Кралицата Елизабета од претпазливост го откажа предбожиќниот ручек


Англија – Кралицата Елизабета Втора го откажа предбожиќниот ручек со своето семејство поради претпазливост бидејќи расте бројот на заразени со коронавирус во Велика Британија, откри извор од Бакингемската палата.

– Одлуката е мерка на претпазливост бидејќи се верува дека премногу луѓе ќе бидат загрозени доколку се остварат божиќните планови. Иако постои жалење поради откажувањето, сепак, владее убедување дека тоа е вистинската одлука за сите, рекол изворот, пренесува Хина.

Шефот на англискиот институт за јавно здравје Крис Вити ги повика луѓето да избегнуваат собири кои не се неопходни во пресрет на Божиќ, откако вчера Велика Британија регистрираше рекорден број на новозаразени од почетокот на пандемијата.

Кралицата (95) го помина најголемиот дел од пандемијата на Ковид-19 во замокот Виндзор западно од Лондон. Нејзиниот сопруг, принцот Филип, почина во април оваа година, откако поминаа повеќе од седум децении во брак.