчера во 21:45 часот во СВР Скопје, А.Т. пријавил дека позади неговата куќа во нас.„Илинден“, скопско, го пронашол починат неговиот татко Д.Т.(63), за кој претходно пријавил дека се оддалечил од домот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а телото е дадено за обдукција.

Шведски суд му одреди притвор на Британец по сударот на бродови во Балтичко Море


 Шведски суд денеска пресуди британскиот член на екипажот на бродот „Скот Кариер“ да остане во притвор, по судирот на двата брода во Балтичкото Море, во кој загина еден морнар од дански риморкер, а уште еден се води за исчезнат, јави агенцијата „TT“. Приведениот морнар е осомничен дека ја предизвикал смрт со своето крајно невнимание, пијанство […]

Град Скопје се правда за стопирањето на автобуското метро


 Град Скопје информира дека меѓународниот тендер за изградба на БРТ е стопиран поради бројни недостатоци и ризици врз животната средина. -Како што веќе е познато, постапката е стопирана и поради тоа не се пристигнати понуди. БРТ е проект кој според анализите изготвени минатата година за потребите на Град Скопје укажува на бројни недостатоци и ризици […]

Мицкоски го убедува Ахмети да има предвремени избори


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека разговарале за две теми, за спорот со Бугарија, но и за предвремените парламентарни избори. – На средбата со Али Ахмети генерално разговаравме на две теми, еден час траеше средбата. Првата тема беше спорот со нашиот источен сосед каде ги […]