Од вчера почна украсувањето на градот Скопје за Новогодишните празници


Од Град Скопје информираат дека централното градско подрачје, плоштадот „Македонија“, улицата „Димитрија Чуповски“ и булеварот „Илинден“ од вчера забрзано се украсуваат со новогодишни украси во пресрет на новогодишните празнувања. Оттаму посочуваат дека денеска се поставува и новогодишната елка што за новогодишните празници ќе го украси плоштадот „Македонија“. – Новогодишното украсување на градот во согласност со […]

У21: Македонските фудбалери го совладаа Косово


Македонската фудбалска репрезентација до 21 година триумфираше попладнево во Скопје во првиот од двата пријателски натпревари против Косово со 1:0. Стрелец на победничкиот сол за „црвено – жолтите“ беше Луан Абази. Вториот контролен натпревар двете селекции ќе го одиграат утре повторно на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Селекторот Драган Канатларовски за двомечот со косовската репрезентација повика 25 фудбалери […]

ЕУ постигна договор со Модерна за забрзување на испораката на вакцини


Европската комисија денеска соопшти дека склучила договор со американската фармацевтска компанија Модерна за забрзување на испораката на нејзината вакцина против Ковид во обид побрзо да го запре ширењето на омикрон варијантата. Голем број земји-членки на Европската унија, особено Германија, се соочуваат со краткорочна потреба поради брзото ширење на високо заразниот сој, објави Гардијан. Модерна се […]

Екологистите бараат од општините во Струмичко решавање на проблемите


 Расчистување на дивите депонии, регулирањето на отпадот и регулација на природните водотеци се најголемите предизвици за четирите општини од струмичкиот регион од кои екологистите бараат решенија за овие проблеми. Тоа беше истакнато на настанот кој го организираше Еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица, на кој покрај градоначалниците на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село, присуствуваше […]

ЕБА: Домашната законска легислатива сѐ уште не целосно усогласена со кластерите 2 и 3 од Извештајот на ЕК


Економските аспекти на објавениот извештај за Северна Македонија од страна на Европската комисија со посебен осврт на конкурентноста и развојот на пазарот денеска беа анализирани и презентирани од Европската бизнис асоцијација (ЕБА). Фокусот на денешната анализа, а со тоа воедно и најава за фокусот во работењето на ЕБА во наредниот период беа кластерите 2 и […]

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена


 Втората епидемија на болеста ебола оваа година во Демократска Република Конго и официјално е прогласена за завршена, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), пренесе ДПА. Источната провинција Северен Киву, каде што на 8 октомври беше пријавен првиот случај, беше зафатена од епидемијата, а во овој период вкупно 11 лица се разболеа од ебола, додека уште три […]

Во погоните на „Брако“ произведено ново иновативно возило од брендот „Green Machines“


Произведено комплетно во погоните на „Брако“ во Велес од инженерските тимови на компанијата, неделава пред светот беше презентирано најновото возило од брендот „Green Machines“. Новиот GM400ze е целосно електрично возило со револуционерни функционалности кои што дополнително придонесуваат кон остварување на еколошката агенда на брендот и компанијата. „Деновиве, серијата 400, се збогати со ново, целосно електрично […]

Со трансплантација на органи од починат донатор се спасуваат човечки животи


Со добра организација и соработка меѓу медицинските експерти и тимови од јавното и приватното здравство, македонскиот здравствен систем покажа дека и во услови на пандемија е подготвен за успешно извршување трансплантации на органи од починат донатор, кои во секој поглед претставуваат врв на медицинската наука и практика. Од особена важност во наредниот период е да […]

Завршен експресниот пат Штип-Радовиш, втората фаза од Три чешми до Штип пуштена за сообраќај под времен режим


Заврши изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски попладнево изврши увид, со што и последниот дел од делницата од Три Чешми до клучката за Румица е изграден. -Драго ми е што пред четири месеци пред рокот ја завршивме изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш. Ова е пример како се работи на […]

Заев во понеделник на „Отворен Балкан“ во Тирана


Албанските медиуми најавуваат дека македонскиот премиер во оставка Зоран Заев во понеделник ќе оди во Тирана на нов состанок на регионалната инцијатива Отворен Балкан. Најавени се средби со премиерот на Албаниј, Еди Рама, и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.Тројцата ќе потпишат договор за заеднички работни дозволи односно еднаш добиена дозвола ќе важи во сите […]

Мицкоски бара од Заев да „не коленичи пред Софија“


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оцени дека актуелната Влада ериозно го загрозува евроинтегративниот процес на Македонија со авантуристичка политика во дипломатијата, повикувајќи го премиерот Зоран ЗАев да не попушта, т.е. да не коленичи пред Софија. „Народот ова не го заслужува, туку заслужува да се отпочнат преговори со ЕУ, бидејќи само тоа е начинот да […]

Спасовски: На државата во овој момент не ѝ се потребни предвремени парламентарни избори


На државата во овој момент не и се потребни предвремени парламентарни избори заради тоа што граѓаните веќе се изморени од избори, речиси секоја година, а очекуваат многу повеќе да се сработи на економски план. Ова е ставот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како одговор на новинарско прашање за барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори откако земјава не доби датум за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ. – Очекувам дека треба да се насочиме генерално кон граѓаните и потребите на […]

ОБСЕ донира опрема за Единицата за службени кучиња при МВР


Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која денеска во Министерството за внатрешни работи му предаде донација од возила на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. -Опремата е наменета за Единицата за службени кучиња при МВР. Донацијата е дел од заеднички проект на ОБСЕ и МВР, насловен „Обезбедување поддршка на националните власти на […]

Заев изненаден од изјавата на Пендаровски за „Отворен Балкан“


Премиерот во оставка Зоран Заев, во изјава за ТВ21 вели дека е изненаден од претседателот Стево Пендаровски кој вчера од Косово рече дека иницијативата „Отворен Балкан“ е фалична. „Неразбирливо е зошто некој би бил против пријателство со соседите, против зближување на младите и народите од Западен Балкан и против полесна и побрза економска размена меѓу […]

Коп: Неопходно е да бидете членка на ЕУ, не само на НАТО


Јас не сум тука за вас, туку за интересите на мојата држава. Интересот на мојата земја е стабилност и просперитет на Балканот и зато неопходно е да сте не само членка на НАТО, туку и да бидете членка на ЕУ. Ова е наша цел со години и понатаму останува да биде наша цел, смета амбасадорот […]

Сите села во Кичевско добија струја, тешко проодни патиштата до осум села во општината


По петдневна интензивна работа на терен на екипи на ЕВН и компанијата задолжена за одржување на електромрежата „Инсталација“ од Кичево, сите осумдесет селски населби во општина Кичево добија електрично напојување, а последен е отстранет дефектот во село Малкоец. -Конечно на целата територија на нашата општина отстранети се дефектите во електромрежата и струја добија сите селски населби, со […]

Ќе има нови возила за оперативно работење на полицијата, а не да се возат министри, заменици, директори…


Ова е прва година во која бараме поголеми финансиски средства предвидени во Буџетот за набавка на возила и на мебел, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на реакцијата од страна на опозицијата за набавка на нови возила и на мебел за потребите на МВР. Последната голема набавка, […]

Столтенберг: Русија се однесува агресорски кон Украина


НАТО верува дека Русија се однесува како агресор кон Украина и тоа мора да се промени, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата во Брисел, по средбата со претседателот на Украина Володимир Зеленски. -Гледаме значителна акумулација на воени сили околу Украина, тенкови и многу опрема. Тоа е неоправдано и ја поткопува безбедноста […]

Битиќи: Соработката ќе го позиционира регионот како атрактивна дестинација за нови иновативни инвестиции


Иновациите отвораат нови врати, пришто се отвораат големи можности кои привлекуваат нови инвеститори, се креираат нови работни места и се генерираат дополнителни приходи за националните економии, но и за целиот регион на Западен Балкан, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, на отворањето на првиот регионален „Иновациски бизнис форум Пеперутка“ (Butterfly Innovation and Business Forum), […]

Новото раководство на СДСМ ќе се избере идната недела


Централен одбор на кој новиот претседател на СДСМ Димитар Ковачевски планира да го избере новото раководство на партијата се очекува да се одржи кон крајот на следната недела. Ковачевски, според информациите на ТВ 24 се среќава со функционерите во раководството што се во оставка. Интересно е што иако нема партиска функција на агендата на  Ковачевски […]